Цел вечер имам болки во половината, јаки болки, во препоните и стврднувања на стомакот, а бебето не го чувствувам, до пред неколку сата клоцаше. Кога легам ме болат и јајниците, кога седам не. Вчера бев на преглед, отворена сум, водењакот уште не е пукнат и ме чекаат секој момент. 39та недела сум. Дали да одам сабајле пак до болница?
Јас го имам тоа чувство веќе 2 недели, чувство на сувост во грлото да, гребење не. Тоа трае во текот на целиот ден, од сабајле помалку жегање, тешкотии во желудникот и киселини, тогаш бебето е пониско малку, во текот на денот се качува и станува доста тешко, станувам во текот на ноќта поради вакви киселини и болки во желудникот, доста е исцрпувачки, но тука некаде е крајот.Донекаде помага газирана вода и чаеви, инаку 35 недела сум.
Oh, vistina neznam kako da ti pomognam. Jas fala bogu ne povrakam. Mi se gadi, kaslam od kiselinive koga gi imam, mi se podiga, ama ne povrakam.
Дежурав цела вечер, ај што имав повик на природата (тоалетот) па и големиот ми е настинат и бев на релација детска дневна цела вечер, дали има 3 саата споено сон. Ме убија нервози. И сега што, на нервна база ќе треба да одам да се лечам со шопинг денес, денов створен за шопинг е, црн петок, сонце, топло... И нервоза една друга, се истуширав синоќа и си легнав, сабајле си смрдам страшно, ама многу ми беше сува кожата и шлапнав од уљето на Балеа за стрии и ете сеа, смрдам корнам.
Moze slika od toa ulje za strii i kolku go kupuvas. Jas zemav od eucerin, sakav od mustela ama nemase.
Девојки, се осекам настината. И се плашам дека ке ме држи....дали ке прави проблем со царскиот ако недај боже сега ме фати некоја настинка или грип?
За беља почнав да кашлам, вчера и некоја безвеза 37.7-37.8. Далеку од страшна или за пиење парацетамол, ама одма мигрена ме фаќа и како некој сто стапа да ми удрил.А ги чувствував непцата вивнати, ми гореше цела уста, беа како воспалени. Денес конечно на гинеколог. 31ва беше третиот скрининг, ме прегледа поасално. На наредниот преглед, 35, само со спекулум и рака и колку да види дали главчето е доле. Од сега ваљда на секоја недела ќе одам, сум заборавила како беше. Имунитетот на сите ни е крш на крајов изгледа
@danichap исто пишав сабајле . Крш сум...се плашам да не ми напраат проблем да не ме примат на царски....можно е?
Ох, тоа не знам. Ама се сеќавам дека секое поткашлување после царскиот ужасно ме болеше стомакот, раната. Имаш ли кашлица?
Не е толку страшно мислам. Без тт и јака кашлица немам слушнато да прават проблем. Јас веќе на цтг. Среќа на некоја минута ми е др. па немам долга патека за возење.
Не знам дали го има во Мк во ДМ Bioil, многу е добар, само шетај гола по дома хаха ептен е мрсен. Не дека јас некој ден пред пораѓај не испукав (мислам дека се зависи од кожата, не до маслото) ама продолжив да се мачкам и не се ни познаваат сега.
Витамините секако ги пијам на вечер за са не ги повратам, па едни ми дадоа во аптека ужасен вкус морам да ги сменам. Со крекери уште не станата од кревет ќе пробам баш, имам апетит и јас сега ама отварам фриждер и не знам што да јадам хаха немам за ништо желба, ништо не ми прави ќејф, а ми се јаде, се вртам во продавница како сирење и на крај ништо не купувам. Од мирис не ми се гади ама па да се свари малу храната не ќе е лоши, а не на сред јадење ми се крева се до горе.
Па ти лапни залче по залче и полека јади да има време да се свари,и така не би требало да повратиш. Иначе мене од мириси ми се гадеше многу сега не до толку,од некои само. На пример кромид неможам да поднесам одма нагони ми идат. Иначе вака не. Види и со крекери пробај баш. Ај кај и да е ке ти подпрекинува ваљда нема да те држи уште долго.