Па тоа е добар попуст, не е лошо да си го земам сега. А претпоставував дека е ок мирис, нивните производи се секогаш неутрални, барем на мојот осетлив нос му одговараат. Се изненадив за мустелата, толку да ми е гадна, а мислев и за бебињата да земам мустела, ама додека не мириснам не ги купувам.
Ништо нека не те плаши цтг-то, по странство цтг-то е дел од контролата од 25та недела па до крај баш заради тоа, се гледа како си работи срцето, се мерат движењата
Da da super popust, jas denes si ja zedov i kremata za lice i telo sto si gi koristam. A mozebi uste edno maslo ke si zemam da se iskoristi popustot
И ти направи цтг? И мене исто ако сум во некоја таква положба и повеќе пати ми се повторува, ако ми се мокри многу/после мокрење како сабајле, два пати едно по друго почувствував. И да некогаш се пратени со слаба менструална болка, некогаш само ми се зема здивот, некогаш само менструална болка без стврднување. Ама се на се, се краткотрајни. Веќе не ме плашат тие толку. Ама кога ќе отидам на преглед секако ќе кажам дека ги имам. Едвај чекам 5ти. Немам мир. Овие денови посебно паниката ми е на нај јако. На секој нов симптом се штрекам. Долу, ниско кога мава ми прави како притисок и тоа ме плаши. Ти се случува тебе? Многу се плашам, не бев вака до пред некој ден, ама како расте и повеќе притиска насекаде и ме плаши. Само си викам бар уште 5,6 недели . Сабајле имав некој слуз, некој исцедок, се исплашив да не е чепот, ама беше малку и се нема повтрорено, изглеа беше обичен исцедок. Абе бегај не е едно да го мислиш, ама ајде да издржиме уште некоја недела.
Која недела ви правеа брис за стрептокока? Порано беше задолжителен тука, сега наеднаш шпараат, не е. Ме прашаа дали сакам да си платам, за да направат. Реков да, ама не ми направија, ваљда за 39та недела го спремаат.
Е заборајв да пишам. Не направив цтг, немав време, ама ми повтори - мој совет е да направиш. И од понеделник здравје ќе направам. Леле што ако излезе некоја контракција нешто алармантно. Знам и во претходната бременост си ги имав вака стврднувања. А на цтг контракции имав од 36та, а се породив 38+5. Имам и јас неколкупати на ден, имам и слаби менструални во половина и долу, имам и притисок шо пиша, баш некогаш како се тегне така осеќам ко надолу влечење. Инаку бебево е со газето долу, грпчето некако странично, главчето горе едно колено пред главата, а бе циркуз. Докторот рече во некое вртење било. Леле и мене здивот ми се зема, како на ролеркостер да сум качена. Не прај муабет за плашење веќе нема крај. Исцедок имам и јас водлест. Еве наредно хемостаза ќе прам и таму ми е умот. Димерите тро покачени, иако на ехо и постелка и протоци беа ок. Мешето рече поголемко му било малку. И одма јас - леле зошто, како? А скриен правев, арен беше. Тој па рече нека е поголемко, појќе се плашиме ако е помало, да не не се храни. И така јас сум мешка со едно мешле внатре. П.с го видов со очињата отворени, првпат така гледам. И пак се прозеваше, ааа спанче ова
Денес си влеговме во 29та недела Периодов малце стресно, имав и тука пишано, цервикс за 4 дена се скрати од 40мм на 24мм. Како, не знам ни јас, ама важно мерките ги имам на сликичка, толку е измерено и тоа е тоа. Откако ја добив таа информсција сум на строго лежење, само до тоалет и назад во кревет. Бебуш е набутан ептен со главчето долу, уште од 16та недела е така наместен за пораѓај. Примив 2 инекции за зреење во рок од 2 дена, и плус примам индометацин белупо капсули (3 дена само, поради болки и навидум лажни контракции). Со магнезиум сум 3x400mg, утрогестан, фемибион 2 класика, вит Ц, ферона. Страв ми беше да ги земам индометацинот бидејќи во упатството пишува дека се забранети во бременост и особено во трето тримесечије, можеле да наштетат на плодот, ама докторката што ме води од ГАК рече дека се безбедни ради тоа што ги користам само 3 дена. Сакам да ве прашам, вие што сте лежите како се справувате со таа ситуација? Ме болат сите мускули, мм од време на време мм ме масира, ама со перница под задник се укочувам цела. Идеи што би правела лежејќи, да ја убиеме досадава? Како и да е, до Божја волја да си дотуркаме до 36та, после се ќе биде подобро и грижите ќе ни се сведат на минимум.
36та овде се прават. Задолжителни се, ама тебе да не те водат царски да раѓаш, тогаш не ги бараат. Леле многу си ствараш паника беспотребно, а верувај тоа е полошо од било што друго. Мислам полошо е за тебе, не за бебе, да се разбереме. Знаеш дека се е во ред, се плашиш, ти нудат да ти ги смират стравовите и ти не правиш тоа туку пак се плашиш. Е оти? Па стресови за понапред, поназад некој ден/една недела, немој да се оптоваруваш, смири малку нервите, за тебе е подобро верувај. Да се живи и здрави од фокс лајф и фокс крајм, книги за читање на претек, форум и инста/фб, очекувам роднини по телефон и тоа е. За 2 дена пунам 34та, влагам во 35та, ме фаќа паника признавам зошто со синко се породив на 4 дена од денес. Ама не, нема да мислам сега дека ќе се породам и готово. Ќе издржам. Да не се разболев волку ќе останував дома следната недела и ќе се спремав за породилно да отворам, ама тоа е, морам да поработам уште малку.
Значи исти симптоми имаме, не може кај двете да не чини. И моево беше последно со главчето нагоре. За димери и хемостаза само си се чудам зошто само јас немам испитано, се заборавам да прашам дали треба, а тој ме нема пратено да испитам. Постелката исто ме загрижи 2 степен зрела и тоа не ми кажа сама видов. Кога го прашав после рече не е страшно кај секоја е индивидуално, кај некои во 36та е скроз зрела, 3 степен па никому ништо. Значи стварно не е едно, а вакви како нас што се оптеретени со се, тешко нив.
@AngelOfArh не се водам царски. Приметувам разлики од пред 4-5г и другите бремености. Тогаш и димери беа задолжителни, сега не се, не ми провериле. Имам доверба во докторот, само приметувам разлики колку почнале да шпараат
И јас си купив денес од маслото на Еуцерин, сосема случајно го погодив попустот, а богами не е мал. Вака излегува околу 630 маслото, инаку редовна цена му е 918. Мислам рекоа до 28.11 дека ќе трае попустот. Одма го пробав, брзо упива ко за масло и баш пријатно ненападно мириса. 20+ сум не знам дали ќе ми стигне едно шишенце или да купам и второ
Јас на еуцерин едно месечно трошам, и си се обновив со залиха сега пак уште 2 шишенца откако се на попуст. Го пробав и на Waleda, и поскапо е и помала милилитража, и не ми одговара како тоа на еуцерин. Топло го препорачувам
Исто и јас . Ја пратив сестра ми и викам 2 пара купи ми а таа од таму ми се јавува и ми ја дава продавачката и ист одговор
Jas sum so temava dosadna ama moram da si poplacam Paralizirana sum od strav za carskiot. Do najcrno scenario dojdov Si vikam sto ako umram?
Реално може да умреме од многу работи кои ги правиме секојдневно, па не умираме. Нормално е да имаш страв дека сепак е операција, ама пробај штом се појават тие мисли, свесно да ги изолираш. Кога ќе ги изолираш и ќе бидеш свесна за нив, кажи си дека мозокот тоа не го мисли навистина и дека нема да биде така, визуелизирај како си се враќаш дома со бејби. Не знам дали убаво објаснив, пробав најдобро што можам. Јас кога бев анксиозна и работев со психолог, оваа метода највеќе ми помагаше, па се надевам и тебе ќе ти помогне.
Јас не сум имала пораѓај до сега нити царски ниту природен. Имам уплав исто од царски ама гледам да не се замарам многу,со стравот нема да смениме ништо,нити ке поминеме полесно ако се плашиме нити ке поминеме потешко ако се плашиме. Реално нормален е тој страв ама треба да го смируваш некако,не дозволувај да те надвладее. Таа е болката мора да сме свесни дека ке ја претрпиме и тоа е. Мора да излезе некако бебето. Мисли си на моментот кога ке го видиш,кога ке го гушнеш и помирисаш. Пробај стравот да го оттргнеш од тебе со убави мисли. На убави работи мисли само. Нема да умреш,толкав тим доктори ке има околу тебе,во сигурни раце ке си бидеш,плус кратко трае. Док трепнеш се се завршило. Ке пројде се и ке речеме па не било толку страшно. На крај се се исплати што трпиме и во бременост и на пораѓај и отпосле,за нашите дечиња.
Вака. Почнав бременост со ниско ТСХ. Денес проверив по четврти пат во бременоста. Од тие четири пати само еднаш беше во нормала. Денес резултатот ми е најлош. Отприлика месец-два мене тироидната не можат во ред да ми ја донесат и покрај покачувањето на дозата. ТСХ рипнало и по последното качување на Еутироксот, значи џабе пијам енормни дози ништо не прават за мене. Денес очекував спуштено ТСХ и од кога видов се испаничив иако до сега се трудев да сум присебна. Ако нешто ми направи беља, мојава тироидна ќе е. Во консултација сум со двајца ендокринолози од кои што едната ми вели дека проблем со апсорпцијата на лекот може да прават суплементите со железо и јод (пијам Фемибион 2), а другиот ендокринолог ми вели 'мали се тие дози, 150 микрограми јод не се ништо за да ти прави ваков проблем' Истата таа ми вели 'не знам на што се должи ова не делување на лекот'. Читав ваши искуства, вие сте стравувале за ТСХ од 4 или 5, кај мене е многу многу рипнато. Премногу ме плаши ова, што е до мене реагирам, барам чаре. Коса ми обеле овој месец од мојава тироидна. Никогаш не била волку лошо, сега кога најмалку треба ме издава.... Секој совет и искуство ќе ми е од корист. Инаку сум 18+. Вчера последен пат го видов на ехо, плодот одговара на неделите.
Да не си била болна или настината нешто во последно време? И мене ми скокна последниов пат ТСХ ама бев болна претходно и ми рече да знаеш може од ова да е скокнато. И ми качи терапија па сеа ке видиме како ке биде кога ке проверувам. Од колку пиеш еутирокс? А за фемибионот ако мислиш дека е од нив земи некој без јод мада и јас мислам дека е многу мала количина за да делува тоа,што знам.
За ова си во право. Убаво викаше докторката што ме води. Да сум јас не би кажала ниедна сосотојба, што не е животозагрозувачка, што не е не дај боже за абортус или на која не може да се интервенира во бременост. Тоа е само стрес во бременост, а секако чаре би се барало после пород. Ама нели ние ако нешто вакво не ни кажат докторот ќе го има по сите портали како неспособен. Плус одиме на едно, две, три мислења па некој од тие тројца сигурно би кажал. Враќајќи си од претходната бременост, што дека знаев дека бебето има "потенцијална" срцева аномалија, за која сите беа сложни дека не е за да се терминира бременос, а јас го изедов стапот од 24 недела натаму во грижи. Доволно ќе беше пред пород да м7 кажат за да знаеме да направиме соодветни контроли после пород и да тераме со процедурата понатаму. Јас го корисрам путерот од алверде и мене многу убаво ми мириса Ако мислиш на ова, го има во дм Уште многу имав цитирано овие два дена, ама се ми отиде заборав, а не можам да се сетам на се. Киселини овие неколку дена се на најјако. Гастрогард помага само краткотрајно, а друго ништо, особено навечер. Жежење во грло на макс. Дури вчера се мислев дал ме боли грло или киселините се. И паниките почнаа. Секој ден имам по минимум два панични напади дека ќе се породам пред време. Вчера утрото толку незгодно удираше бебе долу, да мислев готово излезе. За среќа за 5 минути се изврте и помирен не бил во последниов месец. Друго исто така што ме паничи е што е преактивен. Не се сеќавам дека во првата бременост мали беше волку активен. Раат немам на моменти цел стомак го изместува како да имам експлозии на моменти, а на моменти како ајкула на морска површина да плива. Последна контрола имав пред 2 недели и неколку дена, а јас веќе сум во паника. Среќа што наредна контола ми е за накој ден, зошто прекинав аспирин и денес правев ддмери и хемостаза па да видиме какви се вредности, мерки, протоци, бебе. Ама еве и тие неколку дена незнам како ќе ги издржам. Од друга страна и седењето ми станува претешко, ама од друга страна ако нема некоја причина не ми се останува дома зошто знам психа ќе ме изеде . И веќе немам памет што да правам. Плус и проблем ќе ми е со боледување. Сестрава кај матичниов ми промрче за отворање сега вака кнап пред тие 45 дена, далеку сум од термин, а породилно не и се отвара и веќе и главава ми е хаос. Ама ај нека помине контрола вторник/среда, па зависи од прегледот ќе носам одлука како понатаму. Што лесно ми беше претходниот пат, таман влегов во деветти и демек тргнав на одмор, јас се породив и така се се заврши набрзина. Сега и далеку сум од девети месец, а камо ли од термин. Денес само што влегов во 8 месец. Планот да чекам природно освен ако не дај боже не тргне како за мали само што ќе влезам во 9ти или не дај боже наопаку порано, мислам дека ќе пропадне во вода. Сакав да пробам природен пород до термин, почнав да се премислувам за закажано околу 16.01 (ова во мојата глава се увртело да биде, за да не биде роденден на распуст ), ама на крај кој знае што ќе излезе. Плус почнав да станувам свесна дека нема да биде лесно со мали и дека ќе има плачки и од мене и од него и дека нема да биде се така лесно како што мислев. Веќе почна да покажува рокчиња. Не е страшно за сега, ама ќе бара и тоа многу работа. Сепак е дете и си бара внимание Ај да одам да поплачам и по дома дека ми е тешко од киселини и да смислам што да лапнам за да ги ублажам.