Свесна сум за ризикот. Половично свесна оти не сакам повеќе да гуглам. Се избезумив. Утеха ми е малку што наводно Т4 бил во нормала, па 'постасувала жлездата', имало за бебето... Не знам, може си тражам зрно надеж во целото разочарување. Фала ти и тебе за сугестијата
Незнам дали се Бракстон или вистински па да кревам аларм...ама имам грчеви...ми се испапчува цел стомак и дури снемувам воздух. Се случува на некои 5 мин ....болка имам мала долу како менструална...ММ не е дома сама сум.....
Ее тоа, мене докториве ми праат хаос во глава ама затоа може и забушавам со пиење на пренатални. Ако верувам во Австрија еднаш не добив совет да пијам ништо освен витамин Д и магнезиум , пренетални зедов од кога ми кажаа на преглед во Ремедика и тоа првата бременост, со вторава исто не ми рекоа Австрија да пијам нешто, ги купив пошо знаев што пиев во првата ( прв-втор триместер). Имав два пати крварење во оваа бременост, Мк ми дадоа одма добростан, Австрија истити ми ги прекинаа пошо немало потреба да ги пијам доколку ехо покажува чисто. Не знам кој е во право ама.. за исти работи, различни совети.
Правите се баш прави, нема промашај. Болката е како да ти се дели горниот дел со долниот, почнува од долу во стомакот па накај кичмата, на правите кога ќе фатат ( траат кратко) ама таа минута нема движење. Почекај, ќе видиш дали се појаки, ептен си под стрес читам, опушти се, опушти муслули, згрченост прави да то е по болно или по тешко ако се правите.
Што си далеку од 9ти, еве кај ти е за 1 месец. Ајде ќе помине, вели си смирение во душата, Бог да е со нас, да нѐ чува. Ќе биде сѐ во ред. Мали колкав беше, не ми текнува? Ја прифаќа состојбава со бебето? Како реагира? Мајчинство Леле киселини и јас имам, тоа жежење во грло, ме изгоре едно чувство. Пак како што претходно не сум имала мака, сега ми дојде многу неочекувано. Дури и кај матичната докторка бев денеска на преглед, да ми го види грлото и јазикот Уф, јас за киселини сега грицкам бејролс со сол и млеко ќе се напијам. Ама дури и мозолче на јазик ми излезе, ме нервира и тоа, ме штипе. Само што се вратив од кино, најновиот го гледав на Милчо, ми се подзгади троа и плус киселиниве и едно чувство во душава гадничко. Ај дур го заборавам, до утре толку памтам филмој, една вечер. И кајмак како ќе јадам сега, а омилен ми е
Битно е да избереш доктор на кој му веруваш целосно. Инаку ке си талкаш и нервози ке јадеш. Кај нас здравството е катастрофа како и се друго. Се претерува со тоа давање сешто за секој случај. Се дава сериозна терапија кај трудници кои имаат школска бременост. Не бива така. Аспирин, антикоагуланти, прогестеронска поддршка, на мала болкичка одма боцкање. Не е шала.
Да,за тоа се пијат. Да не знаеш колку се тие во дм? Јас ги користам овие на Livsane 329ден се,имаат јака концентрација на брусница баш. Се пијат две одеднаш,еднаш на ден.
Жал ми е што вака се мачиш. Мој совет прво да го исфрлиш јодот и железото, ако се храниш здраво железо треба да имаш доволно, јод има исто така доволно во солта што ја конзумираме, второ не мора сите витамини да ги внесуваш, земи Д2000, селен обавезно, он е најбитен за функција на тероидната во Хашимото случај, цинк и магнезиум земај за грчевите. Трето дали си испитала нетолеранција на храна, проблемот може да ти го прави Хашимотото со тоа што паметно е да намалиш со глутен или ако можеш исфрли го скроз на некое време, кај мене глутенот правеше многу проблем. Прочитај како да го земаш витамините индивидуално и како да ги комбинираш, јас овие го земам, вит Д со главно јадење и Б, цинк и селен со магнезиум навечер. Исто и Т4 е ок што значи и тоа е предност, а може и треба повеќе време да се смени вредноста може пребрзо проверуваш. И крај за утеха другарка ми истера нормална бременост со 15 ТСХ, не и се спушташе откако случајно дозна во 2 треместар, живо здраво се роди, 3 год е. Ако си напредува добро сигурна сум дека ќе биде се во ред и покрај тие вредности.
Не ме сваќај погрешно но јас имам многу лошо искуство со нејзе. Мој совет е да земаш д витамин и селен тоа помага со тироида
Фала девојки на утехата. Како некој кој ги откажа антидепресивите во првиот месец од бременоста ( а притоа ги пиев 10 години) можете да замислете анксиозноста на кој левел ми е моментално. Али шта јесте ,јесте...така мора да биде....тоа е,нека не чува господ...
Кај мене беше препораката само фолна во првото тромесечие и 30мг железо дневно од второ тромесечие натака. Живеам во Нордиска земја и тоа поприлично на север, денот моментално е 5 саати и се намалува. Витамин Д воопшто не ми препорача некој ниту па ми кажа да испитам,се испитува само железо и шеќер на секој преглед доколку нема индикации за друго. Е сеа зошо во појужни држави се форсира витамин д, а тука никој нишо не спомнува, не знам Секаде различно, ваљда препораките се прилагодени на локално население.
259 мислам, а овој месец беше на акција 199, не сум сигурна дека сеуште е таа цена. Ако нема индикации не се проверува. Јас 2 бремености не сум проверила досега. Ама не мора да значи дека тоа кај тебе е правилно, нели? Имам читано научни трудови, не петпатачки портали, за протоколи за лечење со витД низ цел свет. Не знам зошто на југ толку е голем дефицитот на витД, јас сум од еден од најјужните градови во Македонија и мајка ми работи во лабораторија, скоро 80% од населението е со озбилен дефицит на витД, а имам е сигурно 340, од 365 дена, сончеви во годината. Веројатно има врска во искористувањето, ти тие 5 часа ќе гледаш да ги искористиш максимум, ние во најжешкото мора да се криеме длабоко дома за да не не мавне сончаница, што знам. Од друга страна си викам, па земјоделски крај е, луѓето се испечени од сонце и изложени голем дел од денот на негово влијание и пак има недостаток. Имаа они некој скрининг знам и се испитуваше масовно, па се дојде до таа бројка. Што е причината не знам, ама знам дека светот озбилно користи протоколи за болничко лекување со високи дози на витамини и тоа успешно се справува со некои озбилни заболувања. Нормално, контролирано и под болнички надзор, не да имаш витД да си купиш и во книжара и бензинска па да пиеш како ќе ти текне. Суплементарната терапија е озбилна, треба да се зема секогаш со консултација на доктор. Јас моментално зимам висока доза витЦ зошто се борам со хронични уринарни инфекции кои поради ковид ситуацијата не успеав да ги средам, требаше да се оперирам, па пијам по 1000, до 1500мг витЦ кога имам тегоби, по препорака на мојот уролог кој вели дека доколку немаме проблем со создавање на калцификати во бубрези е сосема безбедна доза, доколку имаме, како јас, треба да го најдеме тој вид на витЦ кој ќе ни се погоди најмногу. Мене тој витЦ ме спаси цели 8м да не ми се врати уринарната инфекција која непосредно пред да останам бремена ме мачеше многу, па заедно со екстракт од брусница ми ја држат стерилна урината да не ме плаши дали ќе се породам пак порано. Така да витамините не се толку страшни, ако се има контрола над ситуацијата. Е сеа не како во ковидот кога претерувавме, сите можни витамини ги пиевме, се што можеше, цинк, селен, д, б, а, е, магнезиум, калциум и се што добивме беше 20 кила поише пошто апетит ни отвараа ко никад. Ај сеа добро утро! Рано утро, сите спијат јас загревам купатило да се избањам на раат, многу сакам утринско бањање. Синко спие, маж спие, јас да се средам па да направам чаеви, кафиња, кој за што е. И покрај станувањето синоќа убаво спиев, без нервози. @Misskirova јас откако легнувам покасно подобро спијам, околу 12 легнувам и таман ми е до сабајле, станувам, ама не се расонувам сред ноќ да не можам да спијам. Инаку ова календарот на Систина вика конечно бебето се симнува надоле и ќе може да дишете подобро, но почесто ќе одите во тоалет. Е што почесто веќе, налет, не на 1ч на пола ли? Буквално станувам и одам во тоалет на 1ч, можам и саат да местам по моето станување. Мочла парекселанс, маж ми вика на тоалет не можеме да те навјасаме. Не е далеку од вистината. И на гаки, кој што прави купувам гаки зошто мењам 2 пара дневно, изгинав од перење гаки, нон стоп сум подмочана. Убав ден и почеток на викенд мешиња, сонце гледам надвор па шетајте ако можете!