Ти си знаеш најдобро каков ти е односот и приврзаноста и според тоа одлучи. Кај мене еве како пример, од моја страна воопшто не се интересираат, операции и помали интервенции, ивф, се сум поминала сама, единствено некогаш ќе се јават и ќе кажат безвезе узречица - ај со помин да е, и толку, па ми иде да се отепам. Затоа јас планирам ништо да не кажам, ни пред ни после. Ама ако имаш грижлива мајка со која си блиска, ти си знаеш како би била помирна, да знае и да чека или да ја изненадиш со убава вест.
Па добро си направила што си земала на своја рака,бидејќи доселениците во скандинавските држави имаат уште понизок д витамин од домашните. Тоа би требало д аго знае секој доктор таму. Ако си случајно Норвешка треба сериозно да ги разгледаш препораките за д витамин особено во бременост. In Norway, the recommendation is that everyone under the age of 75 should take 10 micrograms of vitamin D every day. Не знам бабица колку е компетентна за препораки за суплименти. Ако не земај бар млеко со додаден д витамин или масло од риба.
Сите млечни производи ( бар тука )се со додаден витамин д, од путер до млеко до јогурт. 10мг се доза која ја покривам дневно со исхрана, реално тоа се три јајца и две чаши сок од портокал. Плус се храниме локално па конзумираме риба 2-3 пати неделно и свежи млечни и месни производи. На бабицата и имам дадено комплетна доверба бидејќи знам дека имаат формален тренинг во времетраење колку медицински факултет, верувам дека доколку има потреба од нешто веднаш ќе реагира.
за магнезиумот и јас го избегавам пошто цел ден ми остава вкус во устата и ми прави киселини сега изнајдов еден Магбет и тој си го земав менр ми е со мн понеутрален вкус и мн поппднослив не ми се гади од него
Значи сепак се свесни за дефицит и истото е инкорпорирано во основни прехрамбени продукти. И тоа не е лоша стратегија, наместо клукање со суплементи кои сепак влијаат на црн дроб и ензими, бубрези и други витални органи. За жал кај нас и да пишат дека нешто е збогатено со одреден витамин, јас чисто се сомневам, освен онаа храна која природно треба да е носител на одредена сосотојка. На крај пак се се сведува на квалитет на живот и национална здравствена стратегија, што за жал во Македонија ја нема Ај добро утро. Ноќта помина без киселини, ама како станав уште од утрово мали е качен до грло. Каснав малку тарана, а како би каснала уште, но знам што ќе следи па се сопрев. Сега ќе чекам наредно овошје да каснам и ако не се симне, денес нема ручек за мене. Вчера конечно натерав мм да ми ги донесе бебешките од мали. И сфатив дека бодиња 0-3 само некое залутано, а шпикозни нема ниедни или едни. Добро што завршив таа работа да знам дека ништо немам и со време да почнам со купување. @AngelOfArh мајка само јас ли сум заборавила колку се мали кога ќе се родат. Мене и овие 3-6 ми личат премалечки, а тек 0-3. Битно ги најдов вреќичките, и таа од окаиди класична и другата како полнети шпикозни од хм, сталак и када обезбедени, наткасни имам, колички, транспортер имам, релаксатори имам. Само подлога за преслакање за над наткасна, козметика, пелени, шишенце и најново облекава што треба да ја обновам. Туку прават ли вашите опасни салта. 31+2 и деновиве има опасни салта во стомак. Во моментов мислам направи три салта во рок од 10 минути и кој знае на крај како се намести. Како сака веќе нека се врти само да не удира долу да ми прави чувство како да тргнал да излегува како пред некој ден. Трасфузиологија - чек Крвна слика, урина, уринокултура - утре. Контрола планирам до среда да закажам Ќе останат уште брисеви и уште еднаш на трансфузиолог за препишување терапија и се надевам толку од испитувања оваа бременост, дека нема да излезе уште некоја глупост. Останете во добро здравје и расположение овој тмурен есенски ден.
Твое си е тоа, јас би кажала за првото знаеја бидејќи лежев веќе долго во болница, па и пред сала ме испратија мајка ми, татко ми, брат ми и мм цела толпа сега пак немам избор, кој ќе ми ја чива големава, едино баба ми ќе е до нас во новиов дом, во комшии одма, ама е веќе 80год, ќе ја мрдне мојава па и она би кажала сигирно така да, ќе знаат, немам избор нешто, а и би сакала да знаат, и јас би сакала да знам за свое дете, штознам
Ја пишав погоре вредноста, 9 пред месец дена, па по покачување на дозата 12 се качило. Само т4 се потсредило во меѓувреме, а тсх се влошило. Не знам... Еве го откажав Фемибионот, едино тоа можам да сторам во моментов и да се надевам на најдобро. Првично едениот ендокринолог велеше, мала доза е тоа во пренаталните, ама еве сега и таа ваљда се консултирала со други па ме исконтактира и рече исфрли ги одма. Тоа е, здравје ќе проверам за две недели, а оваа недела ќе одам да видам плодот како е.
Јас точно знам каде се од малава стварите само ми текна дека она е јануар родена, а малово треба мај.. така да ќе мора за првите месеци да се земе се наново, валда остатокот за меѓу сезона ќе се искористи. Другоо, од хранилки до џампери е се ново фала Богу и нема овој пат замарање.
И мене првото ми беше летно, а ова Јануарско, ама нема ни со рамки ни на кратки ниедно боди. Мистериозно исчезнале или ќе излезат кога нема да требаат . Ај бар нешто ќе го подновам ова бебе, да не е се од бато и братучедите. А и јас да си имам занимација.
Може да споделиш колку ти беше вредноста штом велиш супер ти бил? Јас испитав пред еден месец, 18ка ми беше, што се смета за недостаток.
@elenaklasik Оваа вредност е во nmol/L, конвертирано во ng/ml е околу 18.5 и е доста ниска вредност. Според новите препораки дефицит означуваат вредностите под 50ng/ml или 125 nmol/L. https://scottysproducts.com/vitamin-d-by-dr-mercola/
@elenaklasik И јас испитував месецов,ендокринологот ме испрати и еве го резултатот. Умерен недостаток и ми даде капки Д3 да пијам од 2000 на ден.
Пијам од 1000ка витамин Д. Капсули. Мислам да сменам во капки, можеби подобро. Знам и во претходната бременост ми беше дури понизок, 11 и земав додаток. Гинекологот ми ги препорача од 1000ка. Што мислиш, да зголемам доза или пак да земам пливит Д3?
Па самата сакав, бидејќи сум слушала емисии колку е важен и за плодот. Инаку тој лично не ми имаше спомнато. Не е ништо особено, даваш крв и истиот ден имаш резултат.
Јас не сакав ама морав да им кажам, ме примија утрото ден пред царски а дека моите се во друг град се слушаме повеќе пати на ден. Немаше како да ги лажам цел ден, на болница е хаос, се слуша галама и ќе ме осетеа каде сум. Само им кажав дека дека не знам наредниот ден во колку точно ќе е царскиот и дека пред да ме земат ќе им јавам. Утрото пред царски се слушнавме кажав дека чекам визита, а мене ме земаа на царски, кога ме однесоа на интензивна се слушнав и им кажав дека сме добри двајцата