Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. missswety

    missswety Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    318
    Пол:
    Женски
    Дали некој има искуство или знае за Др.Јозе (така некако мислам се вика) во државна болница во Скопје ?
     
  2. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    5.594
    Е не знам, обично правам цел систематски во клиника во Мк и доктор ги нарачува и анализира резултативе. Баш коментарот му беше ‘Ехе после северна зима супер ти се вредностите’.
    Иначе сеа приметив на мултивитамините што ги земам, пишува вака:
    Vitamin D 200% 10 µg
    Значи содржи 200% од дневно препорачаната доза.
     
  3. Leanne

    Leanne Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2022
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    1.165
    Пол:
    Женски
    Ве молам за помош, 35та недела сум и имам благи тапи болки во горниот дел на стомакот, баш бебето каде што го осеќам. Постелката ми е на преден ѕид. Болката не е константна доаѓа и си оди, и не е воопшто силна само непријатна. Прва бременост ми е и се плашам да не е нешто сериозно. Откако полежав ми помина, а сега станав да пружам алишта и пак ми се појави. Дали знаете што би можело да биде?
     
  4. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.283
    Допаѓања:
    111.706
    Пол:
    Женски
    И јас бев изненадена колку се мали искрено алиштенцава, сум заборавила, особено со на бато алиштата сега :rofl: Јас конечно исправ, испеглав, стокмив и наредив и.... братучетка ми нови ми донесе. Ќе се пере тоа неделава и ќе се пегла, па ќе мора да правиме место и за нив. Многу алишта имам искрено, премногу, ама ќе се искористи се, зима е, не се суши така лесно и се ќе отиде за 1 месец, дали ќе стигнам да преперам нешто пред да спакувам :D

    Денес радна акција по дома пак, се чистеше, ме фаќа страв оти ваква акција направив пред да се породам со синко, да не ме дрмне пак нешто неделава... :?: а бебе се напика горе, се бута, ме боли, не кине, со синко решаваме математика и почна да ме стега стомакот, лажњак ама јакичко. Сега ќе се одмарам малку откако ќе завршам со синко. Прибрав, односно мм ми ги прибра цвечките, јас само ги полжав и ги наредив, останаа алиштата да се пружат ама тоа може и вечер искрено, моментално не е приоритет. Ме фати малку паника дека нема да средам се а крајот некако се поблиску е, ама не правам грешка како минатиот пат, колку можам толку, што можам седечки седечки ќе завршам.

    @danichap да се јави како е, знам дека маж е дома едино викенд ама другарките овде ја мислат :l:

    Ете горе пишав, иста мака имам. Одмарај почесто. Јас мислам моево се сврте вчера и сега е чудно свртено некако, ама ќе знаеме дури во среда. Ме боли и мене дека се изморив, седејќи ама стуткана средував цвеќиња и сега е тешко малку, ама се трпи. Ќе испијам сега магнезиум ќе помине. Пивни магнезиум, ако помине значи ништо не е. И јас сум од утре 35та.
     
    На Ano му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Saba08

    Saba08 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2017
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    1.666
    Пол:
    Женски
    Прочитај го ова:
    https://www.grassrootshealth.net/blog/real-rda-vitamin-d-10-times-higher-currently-recommended/
    Сумирано, сегашниве препорачани дози се прениски според истражувачите кои се занимаваат со оваа проблематика. Ама, тешко дека нешто скоро ќе се промени, едноставно бидејќи работите во институциите пребавно се движат.
    Препорачаната дневна доза е количината потребна за задоволување на нутритивната потреба на 97,5% од населението, значи дека 20 ng/ml (50 nmol/L) ќе ги задоволат нутритивните потреби на луѓето за соодветно здравје на коските. Ова е вредност што лечи рахитис, но не исполнува други мерки за здравјето на коските. Ако се имаат во предвид и другите здравствени придобивки на витаминот Д, препорачаното ниво е 40-60 ng/ml.
    Според направени анализи препорачаната дневна доза се предлага да биде 7000 IU/ден за 97,5% од популацијата да има адекватно ниво (20 ng/ml), и уште повисока доза за ниво од 40–60 ng/ml за добро здравје.

    Секој организам е различен, треба да се мери и титрира соодветна доза за секого. Мене на пример ми беше само 16 ng/ml и тоа на крајот од летото и после сончање :headbang:
     
    На Lavender13 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.165
    Допаѓања:
    40.526
    Пол:
    Женски
    Мене гинекологот ми препорача во најмала рака да не е трврда таблета туку желатинска иако најдобро капки. Сега кога праша и мене ми текна на ова па по она што успеав да прочитам течен е најдобар од аспект на апсорбција и искористување нутритивни вредности.

    Леле боже, кога сфатив колку се малечки ме фати малку паника. А си враќам сега назад дека со една рака го држев, ама пак, се губи осет, а одамна не сум видела толку мало бебе:worried:.
    Инаку и мојов денес е качен до горе. Еве сега станав од пладневна дремка, пак е напикан сроз горе и ме уништи од болка градниот кош на линија под градите.
    Свртеа и кај мене две машини од бебешките, ама без пеглање, само ги прибрав и две тури нарачки направив да надокнадам:rofl:. Сега јадам печена тиква и пијам кафе и не мрдам. Да спремам мали за карате па ќе се избањам и ќе пропеглам по нешто за на работа за нареднава недела, да не шетаме како од сушара излезени.
    Мали утре е на забар и ме фаќа малку страв, дека ептен мака има со тоа запче. Он многу убаво соработуваше до сега, ама овој заб е критичен, можно е да треба да се умртвуваат нерви и незнам како ќе поминат. Неколку пати одложувавме зошто се кога имаше термин се разболуваше, и во четвртокот имаше еден неуспешен обид. А уште тој и уште една мала корекција останаа. Ми е жал од една стана, ама од друга страна мора да се среди зошто во моментов јаде како зајче на предни заби:drunk:.

    Ај да одморам уште малку.
    Па да потфатам нешто малку по дома.
    Убаво неделно попладне
     
    На AngelOfArh и elenaklasik им се допаѓа ова.
  7. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.995
    Допаѓања:
    12.340
    Пол:
    Женски
    Пливит д3 колку капки е дозволено за трудница, знаеш?
    Знам дека е една капка е 400 ие, на малиот му давам 5.
     
  8. Saba08

    Saba08 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2017
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    1.666
    Пол:
    Женски
    Прочитај го ова:
    https://www.grassrootshealth.net/blog/real-rda-vitamin-d-10-times-higher-currently-recommended/
    Ако не си мерела скоро, арно е да измериш пред да ја менуваш дозата, иако сметам дека оваа е премала ако си пак околу 11ng/ml. Сепак, секој организам е различен и различно ќе реагира на ист препарат и иста доза, а со овој витамин можно е предозирање. Затоа, кој препарат и да го земаш треба контрола на барем 3 месеци за соодветно да се зголемуваат или намалуваат единиците или, евентуално, да се направи пауза.
    Ако сакаш пробај со Пливит Д, ама имај во предвид дека 1 капка содржи само 200 и.е., па јас би земала барем 10. Всушност и производителот толку препорачува при недостаток.
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Freckles.

    Freckles. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2020
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    4.828
    Не кажав. Знаеја само свекрва и свекор дека во иста куќа сме.
    Маж ми им се јави веднаш штом му се јави докторката да му честита. Иначе не давав да седи во болница дури траеше сето тоа. Отпосле дојде кога од шок собата ме спуштија во собата.
     
  10. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.165
    Допаѓања:
    40.526
    Пол:
    Женски
    Пливит ако добро се сеќавам една капка е 200ие. Вигантол беше една капка 400-500 ие. Има и на now мислам сега во капки или го имаш солдевит 400ие едно прскање и солдевит 1000ие едно прскање.
    Мене гинекологот ми викаше по 2000ие да конзумирам, ама јас земам 1000ие и плус нешто од другите ми се собира (пр.сега во калциумот што го пијам има плус). Сепак консултирај за доза.
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  11. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    Јас примам 2000 секој ден.
    Летно време само намалувам по 6-7 капки Пливит.

    Пливит една капка е 200 IU.
     
    На Ano и elenaklasik им се допаѓа ова.
  12. Leanne

    Leanne Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2022
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    1.165
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам за одговорот :hug:
    Не ми е како мускулна болка, туку како нешто тапо на едно место, како од некој внатрешен орган :worried:
    Сега ми помина, се надевам нема пак да се појави.
     
  13. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.283
    Допаѓања:
    111.706
    Пол:
    Женски
    Наместено е на некој нерв бебе, не е мускул.

    Ај што е високо, ами и што се тегне со грпче ли е со што ли е нанадвор и ми праи планини по стомакот и ме боли... јадев сега, абе во нос ми е цело јадење, ужас. Да можев да си повратам ќе ми олеснеше. И дојдов до дереџе да немам чисти гаќи денес, за 4 дена сите гаќи ги употребив, па перев итно и пружив по столови во дневна за да не носам од маж гаќи утре на работа, а за дома наставав улошки на последните гаќи чисти и да изгурам вечерва. Смешки!
     
    На sweet.woman и Ano им се допаѓа ова.
  14. Lina-Detelina

    Lina-Detelina Популарен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2020
    Пораки:
    1.294
    Допаѓања:
    1.151
    Пол:
    Женски
    Пред некоја недела ми се појави нешто како подкожно мозолче на едната голема уста, долу. Мислев ќе избие и ќе изчезне ама остана така. Цврсто на допир. Гледам денес и на другата голема, срамна усна на крајот долу кај почетокот на вагината исто такво подкожно, цврсто топче.
    Искрено многу сум загрижена, што може да биде? Ви се случило ли на некоја?
    Дали е иритирано местото можеби затоа што постојано користам секојдневни влошки?
    Сум немала проблем со инфекции, и брисевите секогаш ми биле чисти. Последно праврв во 12/13 недела.
     
  15. Konstrakta

    Konstrakta Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    2.358
    Допаѓања:
    3.284
    Пол:
    Женски
    Јоже да не е?
     
    На missswety му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Konstrakta

    Konstrakta Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    2.358
    Допаѓања:
    3.284
    Пол:
    Женски
    Така го викаат Јосиф Ѓорески, ако мислиш на тој.
     
    На missswety му/ѝ се допаѓа ова.
  17. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    1.840
    Тие што носите пониско, ве удира бебе на слабинска коска? Толку доле ми е што и јајник и коска све гмечи со сила како да и смета, с горе во ребра само ако сум подсвиткана иначе има една рака простор:@
     
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.283
    Допаѓања:
    111.706
    Пол:
    Женски
    Кај мене е многу осетлива кожата, ама премногу, во интимниот дел, се лупи, чеша, прави како перут и стално ко да е масно, мокро. И ме чеша дури, особено ако носам потесни гаки. Мислам дека е на некој начин нормално, зошто брисеви се тоа е ок, а ова ми се дешаваше и со претходната бременост. Ама прашај си доктор на следен преглед и ќе знаеш.
     
    На Lina-Detelina му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Shekjer

    Shekjer Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2015
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    742
    Пол:
    Женски


    Исто! Ако се подвиткам мава ,буричка со рака нешто прави , ако чучнам стиска со глава и ме заболува стомак и стандард ми се примочува :wasntme:
     
    На gothchick му/ѝ се допаѓа ова.
  20. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.995
    Допаѓања:
    12.340
    Пол:
    Женски
    Оли, пливит земаш? Или некое друго?