Фала ви. Се превртува и моево, и читав дека навечер кога спие мајката можат да променат положба. Битно е мајката да им даде простор со перница меѓу нозе и стомакот благо нанапред, да го допира душекот.
Со нозете сум иста, цели ми се модри со мрежи од капилари, плус и отоци околу глуждовите и под колената. Исто и на стомак ми испукаа капилари и под гради, не верувам дека ќе се повлечат скроз по раѓање, може делумно, а на стомак плус и осип ми се направи и чеша и боли ненормално. Бев кога почна се ова на трансфузилог, ми кажа не е опасно, бремена си, ќе си се прават, и ништо не ми даде, само некоја маст да мачкам локално ако е неподнослива болка. За инекцијата, другарка ја примаше околу 28 недела, ама и правеа претходно и некој Кумбсов тест во прво тромесечие, толку знам, да не шпекулирам, ќе ти каже некој со истата мака за посигурно.
Јас примив рогам во 28 недела но првин правев coombs test. И во двете бремености ги примив во 28 недела, првото дете има негативна крвна група и после пораѓај не примив, но второ дете е позитив и тогаш после пораѓај примив пак рогам.
Мене не ми правеа никаков тест колку што сум запознаена, ми земаа крв првиот месец ама ништо после тоа, ми рече ќе те контактира некој за проверка на ова оти сте со различна крвна група, ама сега сум втор треместар веќе…стварно не знам, следен преглед со бабица ми е дури 24 декември кога веќе ќе сум 25 недели.
Првото дете ми беше трансверзално до 28 ма недела. Потоа се сврти со главче надолу, па во 32 ра карлично и така остана.
Не би требало да е проблем, мене резултатите од тестот ми беа готови за 2 дена. Прашј си на следен преглед ама не е касно и тогаш.
Кај мене прво беше карлично, па вака трансферзално и дур бев на преглед се сврте за време на прегледот и сега е со главчето надоле. Така да има и шанси и време да си се намести
Јас ја имам, најдобронамерно НЕМОЈ. Ова ми се најзалудно потрошените пари, демек да заштедам дека поевтина, а за ништо не ја бива. Ако мислиш дека ќе можеш да спиеш со перница, нарачај си некоја од асална продавница, ова е ѓубре, полнета со некој картон сунѓер, навлаката не се вади, ја исправ во машина и се отпара одма, па видов што има внатре. Неколку пати пробав да спијам, ме искриви цела, ни е мека, ни удобна, како мрѓу цигли да спијам и се откажав. Дури сакав да им пишам дека продаваат ѓубре, ама ај.
Не, мачкам уље за стрии чат пат само. Прерано ти е за вежби. Не брзај. За ова на лекар, да ти даде совет за испитувања. Ама премногу читаш и тука ти е маката. 28ма недела тек ќе се врти превртува. Кај мене беше карлично до 31ва, се свете во 31ва главично, сега мислам пак е карлично според тоа кај мава и како мава и кај стои. Евентуално трансверзално. Не читај, не прави вежби дур не влезеш бар во последните денови од 8ми и не се замарај со секоја работа што ќе ти текне. @Misskirova денес ја дежурам, ти одмарај. Умирам од ручекот навака, не се трпи ова, цел спанаќ ми е во носот мислам, ко да не ми е сварен воопшто. Изедов најмалку од сите на маса, сите спијат сега гарант, јас еве дежурам. Нит на лево нит на десно ја бива, на грб па ич. Реков јас, ова ми е само слатка вратка за тоа што многу се фалев дека првите 2 тромесечја ништо не осеќав, ко да не бев трудна, затоа сега.... Ми се плаче, повеќе ми се гади и од прво тромесечје. И ко за беља стандард за викенд заборавам магнезиум па одам како раштрафена. Биди само жив и здрав синко мајкин, али ако го имаш карактерот што го имаш во стомак, ќе биде тешко нас. Ај да се пофалам, во фотофиниш сум со припреми за во болница. Се е купено освен храна нешто ситно, грицки, сокче, кроасан, водичка, дури одвоив и пешкири. Неделава ќе спакувам во едно ранче, па ќе купам и тоа што ми остана и ќе го паркирам у ходник за секој случај. Со синко голем бев таква смотаница, абе не беше можно, во ранец од се што требаше имаше само магазини Портрет, да не ми е досадно божем, и не ги ни допрев. Затоа па четка за заби заборавив, чешел заборавив, дури и алишта немав спремно за искачање од болница за мене и излегов во тоа што му дошло на мм прво да земе комбинација страва, тренерки труднички и кошула Да пробам да склопам очи уште 2 часа, може ќе ми тегне од рака, ми се спие ми се плаче.