Девојки.. добра вечер.. се вратив од преглед.. 36 нед и 3 дена.. имав вагинален преглед и докторката ми кажа дека сум 3 прсти отворена.. ако ме фатат болки деновиве или најмала промена да почуствувам да одам одма.. е сега си дојдов дома и кај бебе мрда непрекинато.. и ме боли долу скроз плус малку како кафено со крв.. можно е од прегледот?
И тоа не станав скроз. Само седнав малце. Морав. Али болки сега, ваљда се собира матката...ми дадоа некои инекции за да се собере...абе пекол
Од бричот ти е. Само две рече? Такви се поткожни и болни. Јас немам брич ставено години долу, исклучиво со депилација сум, и сепак кога ми растат имам малку пецкање чешање, а не па со брич кое е остро сечење на влакната. Ако можеш, почни си со депилација дури се кратки, ќе се преродиш колку е поубаво. И на нозе кога се бричев порано, демек со дечко бев мораше секое гледање нозете гланц, и кога ми растеа на два дена, ги жулев од чешање, опопо катастрофа, ептен гадно, црвенила сува кожа. Сега само на депилација одам, со топол восок, супер ми е.
Зезнато е мал збор... Јас од ко станав на маж ми му реков дека ни во 9 круг во пеколот нема таква болка... Ај помина
Дали имате болки во препони? Од завчера десниот препон посебно ме утепа, ко расштрафена сум Ни магнезиум ми помага ни ништо.
Значи како ме нервираат постариве од такт ме вадат. Стварно се трудам да не барам помош или минимално да е тоа, ама они од мене го вадат најлошото мислам, на мајка ќе се истресам ама на свекрва и собирам. Ако се пожалам рачунај дека имаш одма предавање, Ееее ние кога бевме трудни, ништо не ни беше тешко, се работевме, до последен ден, не се жалевме толку... ова муабет од мајка ми иначе. Свекрва ми малку е поблага, ама у ист стил. И јас ли сум крива што ме боли нешто, не е исто да си трудна на 25 и на 35, аман. Ама и овој внучко им како ме работи, ко бавчиче. Пак некој нерв има потпрено и десниот колк пак не си го осеќам. Аман! Дур станам и се разодам, офтика. Па ме бутка и надоле веќе, осеќам како ми се скратува цервикс мислам, се молам само да издржи до среда, многу му е важно да изгура месецов. Се надевам ќе имам лесна ноќ, без многу шетање оти ми се спие ми се плаче. Добра ноќ!
Имам и тоа ептен болат, почнаа уште од 14 недела еве во 17та влегов и ако се движам пример пешачам, рачунај два дена во кревет сум. Не знам која недела си, прва бременост вака ми беше при крај, оваа ме утепа болката.
22 сум и од пред 2 дена почна. А не е дека многу се движам, на мирување сум, ама а станам и 2 чекори направам баш осеќам болка. Не знам дали некој нерв ми е фатен нешто или лигаменти се тегнат. Ама нормално си е сигурно.
Нормално е, се шири матката, притисок е ама многу е незгодно. Пример при станување од одмор мислам дека највеќе ме боли, како патка се движам.
Без дополнителни грижи, штом си била на преглед и ти кажале дека си отворена значи пополека процесот е започнат. Дополнително место за паника нема, паднат е мискозниот чеп, затоа и се појавува тој кафен слуз или некогаш црвен по боја во форма на крв. Пополека можно е да добиваш поинтензивни болки, што е нормално, па и наскоро и плус уште некој прст да се отвориш, но кај сите тоа е индивидуално колку брзо ќе се одвива. Не се вознемирувај дополнително, размислувај само на тоа дека наскоро ќе се гушкате со бебче!
Се имам депилирано само на нозе неколку пати. Сега ми е страв баш сега да почнам со депилации. Ама стварно ми е смачено со бричењево, здравје ко ќе се породам ќе почнам со депилации.