Здраво на сите Прво да се пријавам дека после три ипол години од првата срекичка повторно ке се радуваме на нов бебуш ☺ Како за почеток одма со прашања, утре во 8ч треба да испитувам скриен шекер од 20ч ништо немам јадено и некако ваљда ке издржам ама имам проблем со грлото суво барут неможам да зборувам од болка, веќе некој ден е вака ама не било до овој степен, дали смеам чајче или нешто да го смирам а да не ми смета на испитувањето
Од мое искуство не е ич сериозно.И ќерка ми имаше помал стомак па еве ја здрава и жива.И јас бев вака како тебе загрижена и кога ќе ги прашав докторите што значи тоа,стално се смееа и ми викаа дека ќе е витка девојка.И вистина....нема меше подуено/големо како други бебиња.
Мешиња кажете некој природен лек за болно грло ептен ме боли, едвај голтам згора на се па и умрев од киселини...
@Suze18992 здраво. Се сеќавам на муабетот за чешање и состојба на црниот дроб. Јас имам чешање на стомакот, во ред, очекувано се шири, ама ептен ме чеша. Ама ме чеша и грбот, ако почнам не можам да запрам. Можно е скраја ова да се симптоми на нешто? Зошто олку грбот ме чеша, не знам, кај слабините, па ако продолжам и нагоре, би се чешала цел ден. Џоа шугава, а чист ми е. Инаку бебево добро си напредува, мешето му е малце и поголемко, што рече докторот било ок, се хранело добро. Баш на ехо бев минатата недела, во ред беше. Чаре некое? Други симптоми кои се?
Мешиња...само да ви кажам. Ич да не се мислите за Чаир Презадоволна сум. Доктори врв,сестри грижливи ,помагаат околу се. Дури и чистачките ни помагаа да се облечеме. Педијатарот и сестрите кај бебињата прекрасни . Не учеа како да доиме, цело време се околу нас. Постелнини чисти. Ти помагаат да се избањаш. Спавачи менуваат нонстоп. Се на се едно големо браво.
Тоа ако си договорена со одреден доктор за породување или сите го имаат тој третман? Прашувам бидејќи доколку тој ден не пораѓаат кај нас во болницата ги препраќаат во чаир. Па чисто како информација да знам.
Добро утро девојки, какво апче за болка освен парацетамол е дозволено во 9 месец? Имам огромни болки во грбот од десна страна не сум спиена цела вечер.
Искрено тешко е, имам болки. Незнам од кај е зборот Царски ама ич не било царски...како и да е станав ,морав заради бебе зашто од втор ден буквално ти го оставаат нонстоп до тебе и мораш да станеш сакаш неќеш. Да не беше така немаше да станувам одма зашто имам болки...
Бејби на мајка смирен, дури и супер преглед имавме. Сеуште е назад со 1 недела ама не е апсолутно страшно рече докторот. СУпер е чоекот. за 2 недели брис, па по една недела од преглед последното ехо кај докторот. Се надевам дека овој пат ќе издржи бебуш асално. Љуби га мајка. Сакав од денес да седам дома ама сепак од понеделник ќе биде, деновиве ќе се шуњам некако појди дојди и толку. Верувај дека ќе бидеш благодарна на себе што стануваш! Значи нема подобро од мајка способна да се грижи за бебе од прв ден. Видов млекце надошло, значи се ќе биде во ред и само упорно ставај бебе на града ќе биде добро. Побарај да те видат дали добро има фат и немаш гајле.
Јас колку што имам читано "Царски" е Cesarean односно како "Цезар" дека порано владетелите од римско ги пораѓале така да им се наклонети ѕвездите и да бидат храбри војсководци демек нешто во тој стил . Мислам дека кај нас е малку згрешено во преводот. Ма да пак до негде царски дека царевите така се раѓале изгледа и од таму дошол зборот , не дека за жената е лесно
Јас никако не можам да им објаснам на некои луѓе дека тоа е операција, колку и да е рутинска. Баш другарка пред една година требаше да се породи, и ми вика, ќе одам царски, што ќе се мачам. Као, после операцијава ти си способен да трчаш. Никој не размислува дека секако е операција. Јас морав да бидам царски, и брзо закрепнав, ама сепак мое мислење е дека премногу наивно се сфаќа, од одредени луѓе. Ти посакувам брзо опоравување. Најстрашното помина
Во соба беше со мене една со царски, одбиваше да станува заради болките и докторите урлаа по неа, као што повеќе стануваш и се движиш, така ќе ти е се подобро, после идеа и ја стануваа на секој саат да го турка бебе низ ходниците. Еве не знам.. ама може има вистина.
@Bubish26 Да да они инсистираат секако одма да се стане после 3 часа, ама мене ми беше претешко многу болеше. @juice_ И да луѓе,не е заебанција, мока препорака тој што нема индикација да не праи царски. Тука ги гледам тие што се природно летаат за два саата ,а ние царски сме врзани веке 3 ден...
Jas sum so placenta previa i toa celosna. Carski mi e neizbezno, zatoa te prasav kako si. Ti posakuvam pobrzo oporavuvanje, nie sme zeni lavici site i se ke izdrzime za bebe.
Јас природно породена првиот пат, па две недели се опоравував. Во болница не можев да одам, дома исто..Индивидуално е, секој си е засебен случај.