Чешањето може да ти е од ширење на кожата или да е сува . Еве ти линк од тоа што ја читав види дали ги имаш и другите симптоми. https://mk.koshachek.com/articles/holestaza-na-bremenosta-prichini-simptomi-tretman.html
Топла, најпријателска, незлонамерна препорака, т.е. барање. Сигурно дека е болно многу, верувам во тоа. Рана е сепак. И жал ми е за секоја шо го почувствувала тоа. Само ве молам и потсетувам, тука сме голем процент што не сме минувале низ никаков пораѓај, нит царски нит природен. Не верувам дека на било која од нас и годи да чита колку пораѓајот е болен, независно царски или природен. Тука сме да се утешиме, охрабриме, потапкаме по рамо, ама не и да си всадуваме дополнителни стравови една на друга. Знаете колку сме кревки трудни и колку дуваме и на матеница. Се надевам не сум сфатена грешка.
Да, од сува кожа изгледа и ширење на стомак. Сега ми прекина ама секој ден имам. Од другите симптоми немам за среќа. Фала ти
Јас искрено мислам спротивно, јас лично би сакала да знам што да очекувам за да се припремам. Секако секој има различно ниво на толеранција на болка, за некој ќе е поболно, за некој полесно. Ама фактот дека има болка не треба да се прикрива. Напротив мислам дека полошо е ако ја претставуваме цела бременост, пораѓај и постпородилен период како магичен период пошто реалноста е дека нема да биде таков.
Баш во понеделник бев на контрола и ја слушнав сестрата и кажуваше на една трудница на почеток дека треба 3пати да направи бета таа да е над 15000 па да се види на ехо плод кај мене се виде на 6недели имаше и почеток на срцева реакција кај сите различно
И да читаш и да не читаш од членките колку боли породувањето сепак нема да знаеш додека не се породиш ти. Индивидуално е, секоја жена е различна и различна е толеранцијата на болка. Така што не ти менува баш многу ...
Искрено, мене на почеток ми беше претешко и ми е криво што немаше некој да ми каже дека не е магичен период, затоа што сите се напнати као мора да се поврзеш со бебето веднаш, мора да доиш, мора тоа мора ова, и се осеќав ко немајка тогаш, ко да не бев створена за тоа, не знам како да кажам Камо да имаше некој да ми кажеше дека е ролеркостер, дека нема да знаеш кај тераш, дека некој не може да дои итн Криво ми е што никој не ми ја кажа реалноста, затоа и се согласивам со тебе Исто, секој е различно толерантен на болка, јас не осеќав болка на прво станивање ами како влечење надоле за стомак Познаничка од отворена 8 прсти замина на итен царски, кажа полесно го поднела царскиот него природното Мајка ми пак, со едно природно и две царски не може да прежали што морав и јас царски, преболно било, природното било мачкина кашлица Секој си е посебна приказна, секој со своето, не се врзивајте за една приказна се додека не го доживеете вие... Секој доживива различно се Извини иначе само се надоврзав на твоето мислење, не те цитирам поради нешто др
Ако ми се обраќаш мене, еве ќе ти одговорам. Јас само споделив дека лично јас првиот природен пораѓај го поминав тешко со ужасни болки, што не беше случај со вториот. Затоа реков секој си е засебен случај. А Мискирова рече да не се оди царски ако нема индикации зашто имала болки и била врзана за кревет три дена. И тоа е индивидуално, цимерката моја исто не можеше да стане, а други родилки со царски шетаа по ходниците уште вториот ден. Како и да е, ти посакувам лесен пораѓај.
Повеќето трудници ништо речиси не кажуваа, барем околу мене..Кога почнав јас да се жалам, се отворија и маките ги кажаа. Така да, целата бременост не е лесна па ни одпосле..Јас верувам дека е далеку од магично после породување..
Јас бев со царски во 9 се породив одручекта не станува јас не можев бидејќи имав крварење на матка и ми ставиле гази и од тоа ми сметаше а другите си стана без проблем а плус јас по втор пат бев сечена на исто место претходно заради операција наредниот ден си станав без проблем се држев под стомакот и станував а дома имав ужасни болки во половината со недели таа ми беше трета анестезија во половината а здравје боже кога ќе дојде време за нареден пораѓај ќе барам целосна ако може заради половината ми се чини ќе ми откажи а најмногу ме лутат жените што се породени природно коментираат дека ни било многу лесно не сме сакале да се мачиме јас во 9ти месец разбрав дека треба со царски
Јас со првата бременост се чешав од кај 5ти месец додека влегов 9ти и тоа само на вечер пед да легнам се туширав и после кај 3пак спиење никако стомакот ми беше цел гребаници на нервна база ми беше дека прва бременост со инвитро не знаеш ништо само што влегол 9ти се исчезна се изнаспав за цело време што не спиев
Еве јас најдобронамерно ке ти кажам првото со царски бев не по мој избор после 36 часа од пукнат водењак се одлучи за царски ......неважно породена во 00:15 однесена во шок соба и станата од кревет прв пат во 05 : 30 во Чаир префрлена во апартман после 1 саат значи 6 часа и некоја мимута после пороѓај и не не сум јас мајката херој и тешко е ама не е толку страшно ....секој различно ги доживува работите и мене ме болеше и шетав низ ходник и колку побрзо почнеш да стануваш подобро ....не значи дека природно па мед и млеко тече ....пороѓај е ке мине колку и да боли треба да сме јаки и колку побрзо си мајка независна на своето бебе толку подобро .....било да си царски или природно
Не знам од каде тоа природен пораѓај било полесен. Да ми е жив и здрав бебуш, ама братче или сестриче може само посвоено да добие. Камо да ми кажеше некој што ме чека, психички да се спремам. Верував дека боли, ама...Може ќе пишам некогаш во породилни приказни. И јас не можев од кревет да станам првите денови, а цел месец на ќош на столица ручав, со неколку перници, некој пат не ни седев. Како и да е, обврската према бебето не ни дава после да мислиш на себе, уште помалку низ што си поминал. Уживајте во бременоста и спијте како што треба, тоа е најбитно. Болело не болело, мора да се помине низ пораѓајот за да си ги дочекате човечињата што растат во вас.
Дечки мислам дека многу погрешно ја протолкувавте членката што сакала да каже , еве јас ке ви кажам оваа тема е труднички муабети не породилни приказни мислам има и таква...Едноставно мислам дека не е место во оваа тема да кажуваме кој како поминал до сеа на пораѓај туку да споделуваме моменти од трудноча не од пораѓај ...
И јас мислам дека треба да се разговара отворено за болките при пораѓај и закрепнување, како и болките при доење, постпородилните депресии и дека едино нешто што е перфектно е бебето што го гледаш пред тебе здраво и живо, се останато не е воопшто бајка. Да бирам би бирала сите деца да ги родам природно, мислам дека болките при природен не можат да се мерат ни под разно со царски, да операција е, рана е ама 18 саати во болки не е воопшто наивно и мислам дека во други ситуации, тие болки нема да може никој да ги издржи, мислам дека тогаш жената добива неопислива сила и го издржува цел процес ама пак би го одбрала тој пат и се надевам дека повторно ќе одам на природен. Но ништо не е за подценување, ниедна болка, дали царски или природно, дали од епизиотомија. Јас имав среќа што не распукав и не сум сечена, па мокрењето и седнувањето не ми беше некој проблем, препоните болеа недели после тоа ама верувам дека жени кои се сечени трпат многу поголеми болки. Крај краева секоја жена е прича за себе, како и што секој пораѓај е различен, една жена-4 пораѓаи -сите различни, но мислам дека треба секој да има представа што точно се дешава. Јас пред прв пораѓај читав, гледав видеа на јутуб, едноставно ме интересираше се и пак не бев доволно спремна. Нормално е да се има страв, нормално е да го имаш најцрното сценарио пред очи, но треба да си свесен што те чека, дека не одиш со фризура на пораѓај и излегуваш со истата. Треба да се собираат совети за полесно поднесување на болките, вежби при контракции, после тоа доење, вежби за побрзо собирање на матката, постпородолни депресии. Добро е што постои форумов и можат да се читаат искуства.
Пантенол пастили, една дневно смееш само. Мед со црн пипер да си каснуваш повремено и чист лимон да пиеш голтка по голтка. Мене оваа комбинација ме оправи за 2-3 дена.
Не прават сите бета по три пати. Јас еднаш направив само. А за плод се гледа над 2000 бетата кога е. Се зависи кога е зачнато,ако е покасно зачнато како кај мене ке се види покасно,ако жената имала прерана овулација ке се види порано и така.