Заедно ќе чекаме ,во четвртокот правев јас....прееска од карго ми звонеа срце ќе ми искочеше .Ајде со лесно и убави вести да слушнеме која недела си?
Луѓе не генерализирајте за пораѓај. Нема правила дали царски или природно ќе биде лесно или тешко. Тотално е индивидуално, сплет на околности, организам итн. Споделувајте си искуства ама не се задлабочувајте. Јас искрено тоа што не ми се чита си го скролнувам и одам на следно. Не си правете главоболки од ништо.
Нема на што мене доста ми помага кокосовото масло и масленото средство за капење (бебешко) од бекутан , евтино е пробај.
Јас сум 10+1 според менс а според ехо од старт е помало 9+4 . тебе кај и да е деновиве би требало да ти се јават. ти посакувам одлични резултати.
Здраво мешиња, јас денес 17+5 утре сум конечно на преглед. Пред некој ден мислам дека го почувствував бебето, овој пат порано од првата бременост Ама од тогаш не ја чувствувам, тоа нормално е? Знам дека е рано ама нешто шубе ми е. Инаку неколку страници поназад ве читав разговаравте за чешање, стрии и иритации од бричење. За стрии кај мене најдобро се покажа БиоОил уште во првата бременост, не прави мрсни флеки, релативно брзо се впива и има пријтен мирис. За иритации од бричење, купете си тример (машинка за кратење на влакната) има едно многу убаво на Veet го има во ДМ. Мене одлична работа ми врши и никакви иритации. Друго, исфрлете секојдневни од употреба знаат да направат страшни иритации и алергиски реакции (ми се случи мене). И последно, купете си хиперманган за плакнење од аптека, најмногу помага во смирување на иритации, чешање и црвенило.
Фалааа ми се јавија,се е ок фала Богу....дај Боже така да си продолжи....сегде одлични резултати да има
Мене мислам дека од секојдневните ми се направи иритацијата. Ги исфрлив, третирам и полека се смирува. Кај тебе како се манифестираше?
ние сме скоро исто јас сум 17 + 3 денес и петок на контрола и пред недела дена мислам го осетив па после тоа чекам ама не е баш активен според се што читам тек после 27ма треба да се осеќа секој ден и да се прати ( не дека мене не ми е шубе ) ке си чекам до петок на преглед иначе ве читам за бричење итн само јас ли сум што се депилирам и првата бременост и сега нормално со чист восок и што не користам секојдневни .... иначе и јас имам секрет ама нормално е во бреѓеност да е зголемен нема промена на мирис на боја и само почеста хигиена ....некогаш и 3 4 пати во 24 часа менување долен веш и секогаш испеглан .....имам приметено дека кога не ми е пеглан долниот веш од прашокот имам иритација
мене со првата бременост не ми беше од првото до второто имаше 15 дена од второто до третото требаше да се 10 ама стадав на пораѓај секој доктор своја политика а и секој абременост е различна
Печење и чешање, местото осетливо и многу непријатно чувство. Плакнев со хиперманган и користев Канестен надворешно за да се смири. Откако ги исфрлив од употреба не ми се случило.
Фалаа дај Боже....денес точно 13та,минатата среда бев на скрининг и докторот прво женско му се виде,па машко и сега нифтито вика женска И првото ми е девојче
Така е ....кај сите само убавини и со лесно....Ќе се запишеме во темата "Термини за породување? Или рано е?
Брич употребив само еднаш, во првите недели и ќе умрев од чешање и осип. Ја прашав матичната и докторката што ме води, кажаа слободно депилирај се, само ако си ја знаеш козметичарката како работи. И оттогаш си терам кај неа како и претходно, внимателна е и чиста, ни иритација ништо. Плус толку многу ми се проретчија влакната во бременоста, што не се ни познаваат, 27+ сум, а само двапати се депилирав (една од ретко убавите работи на цела мака), така што следно ќе одам здравје пред царски кога ќе ми закажат. Ама па друга мака си имам, ми се јави осип на стомакот, и тоа неподносливо чеша, па ставам борова вода, од друго не се смирува. Ќе исчезне, па ќе се појави на друго место, мислам како што се преместуваат бебињава и на која страна ми го шират стомакот, таму се појавува и осипот, многу безвезе, ама како што читав, нормално било.
Жени 18+1 сум и пупките на градите како да ми се лупат,гледам како корупки такви бели има. А секој ден по два пати се мачкам од тие маслата за стрии на Еуцерин и путерот на Хипп,и на нив ставам обавезно ама џабе. Има некое чаре или нормално си е?