И мене ми е така, како засирено. Немаш потреба да ги мачкаш со масло, нормално е такви да се, не е ништо неубо.
Го мачкам и вака и така за стрии да не ми искочат и цели ги мачкам мислев ке помогне нешто за корупките,ама добро чим си е така нормално нека ги. Фала ти
Апсолутно сум За за да се зборува повеќе за постпородилниот период и да се тргне тој притисок од мајките дека во четврто тромесечие се е розево. И дека првиот момент со бебето е магичен и дека одма се снаоѓаш во улогата и дека сите чувства и мисли ти се под конец и други гревови. Неколку страни наназад во темава се разви дискусија околу тоа и баш ми е мило. Инаку не мислев на никого кога пишав во моментот, прочитав неколку мислења едно по друго и затоа се изјаснив.
Многу ми е мило што прочитав дека пак си бремена Со лесно да си ја износиш и оваа бременост, две сестрички, голема радост
Фалаа дај Боже замисли сега природно Господ не израдува ,и јас за тебе многу се израдував...ти ситно броиш ...со лесно да ти е и најсреќни да сте-заслужуваш!
22 Недела од денес и почнаа киселините секојдневно , рупурут имам ама кажано е да го избегнувам. Што јадете , а да не ви прави киселина?
Ако си имаш мака што и да јадеш и да не јадеш пак ќе си имаш киселини. И да најдеш чаре, нештото помага само моментално и за 5 минути пак гориш Нека кажат другите ако грешам... Све е пробано и ништо не помага. Ќе пројдат после пораѓај
Јас сум пак на сува храна, исто ко во прво тромесечие, ѓевреци, двопек и компир, а единствено што ми помага е кока кола. Знам дека ништо од ова не е ни хранливо, ни здраво, ама морав да најдам нешто што ќе ме одржи во живот. А килажа си качувам, бебињата пред 3 недели беа ок, ќе видиме во понеделник, се надевам дека нема пак да заостануваат.
Здраво маички, 27+5 еве неколку дена имам слаби менструални болки и многу често мокрење, речиси на 1 саат. Дали е ова нормално
Здраво жени, денес се видовме до бебе, си расте супер, развиено е се како што треба и си одговара на неделите. Не изненади и мене и тато многу и се покажа дека е мало маже Стварно не очекував воопшто машко бебе, сите околу мене се со женски и во двете фамилии првите деца се женски, а и на првиот скен ми рекоа личи на мома, па се така ми одеше умот, ама ете изненадување Маж ми радосен денес ќе пукне, не дека е машко, секако ќе се радуваше на се, ама дека тој единствен беше од сите што одма рече машко е. Како и да е среќни сме и срцето ни се исполни дека се е во ред и го видовме после месеци. Го гледам на сликичето и му викам, види го во носот ист како твојот уште сега гледа, стварно луѓе ист му е
Аиии после толку маки и неизвесности, природен дар од БогаЕптен ме израдува сега, си ги пратам јас моите другарки по мака и ваква вест дава секогаш надеж Од денеска 36, бројам ситно ама нека си поседи уште малку па ќе се гушкаме Фала ти за поддршката, многу ми значи
Јас си стојам на вага, до пред две недели бебињата секогаш беа некој ден понапред , а сега почнаа да заостануваат, во понеделникот бев на контрола докторката не кажа ништо за тоа ваљда не е значително ама јас се разочарав си викам нешто да не грешам.
Јас се давам во киселини веќе 3 недели, сега се најинтензивно, само можам да седам и да лежам на страна, полулегната само од сабајле на празен желудник. Мене моментално ми помага јаболко и чај од камилица или нане и газирана вода, ама ја избегнувам ради грлото да не го дразни многу.Уште кога јадам на ручек како се спушта храната така во ист момент се враќаат киселините, не сум пиела некои таблети, ќе прашам во петок, ама гледам да ги избегнувам. Не можам да се најадам како човек Во секој случај прашај си доктор што да се напиеш, сепак рано ти почнале, ама како се мести бебето може и ќе попушти