Без гајле и јас си го откажав кафето многу ми сметаше (претходно многу пиев) посебно дека го пијав горко ми се чинеше горчила во уста ставам и сега си пијам какао тоа си го пијам поблагичко и многу ми е убаво а нагли движења и јас правам и кога ке ме заболи тогаш ке се сетам абе смешки а и што кивам од алергијата веќе ми се смачи од стегање дури од кивање ме боли некогаш стомако ццц!!! ама тоа е ко неможи ништо да се користи.
Eee не остави во неизвесност, никаде ја нема Noelle де бе не се нервирај И кај мене е ист случај , склет ми е од се, посебно на живци ми оди што неможам да се превртам веќе како човек во кревет Викендов планирам да патувам, на гости до кај моите да отидеме на два дена, па викам да си земам јас за секој случај торбиците за во болница и за бебето, да не ме фати таму случајно
нели ни е рано меу инаку јас кога бев последен пат на гениколог ми кажа дека краен термин ми е 2 ноември ако не се породам до тогаш ќе биде со провокација а инаку термин ми е 25.10 така да постојано си велам има време инаку овде во франција ти си избирас како сакаш да те породат дали со епидурална или без анестезија и не се плаќа јас мислам дека не би можела без анестезија
ааа надеге нема правило, рано/касно, они како ќе си сакаат така ќе биде, нас моментално никој не не прашува Туку да дојдам јас кај вас да се породам не е лошо чувај едно место до тебе Јас да ти кажам сум спремна, за бебето, не сакам после да се туфкам . А и за себе, си велам дека може да биде во секој момент, па на тој начин се подготвувам да не ми дојде наеднаш
Ануле88 за кафето ама ич не мие криво за кафето до душа убаво ми беше кога си пиев едно насабајле ама за бебенцето се ке се прави но најкриво мие кога ке истрчам за некоја не толку важна работа и од после ке ми текне абе чекај полека па бремена си мајка му стара но се надевам дека кога ке ми порасне уште малку стомачето ке ми текнува почесто....сега многу малку ми се познава дури и мајка ми се зачуди кога ме виде ми вика аии леле мајка па ти веке имаш стомаче. ( od jadenje e valjda hahah ) ......инаку денеска нешто главоболка имам но не толку јака што убаво си фатив да си легнувам во 11 и да си станувам во 8-30 без аларми без ништо порано неможеше ништо да ме разбуди а сега веке и сама си станувам А и да ви се пофалам почнав да доручкувам ... ве поздравувам и ви посакувам пријатен ден
ее браво за тебе, јас кога и да легнам сама од себе нема шанси да станам пред 11 часот, и неможам да доручкувам, така си бев и таква си останав, прв оброк ми е ручек. А за кафето не жалете и јас неможев да мириснам кафе првите 4 месеци, а сега пред 2 3 недели желбата за кафе ми се појави и се надмина сама себе, ама ја контролирам таа потреба и во двата дена еднаш пијам кафенце така за душа а дали на некоја и се случило додека спие бебето да не ja остава на раат? Моето бебе мирно е цел ден, ама навечер кога легнувам да спијам кој знае што се не прави, ребрата ми ги извади
Искрено, баш и не сум во тек со кафево, штетно е па пиете поретко или едноставно не го поднесувате??? Јас се растурувам пиејки кафе, две турски и два - три неса дневно ко од ракав ги вадам. Значи како ми се усладило кафе и ко за чудо пиво во последно време- бог да чува! А и имам проблем со притисокот постојано ми е низок до екстремности па вака имам двојно задоволство
senjorita lombardi и да знаеш мила дека тоа за мене е многу голем напредок да станувам на време и да доручкувам бидејки јас од кога знам за мене мене доручек ми бил кафе и цигари....па така да многу сум си срекна дека можам да си јадам на сабајле хахахах цигарите ги остававив ама се надевав дека барем кафенце ке си пијам ама немааа хахахха а за другото прашање неможам да ти дадам одговор бидејки имам време јас додека да почнам да го осекам бебчето... Сега на 15ти во понеделник имам термин се надевам дека ке можам да слушнам срцева реакција ке бидам почеток на 7ма недела..... ве Јас неможам да го пијам бидејки се трчкарам со цревата цел ден.....дневна wc и се така....
добро моето е помало ама пак е лошко и не само преку ден и мене цела вечер лом ме праи дури и се будам од него а и на сабајле е истото тоа ме буди
па викаат дека не требало да се пие кафе во бременоста, мене таа што ми беше матична на почетокот од бременоста, ми кажа дека во денот може да се напијам едно кафе ама да избегавам, и оти првите 3 4 месеци не ми беше убаво, не пиев кафе воопшто, а сега оти почна да ми се сладува пробувам да го избегнувам пак ама кога не можам си купувам од оние нес кафињата 3 во 1 тие ми делуваат по слаби дека се, и со млеко ги правам и така си ја задоволувам желбата за кафе. А турско во текот на бременоста до сега се имам напиено само 2 кафиња што е успех за мене, оти пред тоа пиев по 4 5 на ден со цигаришта, и како што се откажав од турското кафе така си се откажав од цигарите, но ми беше чудно оти не ми падна некој тежок проблем откажувањето на цигарите, оти исто како кафето неможев да ги поднесувам, и сеуште не ги сакам, изгледа се навикнав
Ауууу ... се засекирав сега. дали дека мене никогаш за време на бременоста не ми се гадеше, немав ни киселини ни слични тегоби па од ништо не ми се одмили. Мака мачам искрено да ви кажам и со цигарите. Сум била пушач и тоа каков, сега кафето без цигара ама ич ми нема смисла. Али ај, греота да трујам мало душиче.. Да немам здрав памет= уффффффф како би запалилаа едно две три пет шест цигарииииииииии одеднаш...хахаха ( се шалам)
Е ако има нешто од што најмногу ми се гади тоа е трудница која пуши, одвратна работа, не можам да смислам. Неодамна видов една, кај што беше мала, одвај 20 да имаше, па и со цигарата во рака а во другата хамбургерот, ама цигарата не ја испушта, кока колата на маса секако. Абе срамота, истрај 9 месеци мајко му, ако не успееш во тие 9 месеци да се откажеш од цигари и лоша исхрана никогаш не можеш. Најстрашно е што девојкава работи во фотокопирница, кај што значително се зрачи од сите тие зраци од фотокопири и принтери, па уште и требаат и цигарите и фасфудот. Можеби ќе бидам многу полоша кога ќе бидам трудна, ама во смисол да барам здрава храна, дури ако треба и ќе претерувам, ама знам дека нема да му наштетам на моето бебенце.
и јас секогаш мислев леле како ќе ги оставам цигарите кога ќе дојде бебето, оти пред тоа неможев без цигара ни без кафе, и еден ден со мм бевме на вечера и јас цела вечер не излегов надвор да запалам цигара (нели со законот сега внатре не се пуше) и мм ми вика абе ти не излезе на цигара, а јас да бидам искрена не ми ни текна, заборавив и после на кај дома палам ама не е тоа тоа нешто ми се дешаваше чудно, утрето требаше да добиам, а јас земав тест напраив и излезе позитивен, и тогаш ми стана јасно што била работата со цигарите. Е сега незнам додека цица бебето дали смеам кафе да пиам, за цигари тогаш знам дека е категорично не, ама за кафе не знам
Здраво *идни* мајки На еден српски форум за мајки и деца имаше една мајка прашање поставено колку и дали се штетни цигарите за време на бременоста И сита дадени одговори беа од бремени или мајки кои се изјаснија дека пушеле цела бременост по пола или цела кутија на ден И дека пак имаат здрави и прави деца Тоа е се во ред и баш ми е мило за нивните деца , ама па греотка е уште неродено бебето мајката да го труе со никотин И јас бев пушач пред бременоста Пушев и до кутија на ден , ама кога дознав дека сум бремена престанав да пушам И дури како што и некои викаат и кафето не ми беше слатко без цигара И цело време додека ја доев керками не запалив цигара Е сега веке кога се одби од цицање пак ми се пројави желбата за цигари , ама па гледам да избегнувам а и плус па и многу скапи ми се 5 евра кутија не се тачни
За кафе во бременоста турското многу убаво ми мириса, а имам испиено се на се некои можеби 3-4 турски, и пред тоа не пиев, разликата е само во мирисот сега. Нес пиев, скоро секое утро додека не почнав да го кревам притисокот, па престанав. А сега си пијам наутро какао, а може и преку ден уште една чаша да се напијам. Сењорита, за мрдање, ми се случуваше да станам од спиење зошто мислев дека има земјотрес, два пати така се зезнав, за на третиот да ме размрда бебушот преку ден па да сфатам што е штосот. Пред некое време почна да ме мава во ребра и желудник, ама буквално да ми превртува се, па од што ми е лошо се будам и неможам да спијам додека и она не заспие. Движењата во периодот кога бев колку тебе, беа жива смешка за денешните. Но, не се жалам, само нека прета. Сега е многу болно кога се тегне, цело раче го испакнува и тоа навистина боли, ама ако.