Читав тука за ланолин после породување, дали може и пред породување? Јас имам такви корупки малку ми се исчистија со млеко за тело и бебе масло, ама има едни потврдокорни што не паѓаат, па сакав да пробам со ланолин.
Не знам зошто не би можело. Тргам од таа логика дека штом пишува дека не се одмива пред доење на бебето, значи нема штетни состојки во него. Ова е од бадемово масло што го користам јас. И моите беа тврдокорни и баш ме нервираа. Со првото имав затнати канали кога се породив, може нема врска ама од овие корупките искрено ни млеко не би протекло. Затоа на време реков барем ова да средам
Така е во право си, ако се нанесува додека се дои тогаш не би требало да биде проблем и пред тоа. Ќе купам и јас да пробам, сакам да ги исчистам пред да се породамФала ти мила
Лани со претходната бременост купив од Зегин што е кај градска добар е јас го носам кога сум подолго на нозе и кога чистам полесно ми е со него.
Истото и мене ми го збореа дека морам со сила да јадам дека се две им треба повеќе и бла бла бла али ете до сега со секоја контрола се покажа дека се супер а јас ни килограм г немам плус на вага од денот кога дознав дека сум бремена
Од почеток од кога дознав дека сум бремена. Сабајле мачкам масло од Еуцерин а навечер маст што сама ја правев од масла.
Нема на што таман работа. Кога моиве паднаа тврди и суви корупки како барут ќе паднат на сите . Сега не можам да им се изнагледам на пупките, како други да се, чисти, свежи, розева свежа боја. Леле муабетов
Како успеваш??? Јас 27+, веќе имам 7 кг качено, иако буквално гладувам, многу помалку храна и калории внесувам од пред да забременам, ама килограмите си идат нагоре и тоа се во последниве два месеци. До крај очекувам уште најмалку 10-12 дека ќе отидам, ако не и повеќе.
Ова со лупење на брадавиците се случува кај сите или не мора да значи? Мене стомак не ми се познава ич, ама затоа гради на претек….два пати досеа купив нов градник бидејќи старите не ме собираат
Дали трудна со близнаци се оптоваруваш со исхраната па и јадеш помалку од претходно? Не велам да јадеш ко да не си видела, ама да се изгладнуваш ич не ти е паметно. И да, овошје, зеленчук, месо, риба, се треба да јадеш умерено. Не мора шеќери и благо, ама здрава и свежа храна мора. Ништо не значи што сега ти е ок крвта, за 2 недели знае да се смени ситуација, така да за диета ќе почекаш. Иначе качување килажа врска нема со тоа кога ќе почнеш и колку ќе качиш до крај, почнав турбо, качив 8 кг за 6м и еве стагнирам од тогаш. Јадам се, овошје, салати, месо уф колку сакам месо, риба, благо, тесто, се јадам, ама не се поправам многу. 8 кг и не мрдам еве втор месец. Се изнајадов бурек цела бременост, јадев и тост и сладоледи и се што ми посака душата, ама пешачев многу, бев подвижна многу, секоја прилика ја користев за движење и мислам дека тоа ми помогна најмногу, затоа и имав помалку болки во препони и повеќе кондиција, за разлика од првата бременост. Што се однесува до пупки и корупки, тоа се ќе падне со млекото, ама нема одмет од ланолин или друга некоја маст. Убав е ланолинот на ДМ, а ефтин. Јас имам од првото еден блистер што ми прави како корупка и се лупи цело време, ама уште не мачкам, ќе почнам кај и да е. А тие како тврди на самите канали се од колострумот сега што се ствара, нормално е. Јас ги чистам со пешкир на бањање и паѓаат. Се е нормално и ништо не е нормално дур сме трудни, тоа е.
Далеку од тоа дека држам диети, проблем е што имам премногу киселини и не можам буквално ништо да јадам, па бутам само нешто суво колку да преживеам. Салати си обожавав, ама сега кога каснувам мислам дека желудникот низ грло ми излегува. За движење, скоро ич не се движам, први 4 месеци крварев и бев на строго лежење, а сега имам мака со кичмата и отоци, ако стојам и пола саат на нозе, ми отекуваат од колена надоле и кај глуждовите ми се прават топки огромни што многу болат, па и пешачење од 20 мин го сметам за успех. Килограмите не ги рецкав многу многу, ама не знам зошто докториве толку ми напињаат со тоа пази да не качиш многу, ќе ти биде тешко, може ради дијагнозата на рбетот. А и така ми е веќе тешко, почнав со 48 кила, 165 висока, сега имам 55, ама ги осеќам како 100.
Со две недели помало меше се беше супер. Недела +- е сосема нормално. Не знам што е чудно за килажата. Секоја бременост е различна, се додека некој не се изгладнува се може. Со првото качив 9кг. Второто 6кг. Третото 3кг. Сега четвртово, од утре сум 38недела до сега имам 8кг. Помеѓу 31 и 37 сум намалила пола кг. Аман ми се вика. Толку горе е качено, ми се чини дека абер нема да испаѓа наскоро. Денеска бев да пазарувам и сфатив дека и тоа веќе не можам. Околу час ме фати од рафт до рафт, додека платив, па прераспределував и ставав во кола. Ќе се онесвестев. Едвај чекам маж да си дојде викендов
Може, секако. Слабееш ти колку што тежи плодова, бебиња и сè друго. Со првото на породување отидов со +1 кг. Внимавав на исхраната цела бременост поради скриен шеќер, побрз ми беше метаболизмот поради понизок ТСХ, во движење бев цело време. Гладна не бев, бебето супер напредуваше.