Исто од почетокот на инф до пораѓај заминав со 30+ после пораѓај за еден месец-15кг да се чудиш и докторот се чудеше вика како е можно толку брзо да ослабиш а не изгледав за толку кг малиот беше 3550 сега па од почетокот на ивф сум плус 7кг 13недела сум и не се замарам знам дека здравје боже ќе ослабам пак само да е здраво и право бебето
И волуменот на крвта се зголемува во бременост, и таа придонесува за повеќе тежина. @Lavica2602 Се пријавувам за оргазми во сон. Сега уште не почнале, но во првата бременост на секое ми се случуваа. Прво шубе ми беше да не нешто наштети тоа, но нема гајле, не се секирај. Соништа со секс се изнасонував, хаос бев во спиење. Врв ми беше сонот со Хитлер, се убивме од акробации во сонот
Не знам дали од времето битно исто со главоболка или кај да е ќе развијам и јас симптоми на вирус бидејќи како по "нормално" моите колеги при можност за работа од дома в канцеларија доаѓаат со температура, стомачни тегоби и се останато. Веќе ни маски ни ништо не важи и не помага. Колку и да е со ист телефон, документи итн ќе се погоди да се искористат. Плус ладно надвор без многу можности за чести луфтирања. Планирав до почетокот на 9ти да доаѓам тука бидејќи и немав некои проблеми ама деновиве се повеќе размислувам веќе од одма да се префрлам на работа од дома и да не ризикувам ни со вируси, ни со ладно.
Јас сум 30+2. Со спремање речиси до нигде. Нешто имам подкупено од мерак и некои алиштенца имам прибрано што ми ги дадоа. Ги исправ колку да видам дали ќе излезе кај што имаат флеки, ќе се преперуваат официјално секако. И уште многу имам за купување од најситно до најкрупно. Јас сум во понеделник на преглед па после него планирам да докупам алишта, да ми остнат само покрупните работи, креветче, количка, кадичка. Оргазам во сон ми се случил неколку пати. Желбата си го прави своето. Нас ни се дозволени односи, ама не можам и не можам. Ќе си почекам.
Знам дека не се многу кг, според апликацииве кај што внесувам се и малку, ама јас и претходно си бев испод нормална тежина. Сега сите 7 кила ми се во стомакот и градите, и едно го препишувам на отоците-топките на глуждови. А во раце, лице, нозе сум послаба и од претходно, па ова стомаков ми тежи и ме влече напред, ко пингвин одам.
Добро утро мешиња Јас сабајле бев на преглед, сѐ е во ред бебе одговара на 18+4 а јас сум 17+6. Докторката ми рече дека плацентата е малку ниско, треба да се качи и дека сега за сега нема паника. Сакав да ве прашам дали и кај вас се има случено и можно ли е да не се качи? Крајот на декември имам втор фетален и ќе прашам секако, ама ме интересираше мислење. Инаку времево и овде тмурно и врнежливо, да пиев кафе како би се напила една шолја ама исто како и во првата бременост, немам никаква желба за кафе дури гадничко ми е. Имајте убав ден
Како ќе оди бебето нагоре така и плацентата ќе се крева. И мене на почеток на дежурен заради кафеав исцедок ме имаа испаничено дека е ниско, дури и во извештај имаа пишано. После тој преглед ни докторката што ме води, ниту на скрининг ми спомнале дека постелката е проблем, што значи нормално е да е ниско на почеток. Сега сум 21+.
Мене ми беше ниско ама ми рекоа кај 50% од жените е ниско тој период и како ќе натежнува бебето, ќе си се качува. На втор скрининг веќе беше качена.
Еј морав да те цитирам за оргазмитеуште од прв семестар ги имам ама беа баш чести може 2-3 неделно ама тогаш ми одговараа, ни беше забранет однос заради крварење што имав си викам ајде бар некако да осетам и јас убавина. Бевме блиски со мм и се тоа ама чепкање долу никако. После ми се намали желбата за сега трет семестар пак да ми се појават, а воопшто да не размислувам на тоа или да имам потреба. Е сега заради скратениот цервикс ни се забранети и почнав пак да сонувам ама веќе со страв. Се изнабарав на интернет, се изначитав и демек оргазмите предизвикувале контракција на матката а со тоа можело да се створат истите контракции за породување и ако си со ризик не треба да ги доживуваш. Значи ова ми е само од интернет не ме зимајте здраво за готово, немам прашано доктор, не ме цитирајте дека да беше така лесно со оргазми ќе се пораѓавме.И сега осеќам голема грижа ама па тоа не се контролира и појако е од нас самите и како треба така нека биде. За спремање јас си имам одбрано се, алишта имам веќе наредени само треба да се исперат, здравје ако е се во ред планирам 34 недела да ги исперам. Креветче имаме, а се останато е на скриншот мм да оди и да купи, кај и да е ќе го праќам чекам последен момент да видам дали ќе ме ослободат од лежење во кревет зошто од кога дознав дека сум бремена купувањето ми беше голема желба, ако не ме пуштат бар се е одбрано и мм нема да утне сам
Za orgazmite morav da si kazam, ne se trpese Od alista za bebe sum spremna i jas, ke se perat i peglaat isto vo 34ta nedela. Nemam kozmetika, i neznam sto mi treba za nega na papoce, neznam za mene sto treba od kremi za pupki i kakvi, dali mo se potrebni vloski za gradi, kesicki za skladiranje mleko i slicno. Isto sakav da prasam, dali e potrebno da kupam nekakvi lekarstva za bebenceto, preventivno da imam doma. Zbunka sum celata. Od oprema, se opremivme od enci menci kadicka so postolje komplet so del za preslekuvanje, i transportno krevetce/stolce od chicco za vo dnevna. Ostana uste drveno krevetce za vo spalna i kolicka.
Не се секирај, и во Плодност ќе ти кажат за нега на папоче што треба, мислам рече дека таму ќе се пораѓаш. Мислам дека Бенеоцин прашоче земав и гази, ама не ми текнува точно што друго. Ланолин од Медела имав за брадавиците, а влошки за градите земи си ако сакаш едно пакување и ќе прикупиш ако ти треба уште. Јас имав еден куп земено и ни едно пакување не потрошив. Ќеси за складирање исто така ќе земеш ако ти треба. Јас не употребував, џабе ќе ги купев предвреме. Не се секирај, сè ќе опремиш, а многу работи и отпосле може да земеш.
КАј мене баш и не беше вода. 15 кг се поравив, на испис со - 6 искочив. Едвај после 9 месеци се вратив на нормалната килажа. Јас отоците во првата бременост ги препишував од топлото време, но еве сега е ладно а ти ги имаш. Што значи дека нема врска температурата. Да не те плаши, може и цели пети да ти отечат. После порагај ќе се вратиш во нормала Ко пингвин одам и јас 2 дена, ме боли крстот, едвај се движам со +4 кг
Ќе ти објаснат се, какви витамини, капки за грчеви, пробиотик, све тоа ќе ти објаснат на прва контрола кај педијатар после пораѓај. Искрено мене влошки за гради ми беа потребни, оти бев жива вода нон стоп хаах, наместо мрежасти гаќи носев памперс пошо крварев многу.. не знам дали имаш пумпа за молзење ама тоа ќе ти е потребно ептен ако доиш. За козметика за бебе јас Веледа и Мустела стелатопиа користам, посебно кремата Веледа за пеленска регија ми се покажа најдобра од сите. Ако немаш пижами со компчиња, купи си, тие ќе ти се најпрактични за низ дома, посебно на вечер ако го доиш, јас не носам мајца под мене никогаш и со обични пижами бев нон стоп гола во половината.
Здраво женски.. да си се пожалам.. поголемото дете болно веќе 3та недела, вчера не ни спиеше кашла бувта исто и јас не спијав.. стани седни мамо ми се моча ме боли грло па поврати шлајм па температура. јас поминав само со мали болки во грло во овие 3 недели.. во понеделникот на преглед 3 прсти сум отворена, чепот ми падна исто.. од болки абер нема.. е сега по малку ме боли половината дали од што цело време стани седни по детево или е нешто друго и како да ми се укочува левава нога.. се думам да појдам на цтг тука каде што живеам, оти планирам во плодност да се пораѓам па имам мин. 30 40 мин да стигнам.. за првото болки ич ако не имав крв кога станав немаше ни да појдам.. а 7 прсти отворена бев.. Плус страв дека сама сум дома, детево кај болно па да организирам да го оставам и да тргнам.. паника на 100ка.. Поздравче мајки
Не се секирај, плацентата се позиционира некаде до 28 недела. Почнав да поткупувам по нешто, ама не сум почнала да перам, пеглам редам. Немам ни сила додуша. Инаку влошки јас многу трошев. До крај додека доев, цело време бебе цицаше, а од другата течев. Ама како што ти пишала и Оли за почеток едно пакетче ти е доста, бар додека да средиш лактација, па ќе видиш колку и дали ќе имаш потреба. Кесички не ти требаат за почеток. Ако толку мислиш дека ќе ти треба за нешто можеш неколку стерилни чашки, од оние за урина да земеш. Ланолин на медела ако сакаш да не измиваш, ако измиваш мислам можеш било која крема за брадавици. За бебе, беноцин, хидроген, стерилни газички, алкохол, монодози физиолошки или солен раствор за носе евентуално. Се останато че се купува по потреба, нема потреба да трупаш. Ај добро утро. Неколку дена ме нема па еден рапорт. Принудно останав дома порано. Незнам дал ќе се вратам уште некој ден или толку ќе биде работа до породилно. А останав зошто мали извади сипаници. Летоска сите кога имаа во негова група во градинка не ги фати, сега ги закачи. Така јас сега кај ме изедоа киселини уште и со него со мачкање се расправам. Прво бегаше не сакаше да се мачка му студело, е сега кога почна многу да чеша и боли седи како попче да го мачкаме. Турен е колку многу е исфрлан, гревче. За среќа со тт добро се држи. Ама пред да ги извади и ларингит си закачи, па сега што попрво да пазиме и допазиме. Јас прво се испаничив иако мајка ми е сигурна дека сум ги лежела како бебе, ама стално има некој со онаа приказна два пати дека ги прележал и црвот почна да ме јаде. После ми текна другарка ми дека и трудна ги лежеше па ене го дечко од 10 години, здрав, прав, и нејзе тогаш и на инфективна и кажаа дека после прво тромесечие не се ризични за бебе, освен ептен на пораѓај да не отиде човек со нив. Е тука пак во математиките почна да ми се мати и да ме фаќа паника. Иако до терминот има доволно долго и за инкубација и да прележам и да се опоравам, ама јас со мојата паника дека ќе се пораѓам пред време. Е денес бев на контрола и се е уредно и никакви индикации за пред времено породување нема, плус и докторката не покажа ни најмал знак на загриженост, па конечно се опуштив. Ами што можам да направам кога нели најзаразно е пред да избијат, а јас тие денови спиев со мали, така да само може да се нервирам за џабе ништо не можам да сменам. Бебе е одлично и си расте. Напредно за една недела, ама тоа цело време си тера така со мерки, така да нема простор за паника. Ддмерите откако прекинав со аспирин се отидени на 2000, но за сега на постелка и протоци нема индикација за паника, па останува да контролираме почесто плус и заради граничните вредности на шеќерот на оптеретување, па контрола за 2 недели и тогаш ќе видиме дали ќе има потреба од некакви интервенции во терапии. Цервикс 30мм што за неделата е солидно, останувам со утрогестан од 100 исто до наредна контрола. Туку вие што сте бремени со второ дали и кога почнавте да го имате она чувство како кога надоаѓа млеко. Од пред една недела почна од време навреме кога ќе извадам прслук, ако нешто се возбудам да го имам она пецкање како кога движи млеко. За сега не протекува(додуша мене ми е страв да пипнам). Заборавив да ја прашам докторката па да знам дали да паничам и да и пишувам или тоа е нормално. А и бебе замислете поставено е со глава надолу (така било и претходно), ама јас имам чувство дека во денот прави по три ротации. Искрено веќе не ми е ни битно, зошто само сакам да дочекам да влезам во 9ти, па после како сака кога сака нека излегува. Се ме боли веќе, едвај спијам, едвај седам, за јадење да не правиме муабет цело време сум гладна, а не смеам да ставам залак зошто киселини на најјако. Туку овие две недели со мали дома да искористам да запеглувам по некое парталче за бебе и да редам да не треба мм да бара друга жена за перење и пеглање ако залегнам.
Додека беше топло и ги немав и се чудев како е можно, ни од стимулациите за ивф отеков, ништо. Ова ми се случи првпат ковид кога закачив во октомври, не можев нозете да си ги мрднам, маж ми ме носеше и до тоалет во раце, болеа како со ножови да те сечат и отекоа многу. Од тогаш навака ретко кога не ми се отечени и болни, купив и два пара чизми 2 броја поголеми, колку за по лекари, ама и тие не ме собираат, џабе, на пораѓај во папучи ќе одам изгледа. За докториве се ова било нормално, ич не се замараат кога кажувам, ама многу е болно и непријатно. Туку нека остане само на ова, да не се влошува и искрено се надевам дека барем делумно ќе се врати се во нормала после породување.
Мериш притисок , ддимери и хемостаза имаш проверено, во ред нормално е да имаш отоци али ти уште не си ни при крај со бременоста. Не се оставај така барај и второ мислење ако треба.
Потполно те разбирам. Истото го поминав, од 37 број кондури преминав на 41. Отоци, болки, мене и предмети ми паѓаа од раце, немав осет. Колку и да нас ни изгледа страшно, ако сите прегледи, испитувања, резултати ти се во ред, за докторите е нормално. Верувај поминува, се враќа во нормала. После пораѓај веќе никогаш не ми се повтори. Еве сум бремена со второ, ниту пак сега ми се повтори. Ќе помине @Suze18992 3 мислења барав сите беа со ист став.