Добро утро мешиња! Синоќа не се трпеше колку ми беше тешко, пукнав! Никако не оди ни лево но десно, ни право, ни криво, ни легната нит станата нит никако... пукнав! И некако денес ко да е помирен, се напив кока кола и благо прееска и мрдна. Ама пак е мирен каде каде повеќе. Ако се сетам наназад синко беше далеку помирен и не паничев ич, ова се научив да биде немирно и сега ми фали. Ми стигна врекичката што ја нарачав од Мапет ама ќе ја вратам, преголема е, се надевам ќе најдам нешто соодветно да го дотерам за од болница мајмунчево. Што се однесува до останати работи се е купено веќе и ќе не чека сега само да се реши да излезе. Рано му е уште, ама таму после 15 веќе ќе биде безбедно мислам, а нема да се бунам да реши и кон крај на годината или уште подобро на 31ви, отсекогаш сум сакала бебе новогодишно. Во Биотек боцкаат со сигурност, јас правев. Леле не се оптеретувај толку, јас спомнав дека ги нема за 400 туку се 1300, не е дека којзнае што направив мислам. Сепак не мислев ништо лошо, недоразбирање беше. Инаку цените во Н&М се лудило, не знам кој им купува, Вајкики имаат каде каде поефтини цени, е сеа растурено е, ама тоа не е до нив, до нашите жени немарливи е. Тие и во Диор да влезат исти ќе бидат. Како тргаат, како влечат, не се оптоваруваат ако им падне нешто... јас се скарав со една госпожа во Вајкики, влече тегне, не се замара и уште и паѓа доле и не го зима, јас со стомаков се тегнев. Ми вика ако си будала кревај, за што се платени овие овде... Срамота.
Шокирана од цените во HM, ваикики и слично, случајно свекрва ми мѝ кажа бутик во ГТЦ најдоле за трудници. Си купив фармерки за 1500 ден, зимски дебели, со ластик за мешето, цените им се сосем океј заразлика од другиве места. Не сум сигурна за името, имаат лого важно пишува трудници, верувам дека лесно ќе го најдете. Видов и фустанчиња и хеланки и блузи, се. Само со фармерки искочив, ама еве ги носам 3 месеци, верувам дека со нив до крај ке истерам.
Кај во Вајкики купив тренерки за 399, фармерки за 699, блуза со бебе на мешето за 299... Само треба да начекаш попуст. А пред тоа во специјализирана продавница за трудници купив фармерки за 2500, отров.
За вреќичка мислиш зимска за надвор или за спиење? Оти за надвор скоро видов Тила и во Локо Кроко ептен убави, посебно скафандерчиња за новороденчиња. А и во Локо Кроко имаше попуст на алишта 30%, не знам дали уште важи.
Супер што си начекала. Да, тогаш имаше доктор таму, сега се само лаборанти и биохемичари, затоа тестот се прави сега само во Тафталиџе
Ни едното ни другото, ми требаше нешто за искачање од болница. Ова е ко ќебе вреќа, маченце, многу е слатко ама огромно е. Ќе го враќам. Ако ми враќаат пари ок, ако не ќе нарачам нешто за замена. У право си, сега само во Тафталиџе проверуваат. Туку не ви кажав, денес ме испраќаа колегите од работа, се собраа купче сите, ептен ме изнагушкаа, па подароци, па сите по нешто и така заврши и последниот ден од работа пред да отворам породилно. Емотивно ептен. Не очекував од некои колеги дури. Драго ми беше. 2 сме што во кратко време ќе раѓаме и ќе ни биде забавно.
Не пишав ништо лошонамерно беше шала, те разбирам и мене ми се има случено во h&m ама надвор. На пример само S e na popust ист модел само различно бројче и различна цена.
Проверував денес витамин Д3 за да видам за еден месец колку е покачен. Ии многу е покачен, аууу од 18 на 21. Предозирање. Ги пиев капсулите на Крка. Врска немаат. Сега ќе земам капки Пливит. Го прашав гинекологот колку да земам, тој ми препорача 1000 единици и да не надминувам повеќе.А јас бев решена да земам 2000. Што мислите, што да правам? Зошто да не надминувам таа доза, не ми е јасно.
Тотален хаос прават по продавници. Затоа не ни влагам повеќе ни во ваикики ни во зара. Невоспитани се скроз...
Јас со 67 вит Д3 умерен недостаток ми даде ендокринологот да пијам капки по 2 од 1000. А ти имаш многу помалку од мене и ти дал од 1000 да пиеш. Чудно ми е баш.
67 твојот според мојов резултат е оптимално количество. Можда зависи според кои параметри од лабораторијата. Ама стварно не знам што да правам. Тој дан мисли дека многу ќе ми се собере и од исхрана и од пренатални. А пренатални не земам некое време. Ништо, ќе си земам 1500 и тоа е тоа. Ваљда нема штета. Каква штета би имало по плодот повеќе витамин Д3. Ама и мене ми е понизок дури. Не знам стварно.
Да,во различни лаборатории различни вредности. Ништо земи си 1500 и пиј си ко што викаш. Па испитај пак после некое време да видиш како ке иде со капкиве. Мене не ми рече воопшто да проверувам пак.