Не ти е потребно. Кога е ептен мало лежи каде ке го оставиш. Тоа се менува за брзо и ке почне да се врти, тогаш е безбедно само во креветче или на земја. Секаде другде може да падне. Ако го ставаш во дневна и тетра пелена ке заврши работа да не лежи кај што седат возрасни. Никогаш не ја разбрав точната намена. Скапа глупост. Пренамени ги парите за поскапа количка или поквалитетен душек.
И јас ги пијам и не мислам дека немаат дејство кога се пијат, баш напротив. Ако немаа немаше ни во упатство да пишува дека начинот на земање може да е и орално и вагинално. Негде до 12та недела ги ставав и реално се малтретирав, 100 пати подобро ми е пиењето. Ни гадење имам ни ништо. 2х200 пијам јас, а до кога не знам. Приближно како тебе сум негде со неделите 21+.
Па не новороденче, ама 3+ месеци веќе и време е за на земја, да почнува да вежба. Не цел ден, ама по 1 час на 2-3 пати во денот, пожелно е. А гнездото искрено не е безбедно за бебе кое ќе почне да се врти а сеуште не е цврсто. За гнездо си сака постојан надзор, а јас ако треба да седам до него за оно да не се угуши дури спие, онда не го користам. Доволно е тенко чаршавче, на гарнитура и да лежи без ништо околу него. А најубаво во креветче, исто без ништо околу него. Не знам, мене ми е скроз небезбедно гнездо, а убаво е, стуткано, ушушкано, па уште коа ќе ги видам со соодветно ќебенце, па и перничиња им праат иако не знам за што е, ама за украс ајде де, али дека не е безбедно, не е. Утро! Рано утро! Со душа ја чекав оваа сабота и замислете не само што не ми се спие, ами и не можам да лежам веќе, ќе болат колкови ужасно. Не знам вака што ќе се прави... уште цел месец... од што спиев лошо и глава ме боли. Се надевам вечерва подобро ќе се спие, најискрено се надевам. И не можам веќе да станувам 356 пати да мочам, тешко ми е, мачно ми е, мрза ми е, ете се расонувам и шипак спиење. Ете се пожали рано рано посабајле. Бејби беше мирен цел ден, се размрда кај 3 саат и еве го уште се превртува. А таман мислев ноќевите се смири, тој пак се активира. Ете го 9ти на повидок, што трае 10 месеци уствари. Прв пат ќе го искусам, со синко немав прилика да видам како изгледа од оваа недела натака, само 1 недела помина и веќе ми е многу мачничко, високо е, ми се јаде а ако јадам ќе ми е тешко, мачно ми е, тужно ми е, се ми е. И на креветот дупка направив, веќе и неудобно ми е. Шмрц!
Членката пиша за новороденче. Еве нека каже дали од новороденче го легнувала нејзиното на земја. Јас како што знам,и како што сум правела , од 4+ било на под моето. А додека беше новороденче си имаше место на гарнитура со тетра пеленка и таму си лежеше. Сепак никогаш не било оставено без надзор,а и не верувам дека толку акробации ќе направи бебе од месец,два за да не е безбедно на кревет
Постарата воопшто не ја ставав на земја зашто е ладен ламинатот кај нас. На гарнитурата си лежеше, а и потврда е секако.
Па не пиша дека од новороденче на под, туку откако ќе почне да се врти, може или на кревет или на под. А и вистина така е. Од мој пример, моето почна да дава знаци на вртење од 2 и пол месеци, даваше напор. На 3 веќе му зедов подлога за на под со висулки и тука си седеше почесто. Ниту релаксатор користев ни гнездо ни кош. Што се овие измислици на 21ви век да ми је знати. Значи од кревет на под и на под цееело време растеше и кога ќе му се пикнеше играчка под кревет, сам се потегнуваше и ја бркаше со раче. Сега е жилав, пргав, има добра ориентација во простор. Веројатно дел се должи на седењето на тврдо, а дел и генетика. Ама дека се непотребни тие ствари, се. Го омлитавуваат бебето.
Јас разбрав за периодот кога ќе почне да се врти, а тоа не е пред 3м секако. Така да сите три некако за исто ко да збориме. Сидс постои и не смееме да го занемариме тој факт, не за џабе толкави студии се прават. Бебињата не се способни да се свртат првите месеци ако дојдат во опасност да се угушат, а тоа се случува од плишани играчки, ќебиња масивни, оградици масивни, гнезда, небезбедни помагала за деца како што се релаксатори кои немаат каиши да ги држат на место и така натаму. Затоа дефинитивно најбезбедно е на рамна чиста површина како гарнитура и креветче.
Што му фали на релаксаторот? Благодарение на него можев да јадам и да појдам до тоалет. Кај мене не е изводливо на земја, ладно е многу и со подлога.
@Ena0310 честитки мајка, живи и здрави, и брзо да се опоравиш @Nela_21 не е потребно гнездо според мене, јас немав, за мекици ми донесоа подарок, ама искористено 0 искрено... тетра пеленка постилај за кај ти треба, а кога ќе почне со вртење ќе биде и мало гнездото веќе 27ма скоро, 7ми така? Бебка расте, од помалецко испадна понапред 2 недели поради шеќерот ми велат го следиме на 2 недели, ама велат океј е, се толерира, и плодовата вода е океј, а он прета ли прета, нема застан, немирен ли ќе е, ќе видиме на диета протеинска см, се пазам колки можам, грам немам покачено сега за сега цервикс одличен, колкови и препони болат ли болат, дали кај секого вака втора бременост е помачна... а да не кажам годините, ќе ме потепате се жалам на овие години ама одам ко пингвин, едвај станивам од пониско... ако клекнам и нема никој да ме крене, 300 вртења за да станам ама ќе се издржи, тоа е Поздрав мешиња
Нека е жива и здрава принцезата, само радости да ви носи Се изнамачи мајка, сега гушкај се со малата, ти посакувам брзо опоравување
Јас имам од Ситник многу е убаво и квалитетно,од пусти мерак го купив ,ама слабо го искористивме не беше по лежењето малата
30+ недела сум и секаде читам како бебињата се преактивни овој период не можете да седите и спиете од клоцање, а моево може и со саати да го нема, да направи два три нежни потези и пак да го снема. Има денови и кога е поактивно, дали тоа е до бебето (секое да е различно уште во стомак) или може да укажува на некој проблем? Тоа мерење на 2 саати по 10 удари кај мене мислам дека не се десило, а на лежење сум не е дека шетам па спие или не го осеќам. За 10 дена сум на третиот скрининг, незгодно ми е да одам веќе кај матичната зошто со цервиксот и досаѓав одев почесто од страв и ми нагласи се гледаме за скрининг. Она ме праша дали го осеќам да мрда, а не во колкава мера. Маж изгледа има стомачен вирус, да се заштитам малце потешко зошто сум на лежење и он ме чува, храни и се тоа. Ако фатам колку може да е опасно за бебе и што да земам уште од сега за превенција или за полесно да поминам?
Isto i jas kako tebe. Ja osekam preku den nekolku pati nezno, navecer se slucuva da e po aktivna ama ne kako sto pisuvaat tuka. Dosega samo 3-4 pati bila aktivna silno i podolgo, inace ne. Ke me lupne ednas-dva pati jako i tolku, drugoto e nezno i poslabo. I taman da prasam na doktor, na poslednata kontrola doktorkata mi naglasi deka i dvizenjata i se super, vo parametri kako so treba. I zatoa ne panicam, si velam ne se site isti. Da se nadevame deka ke se mirni i otkako ke se rodat.
Гнездото се смета како оградица за да лежи бебе на гарнитура а ти да отидеш до кујна кафе да направиш. Што не е ни најмалку безбедно. Некои бебиња се попграви и тоа вртење може да биде изненадно. Си станала пелена да земеш или кафе да направиш, бебе оп се врти и паѓа. Новороденче не, како што кажав каде ги оставиш таму ке ги најдеш, ама веќе по 1 месец треба претпазливост. Син ми на 2 почна да се врти, на 6 и пол лазеше. Ептен пргав дечко. Така да ако сакаш да го оставиш бебе на кревет ти брзински да завршиш нешто, не го оставај. Стави го на кебе на земја, или креветче. Плус на 2+ е идеално време да ставиш бебе на под да вежба мускули.
И моево бебе си е баш мирно. Неколку пати ќе осетам во ден ама не такви удари, превртувања како што се пишува тука. Можеби и поставеноста има влијание. На последните 2 прегледи е со главата нагоре плус навратре завртено што би било, раце, нозе кон внатре си мрда.
Со првото немав ама за ова ќе земам, пошо првото обожаваше да има околу него нешто дур нанаше, а од страв не стававме ништо, приметив тогаш дека не сака да е легнато во креветчето пошо душекот прејак иако така треба нели ама ако ставев ќебе помеко под него, спиеше без проблем. Така да, за второво планирам да земам, плус имам за нобороденче плетена корпа на тркала и за да не се чука, таман ќе дојде гнездото.
Види на кој ѕид ти е постелката, реално осеќаме удари на стомакот, не на грбот и ако е постелката на стомакот многу помалку ќе го осеќаш. Кај мене беше до скоро на преден ѕид постелката, сега е на заден и е да речеме многу поосетливо тоа вртење и превртување, мавање, за разлика од пред 4 недели.
Како што веќе ти кажале, непотребна и небезбедна инвестиција. Во болница додека бев бебињата во креветчињата беа како во полугнездо и тоа го практикував дома првата недела. Пешкир намотан во црево, наместен во дневна или во неговото креветче во U значи да му доаѓа само до раменцата некаде, покриено со тетра и тоа ова само за денски додека беше под надзор, за ноќе не се осмелував да го оставам така. Ова додека го надмина оној прв шок дека не е во меше кај мама туку надвор. После тоа немаше ништо околу него во креветче. @Vanilla15 како себе да се читам. Ова вторава бременост ме уништи скроз и психички и физички. Ме истоштува тотално. На почеток на 8 сум, а веќе си приплакувам секој ден колку ми е тешко. Дали се годините, промените во телото, обврските или што и да е, ама дефинитивно овие работи пожелно е кој може порано да ги заврши. Имав желба за три и ако се згрешеше ќе си го терав, сега после оваа бременост дефинитивно ќе барам чаре да не се повтори. Ако сака некој да го носи за мене може. Инаку пак имавме епизода со напади на гушење од ларингит со мали во четвртокот ноќта и завршивме во Козле. За среќа завршивме само со боцка и назад дома. Ама дефинитивно ќе треба да испитуваме алергии, зошто секој пат кс му е мирна, а напади страшни има. И така вчера едвај функциониравме дека неспиени, дремнавме само два саати и после стана со епизода на тепање од целиот стрес во болници и боцкања, плус по дома борби за мачкање на сипаниците. Не сакаше да легне никако. Се штрекаше на 5 минути и на крај се разбуди и толку од ноќното спиење. Е затоа ноќеска сме се наспале за сите пари. Од 9:30 до 9:30. Доручкувавме и јас уживам во кафето, додека дете се забавува со буцкање ситни бидз. Кој раат е дете да сака да се занимава со вакви игри што може подолго да му држат внимание. Е кога ќе дојде бебе до лазење и фаза пикање во уста незнам како ќе се допазиме Еве и некој сончев зрак излезе, таман тато да заврши со неделно пазарење па јас да излезам да протегнам нозе и да поткупам за бебуш тетри, шпикозни и уште некој ситници. Да почнам да го расчистувам списокот. @gothchick само пробиотик превентивбо можеш, друго нема што да направиш. Имајте убав и мирен викенд