Мешиња, ранец спакуван! И малку е ама ќе одземам нешто за грицкање и пиење и ќе ставам во ќеса хартиена, нема да е многу. Реално најмногу место зафаќаат пешкирите, 3 на број, па пелени, па подлоги, па сите потрепштини не стигна просторот да ги пикнам во несесер, па ќе мора ротации некои да направам нешто да преместам. Битно е спремно и ќе го паркирам во ходник да не се заборави. Возбуда левел паника! Да спастрам низ дома и маратонски родендени може да почнат! Убав ден!
Наверојатно е индивидуално. Јас со првата бременост чувствував многу малку удари, нежни. За спиење секогаш се смируваше, никогаш не станував ноќе поради удари. Инаку се беше во ред со бебето.
9ти јануар, ама осеќам дека нема да дочекам ни 31 декември а камоли јануар. Ја би идеално да родам во новата година, да не влече година цела за неколку дена, ама не ме прашува мене тоа. Дајбоже да грешам, ама имам такво чувство.
Фала ви мешињаа да не ве цитирам сите може да се опуштам хаха. Како некогаш реченица може да влијае не ми е јасно, дали негативно за да ме уплаши или позитивно како сега. Колку е осетлива бременоста, не ја замислував ваква никогаш
Девојки сакам да купувам за бебе па врска немам од што колку ми треба на број. Шпикозни имам 6-7, бодиња 10тина повеќето со долги, пешкирче, ќебенце по едно. Капчиња имам доста. Лигавчиња 2. Чорапчиња имам исто повеќе. Тетра немам ниедна земено, и ме интересира за што ги користите тетрите? Не знам дали ќе ми треба уште едно ќебе покрај плик за носење што сакам да купам. Во болница треба да се носат алишта за бебе или само за излегување? Ај малце помош плис.
Матичниот гинеколог ме упати на два-три пати во текот на бременоста да испитам. Колку што се сеќавам вредноста на сите мерења се движеше околу 40 и нешто.
Тетра се користи за се буквално. За подлога на гарнитура за во количка за во транспортер за покривање користев јас оти во јули се породив, за бришење кога мијам газе, кога ми доаѓаат гости и сакаат да го кренат бебуш им ставам тетра на нивните гради.... Ќебенце ќе ти треба уште едно да за дома за покривање. Алиштата за бебе ќе ти ги донесат н излегување од болница. П.с докупи лигавки бар уште 5.
Бодиња земи си повеќе на кратки, ако се пораѓаш зимно време, сепак под шпихозните ти треба боди со кратки затоа што боди со долги и плус шпихозни е многу. Земи си тетри 15-20, јас многу ги користам, ќе ти требаат буквално за сè.
Нај- underrated нешто што е потребно, а никој не го спомнува. Четвртасти подлоги. Ќе ти треба за во болница, за тебе за дома после болница, за бебе за пресоблекување. Тетри полно. Имаш во џамбо многу убави памучни, може и на пола да ги поделиш, така ептен се исплатат. Ќе бришеш бебе кога ќе бљуцне, ако цица бебето, може да ти тече од другата града па таму да си ставиш тетра, во количка да си постелиш, во дневна на кауч. Ќе ти се најде ептен. Барем 10 за почеток. И се согласувам со членката горе. Боди на кратки, бидејќи не живееме на северен пол. Има на фејсбук, tiny baby shop, 7 бодиња на кратки за 1100 или 1200. Ептен се убави, преубав памук и стварно се квалитетни.
Јас од друга страница ги порачав исти се како тие на tiny baby, 7 ама со долги бодиња. Ќе нарачам уште 7со кратки. Од 0-3 месеци 62ки дојдоа. Нема да бидат големи за почеток?
Ќе бидат големи. 56 треба. 62ките ќе ги искористиш, да, ама понатаму. За одма 62 не е, ма колкаво сака да се роди бебе.
На бебе од тие за 0 до 3 му беа таман. Тек пред некоја недела сменив за 3 до 6. Зависи колкаво ќе ти се роди. Ако е над 3500, за брзо ќе му бидат точни. Не знаев дека биле 62ки. Некако не личат баш.
Паааа да ... Бљуцкаат бебињата на почеток најмногу. 10тина тетри да. Шведски АКО користиш широк повој.
Мрне ми рече докторот докај почетокот на 9ти да го користам утрогестанот па се надевам ќе стигнам до 9ти
Зависи од детето. Јас ич не користев лигавчиња додека не почна со цврста храна. Имав 1-2 за секој случај, но моето ич не бљуцкаше.