да ама јас нарачав преку инста еве и сега после прошетано цело Ск пак ке си чркам на нив и за пижами пошто рекоа следна недела ке добиваат роба ......нема пижами нигде во Ск сем едни мочани долу во гтц со спајдер ман
Јас ова го имам од облека и баш ме интересираше поискусните мајки да кажат дали е доволно за почеток. Не планирам да докупувам ништо од помали бројчиња. 95% се 56ки, имам само едно комплетче 50ка и по некоја 62ка, ама дали 2-3 работи. Бебенцето го очекуваме почеток на Април. * чорапчиња - 12 пара * тетра пелени - 10 * панталончиња со и без ногавички - 8 * сетови (бенка + долни) - 5 * боди на долги - 11 * боди на кратки - 12 * боди без ракави - 5 * шпикозни - 8 * лигавчиња - 8 * капички - 5 (за надвор ако ни притребаат) * ракавички - 5 (не сум сигурна дека ќе ставаме) * крпи за бањање - 2
Е па секој како ќе си се навикне Се лигавеше и мојов, нормално, но лигавче не сум ставала. Што знам, не ми беше потребно. На два месеци лежеше цело време и не му одеше лига на облека. Е можеби ако го ставав во релаксатор или ако го држевме исправен во раце, веројатно повеќе ќе му течеа на облека. Кога ќе се излигавеше, го бришевме со крпче. И кога почна да седи, пак не користев, освен за јадење. Не сум фан на лигавчиња, тоа е
Леле иста сум, уште во болница војни водевме со сестрите, јас извади го, тие стави го лигавчето Ама еве сеа за второво сите лигавчиња ги искористив од првото зашто е мрза светска и кога пие млеко му тече од сите страни
И тоа зависи, јас 56 шо зедов по еднаш и ги облеков и толку, не стасав за уште еднаш. Буквално за 3 недели сменав на 62, не дека и беа прееточни ама во 56 не и ги собираше ноџињата ама она си има од кога се роди долги нозе, а без меше, паа од секогаш сме имале мака со должина и ширина хаха
Лигавчиња треба и тоа многу, бар кај нас, пошо малава не бљуцкаше туку биквално повраќаше. Тетра исто, мислам дека по 5-6 на ден се валкаа, а за широк повоој.. јас не и ставав.
Лигавчиња ќе купам за почеток 4/5 да имам , тетра купив 6 ама ќе докупам и тоа да имам повеќе. Фала за советите на сите а @Bella_Stella веќе направив копија од твојот список
Постепено и несвесно се собраа толку. Поголем дел се купени во претходната бременост, плус по нешто што се докупи од мерак сега.
Последно во 26та не ми измери вагинално, не знам дали го гледаше абдоминално рече цервиксот е добар. На скрининг во 22ра последно знам дека беше 42мм, во Плодност. Кај тебе колку е?
Супер ти е списокот, не дека јас сум нешто многу искусна ама факт е дека треба повеќе облека, барем моето го пресоблекувам по неколку пати во денот. Колку пати само кога менувам пелена почнува да моча, па дури да изреагирам ќе ме измоча и мене и себе
Извинете да прашам кај кој доктор го правевте скринингот во Плодност, дали сте задоволни и која беше цената?
Сега бев на дежурен, ради една вознемирост, барав да ми измери. Вагинално е 31. Рече добар е. Па се надевам е така. Ми правеа и цтг. Пулсот на бебето е 140 и нешто, а контракции 0 за среќа. Уф засега се надевам е добро. Фала на Бога. Нема да запнувам ко луда по дома со физички активности.
Хахах па да и јас мислам дека подобро е да има повеќе отколку да фали. Машко бебенце ли имаш? За нив гледав дека често мочкаат кога ќе им се тргне пелената. Го проба ли тоа со поминување со влажна на стомачето пред да смениш пелена или нема врска?
Кај Др Владко Ѓеоргиевски го правев, задоволна сум од докторот посветен, позитивен, објасни се ама краток извештај ми даде па после го барав да ми направи поопширен. Цената беше 4000 денари.