Jas ne zedov eutiroks sabajleto. Zedov otkako zavrsiv so ispituvanje. Dali e pravilno neznam, ama taka napraviv.
Како вчера да беше кога бев активна овде, и јас се соочував со истиот страв. Не ми беше страв од пораѓајот колку од тоа што ме очекува и дали ќе се снајдам. Верувај штом ќе ти го дадат бебето во раце се јавува некој мајчински инстикт, љубов некоја неопислива енергија и емоции. Моето бебе цели 40 дена плачеше по цел ден само кога спиеше и јадеше беше мирно, си велев незнам како да го смирам се обвинував себе дека не успеав да дојам дека ја немаме таа блискост, хормоните ти се како ролеркостер, ја осеќаше мојата напнатост и нервоза. Со тек на време секој ден учиш нешто ново, се случува нешто ново. Првата насмевка, првото гугање, првото гушкање.... Сега после 5 месеци имам бебе кое понекогаш се прашувам со што го заслужив Се доаѓа само од себе, ќе знаеш да го препознаеш плачот, ќе знаеш да го препознаеш погледот ќе знаеш да бидеш најдобриот доктор и негувател за своето дете. Уживај во периодов додека сеуште мрда во меше и спреми се за нај убавиот поклон за оваа година
@Lavica2602 Секако дека те плаши тоа, многу мисли ќе ти се вртат и нормално е. Но штом се снајде антиталент како мене, што првпат сама крена толку мало бебе во раце кога дојде дома, не се сомневам дека ќе се снајдеш со што и да е. Во болница сама не се осмелив да го кренам малиов, само ако ми го подаде сестра, со надзор. Кога си одевме, го сместија во транспортер, го зеде мм, одиме дома и стоиме, двајцата го гледаме, не се осмелуваме ни мм ни јас да го земеме од транспортер. Ама што да правиш, мораш, нема да го оставиш во тоа. Ајде си повторив како го креваа во болница, се осмелив, со препотување успеав првиот пат. Има и икс други ситуации со кои се среќаваме првпат како мајки, но без гајле, ќе успееш
Ова е нелогично. Ако имам седиште 0+ и не планирам да купам транспортер. Може да те посоветуваат, ама дека нема да ти дадат дете е невозможно. Нема сигурно да расклопувам седиште од кола. А друга работа е дека јакна, скафандер, плик е небезбедно и не е препорачливо да се става дете со нив во транспортер.
Од кога почнавте да мачкате ланолин, и кој? 30 недела сум, да не е рано? Според ова што читам на medela purelan се препорачува, откако денес приметив малце колострум сега вечерта почнаа да ме болат на допир и да се топли некако.
Машко е, да Не сум го пробала уште тоа со влажна, многу плаче кога му менувам пелена па во паниката не ми текнало да пробам. Еве сега и после бањање ни ја измочка крпата
Никаде веќе не даваат бебиња без транспортер. Баш вчера се слушнав со една докторка од детска клиника и таа истото ми го кажа, дека не давале да се изнесат бебињата без транспортер поради безбедност.
Многу често гледам на слики од болница каде што бебињата се во транспортер комплетно завиткани во плик и без врзани каиши. Барем така на слика изгледаат зошто искрено заради безбедност се надевам дека не ги оставаат така. Јас спремив мек памучен скафандер, како подебели шпихозни. И втора опција меко ќебенце за од горе, без скафандерот тоа. Инаку за земање во корпа, плик само, посебно од страна на бабата/свекрвата веќе неколку пати имам слушнато дека тоа е посебно задоволство за бабата и не би требало да се прескокне. Нормално немам намера да го почитувам тоа затоа што сум решена од старт да се навикнува бебето на транспортер со оглед на тоа што ќе мора често да го возам само со мене, а нели и ради безбедност. Сигурно нема да си ја носам свекрвата со мене следните Х години за да држи дете в раце, заради задоволство.
Vcera ja otpeav za istoto. I kazav babini devetini ne prifakam, doma da me precekaat so bebe. A od bolnica sakam samo mm da dojde. Vaka ne rece nisto, demek vo red nema problem. A kolku ke potrae ke vidime..
Нека е жив и здрав, слатки маки се сигурна сум. @AngelOfArh да да и тие реквизити се на списокот, дел е купено дел ќе се докупи.
Ваљда не се лаже за вакви работи што знам, на крај краеви за дете свое ваљда сите имаат во главите да не прават нешто ризично. Јас за искачање го ставив ќебето па одозгора бебето, не размислувајќи, доле на портирница неонатологот ме гледа вика што правите, каде одите вака, вади бебе, тргај ќебето и врзи бебе, после покриј го. И кога размислив, иако се возевме едвај 1км за воздушна линија 300м, логично е.
Тоа ми е муабетот. Секој треба да има малку во главата или бар да се едуцира ако нема познавања. Сепак за безбедност на децата се работи
Јас се сеќавам за внука ми на ГАК им кажаа мора транспортер и они купуваа во тие 3 дена дури се породи сестра ми. Мене во санте на прв преглед ми рекоа од потребни работи за тебе четка и паста за заби, чешел и алишта за искачање, за бебе само транспортер и алишта за искачање, е сеа не сум размислувала за тоа како би било во седиште 0+.
Каква оградица купивте дали плетенка или целосни до горе што се како перничиња и од каде? Денес почнав по нешто ситно да купувам и се разочарав колку многу е скапо за бебиња...
Јас имам целосна тенка. Не знам дали ќе ја ставам, пред некоја страна коментиравме дека не треба да има ништо, но зима е и искрено ние немаме куќи загреани убаво, па бар од кај ѕидовите јас би ставила ама убаво прицврстена за оградата од креветчето. Тоа плетенките ми се многу небезбедни, мобилни, во креветче освен бебе во врекичка и ќебе до под раце, друго не планирам, за негова безбедност. Јас радо би и без ќебе, ама не можам да загреам до идеални 18-19 па затоа ќе ставам ќебенце до под раце, да нема ризик од ставање преку глава.
Прескапо, а посебно вака наеднаш кога треба да се купи се што е потребно. Постелнини, ќебиња, ситници и се е така мало минијатурно, заменливо за 2, 3, 5 месеци, поскапо од она што го купуваме за нас, што подолго трад и се користи. А и многу работи што не се знаат дали бебе ќе ги прифати релаксатор, цуцли, шишиња, вртелешки, колекции за нега.. Јас најверојатно ќе земам комбинација на перници со плетенка, ми рекоа на почеток и не е толку потребно, а понатаму дека прета да не заглави нога или рака во ограда, па затоа. Јас па обратно си мислам да не ми се угуши со сите тие перници иако знам дека се врзуваат...first time mom