Здраво едно прашање јас сум прележана од сипаници на 18 години а син ми уште не е прележан оди во градинка скоро 3недели не го пуштав заради сипаници и коксакито е сега сакам да го пуштам да оди прашањето ми е дали доколку фати тој е дали е штетно за бебето 13та недела сум
@AngelOfArh те читав ноќеска и сочувствував, ама толку ми беше лошо што немав сила ни да се пријавам да те утешам дека не си сама. Значи ме уништија болки од што е напикан горе во граден кош, да не зборувам дека на моменти воздух снемувам. На тоа додај и гратис киселини Ми се јаде, а што и да каснам мака имам после. На моменти незнам дали киселините ми се од јадење или од глад. Вчера излегов да свртам круг низ маало, за да протегнам нозе зошто и од лежење ми е мака. И како стигнав до Веро ми текна дека ми се јаде пармезан. Влегов зграбив и пармезан и биено сирење и некоја грчка салата пикант со урда. Ги донесов дома и ништо не можев да каснам заради киселините. Еве сега подголтнувам од лиги што ми течат и незнам дали да ризикувам да каснам било што од тоа. Ти и Дани бар сте во безбедна зона, јас треба бар уште 4 недели да истерам за да влезам во безбедна зона. И кај тоа ми прави немир уште и со детево се нервирам, кај го снајде ова сега. Кутруот затворен дома со мене, а јас нефункционална. Ме моли да играме, а јас освен нешто во полулежечка положба да изиграм ништо друго немам сила. Почна да глуми и дека се плаши и ме тера да одам со него до соба за да земе било што, а јас тоа станување седнување ми е најтешко. Немам идеа како да го анимирам. Вчера се занимаваше некако со оние BEEDZ, дури и алка ми направи, ама денес еве цело сабајле ме моли за нешто. Дури и цртани веќе да го оставам да гледа цел ден, нема да ги погледне само да му обрнам внимание. Едвај чекам уште некој ден да се подзасушам па да го пратам или да дојде мајка ми бар малку да смени внимание. И така прееска ќе си поплачев колку се осетив безпомошна. Ниту со дете да играм, ниту по дома да фатам нешто, а тек ме чека работа околу перење и пеглање. Ај за шопинг и ќе се откажа, што можам онлјан ок, што не ќе пратам маж па нека бира што мисли. Вчера станав два легени со перени, здиплени алишта да распоредам по плакари и да расчистам наткасната за бебе и на крај ми се слоши. Еве денес цел ден лежам и пак неубаво се чувствувам. Мм и дете во кујна прават домашна пица за ручек, а јас оптегната во дневна само скролам на мобилен и лаптоп. Ќе морам итно да исперам се за бебе и по 10тина парчиња да запеглувам на ден инаку маф ми е работа. За жал ни мајка не може да помогне има проблем со колено и оди на физикална, па не смее да стои на нога. Ај бар си имам убава алка од мали да ми одговара со пижамите
Според инфектолози во безбедно си. Прво зошто си прележана, а и после прво тромесечие викаат не се критични за плодот. Ова ако зборуваме за варичела. Другарка моја ги лежеше во 28 недела, а и @mariz ги прележа во бременост со второто. Плус колку ќе го држиш дома? Додека се породиш? Еве кај мали во група во август и почеток на септември прележа поголем дел од неговата група, он не ги фати, сега ги донесе и незнам од каде, во групата кај него нема активен,случај. Сепак твоја одлука е.
Исто! Па се тртка и да ми седне у скут, да легне до мене, да ме гушка, да ме закачка, а јас не можам...
Ако имаш прележано не би требало да фатиш пак зошто нели викаат само еднаш се фаќале и нема како да наштети на бебето. Можеш за секој случај да провериш антитела да видиш колку и дали имаш. Јас никогаш немам прележано и баш се распрашував, ми кажаа дека не е опасно од 16та до 36та недела. Лошо е ако си на почеток или пред крај.
Имав и јас така чудно чувство на припецнување во вагина, дури седев. На мочање немав така. Само брусница, ќебе за топлење и ќе ти помине. Можно е и од депилација, кога растат влакната. Кај мене на анализа на мокрача имаше леукоцити, гинекологот ми рече не е ништо тоа. Не го ни искоментира.
Заради тоа прашувам не може само дома да го чувам ме изремети скрос само викам се нервирам и не е послушен му се здосади веќе по цел ден со мене утре ќе го пуштам нека оди
Во Еурофарм имам купувано кесички со чист концентрат од брусница на ESI. Можеш да земеш колку сакаш на парче, околу 30 денари беше едно јас кога купував. Можеби ги има и во други аптеки. Ептен ме спасија од акутен цистит на сред викенд. Само прашај дали се дозволени во бременост.
Ние ќерками баш во такво плико ја земавме од болница и во транспортер. преубаво беше пликото. од мажот ми бебе кога бил и него со тоа го земале пд болница не рекоа ништо . во чаир се породив јас . уште го чувам и здравје сега и со второво да биде се во ред пак со него ќе си го земам од болница преубаво ми е. со него и на контроли ја носев. сите ми викаа леле ама ви е убаво пликово хахах
@Tiny Love @Iris-1234 Не гледам ништо небезбедно тука. ќерками е скоро три години. жива здрава е како ја ставивме во транспортер така си остана не се помрдна. и точно така секој си одговара за своето бебе и неговата безбедност .
Па нема потреба да се спротивставуваш ако сте имале среќа и ништо не се случило, многу лесно можело да не биде така. Јас сум сигурна дека 99% од мајките тука ќе се согласат дека е несоодветен и небезбеден начинот на транспорт, колку и да ти е убаво пликото. Ако не требаше да се врзуваат каишите на транспортерот немаше ни да ги има, simple as that. Ама да, секој сам си одлучува што му е поважно.
Твоја одлука, мило ми е што сте имале среќа и што ќеркичката е здрава и жива. Секаде можеш да прочиташ, а и да се консултираш со стручни лица дека бебе под себе во транспортерот не смее ништо да има затоа што не дај Боже, при несреќа лесно може да излета бидејќи каишите нема да се добро затегнати.
Абе еднаш е доволно да се деси. Секој за себе нели, ама добро е пред некој да ја земе сликава здраво за готово и утре вака да излезе од болница, да се информира како треба и како не треба.