Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.166
    Допаѓања:
    40.526
    Пол:
    Женски
    После толку време може природно, само доктор треба да ти го види резот. И јас прашував за ова докторката рече вака резот личи ок дека би требало да може природно.
     
    На AngelOfArh му/ѝ се допаѓа ова.
  2. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.557
    Допаѓања:
    289.406
    Кај мене маж ми една бременост е чешкач, друга масер, па пак чешкач, сега масер:rofl:.

    Како го гледаат резот?
    Од 31ва не ме виделе на ехо, ниту тогаш не ми кажа нешто.
    Претпоставував дека се подразбира после 5г дека може штом не проверуваат.
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.040
    Допаѓања:
    8.524
    Пол:
    Женски
    Mila ako imas problem so crniot drob nema da imas samo cesanje kako simptom veruvaj mi. Daj opusti toa srce se si e vo red so tebe u tvojata bremenost. I prestani da citas te molam, dobro namerno ti go velam ova.
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.166
    Допаѓања:
    40.526
    Пол:
    Женски
    Не беше некој посебен преглед. Јас прашав, докторкатасамо погледна надворешно и рече вака ок личи дека може да пробаме. @eli25 мислам дека имаше поинакво искуство и дека мораше и второто да е царски, ама ако не и е проблем ќе пише што беше проблемот.
     
    На danichap му/ѝ се допаѓа ова.
  5. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.557
    Допаѓања:
    289.406
    Знам и кај @Yowannty се искомплицира, дека добро што после толку чекање сепак царски беше вториот. Ама како точно утврдуваат или дали воопшто тоа го прават кузнее:doh:
     
    На mal.ecka, Yowannty и Ano им се допаѓа ова.
  6. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.166
    Допаѓања:
    40.526
    Пол:
    Женски
    Баш нека споделат за да знаеме што да очекуваме.
     
    На danichap му/ѝ се допаѓа ова.
  7. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.284
    Допаѓања:
    111.708
    Пол:
    Женски
    Па за ензимите ти пишав де, дека може да се покачени и тоа не е меродавно. А за чешањето и црниот дроб ти советува исто што и јас, не читај толку на интернет.
    Мене уште после 6м докторот ми рече дека раната ми е топ зарасната, ко да не сум била сечена. На првиот преглед после крварење докторката што ме породи ми рече дека матката ми била стакло.
    Ама кај Јовка беше многу брзо после првиот царски, мислам дека немаше ни 3г, затоа се искомплицира.
     
    На mal.ecka, elenaklasik, Ano и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.557
    Допаѓања:
    289.406
    @AngelOfArh ами требало да видат/знаат:worried:. Мислам беше 1-2 недели над термин, со повеќе провокации…
    Германциве некогаш се баш опуштени, само кога гори се растрчуваат:doh:.
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  9. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.232
    Допаѓања:
    125.088
    Може природно второ, ако нема проблем никаков:) Во ремедика Јовановски беше дециден штом првиот царски мора и вториот . Без некое објаснување. Кога се префрлив во Систина Ивановски ме праша дали сакам да пробаме природно. Ама прво да те видам на ехо ми рече. Кога виде, рече дека е претенок резот, мислам го нарече папирус , околу 1мм. Во таков случај при почнување на природен пораѓај би распукала матката. Рече отпаѓа природно . Не му се свиѓаше ни резот. А кога ме отворија на царски, не им се допадна ни внатре. Кога завршија, рече сега си ок , те средивме , нема потреба да знаеш понатаму. И навистина не дознав…Ама знам дека на извештајот освен цезареа пишуваше плус интервенција…. Така да докторите си гледаат. Само бидете сигурни дека сте кај правиот доктор:)
    Кај мене ќерче плус беше два пати замотана со папочна.
     
    На Martka, Belabelinakinder, mal.ecka и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.243
    Допаѓања:
    26.338
    Пол:
    Женски
    Мене ме интересира од која недела најрано може да се оди на природен пораѓај?
    Прам муабет за седмачиња или осмачиња.
    Ова прашање ми е во ум и ќе го прашам на следна контрола ама можеби некоја тука знае.
     
  11. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.630
    Допаѓања:
    185.299
    Пол:
    Женски
    Имаат и по 3 царски на година ипол и се било во ред. Не знам што да речам, јас сум баксузот. До мене е, односно индивидуално е. Секоја матка различно зараснува после царски.

    @Ano @danichap ја вака сеа информирана повеќе, по свадба тапани. (facepalm) Да знаев подобро ни сама немаше да инсистирам на природно и ќе родев месец претходно, во 38ма а не не скоро 42ра.

    На ехо се гледа резот и од ехо можат да видат дали е ок или не за да пробате природно. На ехо не се гледа матката. Матката и така е тенка и таа со бебето како расте се истенчува уште повеќе. На ехо го гледаат и се фокусирани на бебето и преку матката. Ама со ехо не се гледа колку е матката истенчена, за тоа си имало некој посебен начин како мереле. Работата е што да дојде до руптура на матката е прилично ретко, некој 1% од вкупни пораѓаи и затоа докторите не се потресуваат околу тоа. Моите ризици беа претходен царски и големо бебе. 2 ризик фактори за царски, и она што 2 недели надносено, не ме видоа на ехо, а да ме видеа ќе виделе барем дека нешто не е во ред со претходниот рез. На сам пораѓај приметиле дека резот е пукнат и плус матката пукна. Големо бебе на претходен царски е силна индикација за следен царски. Посакувам јас да знаев подобро и да инсистирав поинаку. Докторката буквално ми рече кога ме отвориле она можела целосно да го види бебето од што матката била толку истенчена. И добив пукање на претходниот рез и место да исечат нов, добив пукање и на матката. Затоа и опоравувањето ми одеше тешко. Како и да е, јас сум изолиран случај и не сум баш пример…
     
    На Ano, eli25 и danichap им се допаѓа ова.
  12. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.284
    Допаѓања:
    111.708
    Пол:
    Женски
    Мислам дека кај нас во Македонија пред 3г не препорачуваат втора бременост да не е царски ( се редактирав), ама не сум сигурна. И двете јатрви ми беа со царски и двете во рок од годинаипол, двете со почести контроли и на закажано породување вториот во 38ма за секој случај. А дали се гледа на ехо, мислам дека се гледа нешто, пошто секој преглед докторот обавезно ме гледа доле кај раната. Кога се породив докторката што ме пораѓаше ми рече дека е пожелно да почекам 2 а најдобро 3г за втора бременост поради тоа што сум царски.
     
  13. Hope89

    Hope89 Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2022
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
     
  14. Sandrichka 89

    Sandrichka 89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2014
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    812
    Пол:
    Женски
    Можеш и попладне да одиш на ЦТГ, не е доцна, дури е подобро и порастеретено од гужви. Јас еве веќе четврта недела како одам на ЦТГ и бебушов нема абер од болки (facepalm)
    Започнав од 37-ма исто по препорака на матичен гинеколог, тогаш ми даде упат, но потоа си одам без упат секој понеделник. Можеш да кажеш дека си била на преглед и те пратиле на ЦТГ или како што кажа @Bebce ❤️❤️❤️ ќе им кажеш дека осеќаш некои благи болки и ќе те примат.
    Со лесно само…! Еве јас веќе 40+1 ја терам …се надевам дека денеска ми беше последно ЦТГ пред пораѓај :?::worried:
     
    На Leanne му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.783
    Допаѓања:
    21.525
    Пол:
    Женски
    Еленке дај одмори бе човек. :D
     
    На АнаМаријаД, elenaklasik, Bubish26 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.630
    Допаѓања:
    185.299
    Пол:
    Женски
    Никаде не се препорачува Ангел. Царски не е воопшто наивна работа. Матката ти е сечена и сите препораки се што подолго тоа подобро за да се управи од шокот и да закрепне подобро раната.
    На ехо резот се гледа, пишав и погоре. Ако ти речат дека е во ред значи е во ред. Кај тебе чинам 5-6 години се поминати, таман си.
    Кај мене повеќе работи не одеа по план, и лично сметам дека направија пропусти во мој случај. Ама никој поинаку не ме советуваше. Докторката не ми се ни извини што бев брутално измалтретирана до сам крај, ми рече само абе знаеш ние сме доктори, ама ете твојот инстинкт беше во право. Замина и више не ја видов. Скроз имав чувство дека ме избегнува. Ама нејсе.
    Мој совет е, тебе ти е полесно во МК, Дани да инсистира на ехо оти има рез, чисто да е мирна. Иначе нема потреба од ехо, се се следи на цтг. Ама кога веќе постои рез јас бар така би после се.
     
    На Ano и AngelOfArh им се допаѓа ова.
  17. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.284
    Допаѓања:
    111.708
    Пол:
    Женски
    Утро!

    Не знам што се деси ама се наспав, со 4 пати станување ама одма заспивав, не зимав телефон туку одма заспивав и спиев од 12ипоп синоќа до скоро 8 утрово, што е голем напредок, огромен! Наспана, свежа, одморена... Дури и кафе ќе пробам да се напијам сега. Полесно е кога е бебе подспуштено малку па се дише. Моментално спие најверојатно пошто никаде го нема, мирен е а јас лежам на грб. Ќе се јави попосле малку.

    Денеска ќе се пере количката, ќе пробам да видам рачно, не е моја и ми е страв да не ја уништам, мислам дека никогаш не е перена и ми е шубе, страв ми е, ќе ја покиснам во леген со топла вода и со детергент па на флеките ќе трлам со сунѓер за бањање и ќе ја оставам да покисне па може да ја ставам само на центрифуга на 400 вртежи и на плакнење. Ич нејќам вакви работи да зимам ама тоа е, што да се прави.

    Кафе сварено, банана изедена, сега ќе чекам да се стопли малку па да се развртам по дома, да потсредам, да направам ручече, се со одмори на попатни станици јер меше тежи. Убав ден!
     
    На PoisonGirl, Hatula, *malenavolena*87 и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.166
    Допаѓања:
    40.526
    Пол:
    Женски
    @AngelOfArh мене ми кажаа 2 години после царски.
    @eli25, @Yowannty фала ви женски. Резиме дека сепак треба таму при крај најубаво да се види за да се утврди состојбата.
    Кај мене поминати се повеќе од 5 години. Но она што ме плаши, уствари што ми е страв цело време дека може да дојде до предвремено, е дека ме водеа со хипопластична матка (помала матка), иако викаат после прва бременост тоа се менува. Не сум сигурна дали тоа беше причина за тоа што со првото се породив рано, 36+5 само што влегов во 9ти. И тоа тоа беше мало бебе 2400 (беше поназад цело време од циклус). Ова минатата недела во 32 (по мерки33) веќе го мерат 2100 гр.
    Како и да е останува на нас да се пазиме колку може за да истераме до крај. Дефинитивно оваа бременост ми е прилично стресна во секој поглед, ама ајде ќе се издржи уште малку.
    Утрово не сум баш добро друштво. Многу лоша ноќ со страшни киселини и болки во градрн кош имав, па затоа ќе се самоиспратам додека не се кренам малку.

    Имајте убав ден :sun::f::sun::f:
     
    На Lavica2602, AngelOfArh и eli25 им се допаѓа ова.
  19. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.232
    Допаѓања:
    125.088
    @Ano ако не се лажам кај Петровска одиш? Закон е жената, не би оставила така.
    Во Ремедика одев кај Петрова /Јовановски два три пати и Котларова ме гледаше , ама рез никој не ми виде.
    Ивановски прво гледаше рез, потоа бебе :)
    Се надевам и кај другите ќе е пракса.
    Јас навистина не знаев дека тоа треба да се провери. Си мислев по дифолт царски мора. (Уште дебилов ме моташе дека плус и ради скриениот шеќер кој патем скоро и да го немав, со нормална плодова и нормално бебе треба царски. двајца еднокринолози ми потврдија дека не е индикација . )

    Инаку после пораѓајот на синко ми рекоа 2 години е најдобро да се почека за следна бременост:)
     
    На Ano му/ѝ се допаѓа ова.
  20. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.323
    Допаѓања:
    11.779
    Пол:
    Женски
    Рушам рекорди со повторливи кивања.
    Нормално е за бременост или поднастинувам?

    Носот ноќеска затнат, а станам а се растекува.
    Гледам во апликацијата за околу 19-20 недела во симптоми ми пишува stuffy nose. Па си помислив и кивањето да не е некако поврзано.
     
    На 1209 и Starchild им се допаѓа ова.