Да така ми е планот. Наредна недела сум уште еднаш кај докторкава што ме води заради следење на постелка, протоци и плодова вода со исклучен аспирин и заради граничните вредности за скриен шеќер и планот ми е после тоа пред НГ веќе да одам кај Петровска да видиме што понатаму.
Мене дали ми се поклопи тоа што падна малку надоле бебе и тоа што почнав мали чести оброци не знам, ама знам дека магично исчезнаа киселините. Почнав да легнувам најадена исто така. Инаку претходно ручек во 5 и јас до сабајле киселини неверојатни, ме гореа. Пробај.
Јас сум со два царски, вториот пред неполни две години. Кога дојде време за вториот пораѓај, пробаа прво природно заради процедурата, ама јас не се отварав, и заради целата ситуација во која бев, бев царски. Тогаш докторот што го направи царскиот, а и матичниот, ми рекоа после 6 месеци може бременост. Јас после година останав бремена. Уште веднаш ми напоменаа дека ќе бидам пак царски, зашто веќе имам два, и докторот кој го направи вториот ми рече да не се секирам, во подоцна бременост ќе се следи резот. И така е. Еве влегов во 9ти, проверува се како е, и ми напомена, дека нема да чека премногу туку до кај 38 полни, заради тоа што имам два царски, и дека нели резот де истенчува. Ама ова е мојата ситуација и искуство. Сигурно кај тебе после толку време поминато ќе може да се проба природно.
Мислам кај мене во моментов е многу високо бебе и преактивно, многу клоца и од тоа се киселините. Инаку внимавам. Вчера последен оброк ми беше така околу 5, и тоа само маџичка без леб и многу малку геврече околу 7 и 30. Незнам веќе што да кажам. Пазам на јадењето, благо не јадам, веќе и апетит почнав да губам од овие киселини. Односно повеќе со страв јадам.
И кај мене е високо поставено и јас навечер имам киселини не толку многу колку што осеќам горење во желудник хранопроводник и некогаш неможам ни да дишам немам воздух и тахикардии ме маваат ама поубаво си викам горе да е него долу на бешика да ме мава и во вагина па да мислам ќе се породам едно време карлично ми беше и како ме маваше мислев ќе се породам во 20 и некоја недела ајде уште малу ќе издржиме при крај сме.
Во зградата на гастро, кога ќе влезеш десно по ходникот до крај, вртиш десно и тука има шалтер од лева страна.
Го урочив мајчиниот, до доцна се излежував, не јадев и почна да се бунтува. Мене и шеќер ми падна, ама се најадов сега да дојде само инфото до мозокот и ќе ставам ручкови и ќе работам нешто по дома. Дали сум будала што се понудив да помогнам во клас кај синко за украсување? Ама стварно ми е предосадно и ми фали многу креативност, четврток ќе китиме елка дома, петок во школо, ќе се занимавам со креатива и ќе си го скратам времето на досадување. @АнаМаријаД ете некој што знае подобро од мене
Да знам кај е гастро. Значи во гастро влагам десно до крај па пак десно и на шалтерот со упатот да идам. Да не ми кажеше никад немаше да најдам мислам дека е таму
Да, само што ќе влезеш, од десно ќе видиш ходник. Ќе одиш до крај, ќе видиш тука прозорче за оставање урина. Вртиш десно, и одма има лево врата, и прозорче налик шалтер ќе дадеш книшка, упат, и ќе ти кажат што понатаму. Јас кога одам на ендокринологија, докторката ми дава да носам крв и таму за крвна слика, па затоа знам
Многу ми е жал што вака се мачиш, мене некаде 33 ми почнаа киселините поинтензивно, до нагони за повраќање, ама до бебето е, еве и на мене два дена како се подспушти малку подолу и сега киселините не се толку интензивни, сега можам и без рупурут, но секако останува овој блуткав вкус во устата, ама барем не горам сега толку. Ќе се спушти сигурно, ќе ти биде полесно
Нормално е, кај мене е со плус алергии. Користи секојдневно спреј со морска вода (како Марисол, Аквамарис). Ај добар ден и од мене, вчера многу ме билеше стомакот странично каде што се растегнуваат лигаментите Док. ми кажа дека е нормално, пијам Магнезиум од 500 сабајле и навечер. Денес е веќе подобро, скоро и ич да не чувствувам затегање па еве со ќерка ќе правиме кифлички. Не знам за вас, ама јас од тестово не можам да се откажам. Ми се јадат кифли, пити ми се плаче Скоро сум 19 недела, на 21 недела имам закажано втор скрининг и едвај чекам да дојде да го видам бебето, да ми кажат дека сѐ е во ред и да се релаксирам малку за празнициве.