Не ве читам детално ама видов дека за кетони пишувате. Мое искуство, во бременоста ми беа покачени еднаш и мене ама скоро пред да правам кс и урина имав стомачен вирус. Ко ги виде матичната резултатите кажа дека кетоните се резултат на дехидрираност и дека не внесувам доволно течности. Така да внимавајте да внесете доволно течност пред анализата.
Искрено појма немам. Докторката рече до еден плус се толерира. Јас имав три, па два. Ич не било убаво ми кажа, ни за мене, ни за бебе. Не прашував многу зашто мене буквално ми се јавија на телефон да се вратам заради трите плуса. И цело време се плашев да не ме задржат. Примив повеќе инфузии, некаде 8 од прилика, за да стигнам до еден плус. И од докторката добив упатство за јадење, леб морам да јадам за доручек и вечера, а за ручек ако јадам нешто со компир/ориз, не мора. Исто, мора неколку овошки на ден.
Матичните не обрнуваат некако многу внимание. Јас претходно имав еден плус, и ништо не ми кажа матичниот, само течности. Иначе ендокринологот додека не се симна на еден плус, не ме остави, скоро секој ден одев на контрола и инфузии. Само да се дополнам, течности многу внесувам, 2 литри на ден сигурно.
Не знам како може да сум скроз обратна во јадење од тоа што бев. Од човек што пиеше само вода и никогаш сок, сега ми се гади од вода и само сок можам. Како може да му се гади на некој од вода? Поготово сабајле ако се напијам на гладно вода,одма ми се гади(а немам повратено ниту еднаш). Јадев претежно здраво пред бременост, сега ми се гади од салати, зеленчук, месо и од интензивни вкусови. Само тесто ми бара душава и бљуткави вкусови ми пријаат. Пред да забременам некогаш и по недела-две не јадев тесто. Како друг човек сум. Сабајле сум најгладна, на ручек едвај имам апетит, навечер ич не ми се јаде. А пред бременост обратно, едвај доручкував а вечерата ми беше омилена.
Да, ама не се појавува само во гестациски дијабет. Пример јас немам цело време, од толку крвни слики и контроли на урина, во месец ипол се провлекло, од еден плус на три. И тоа баш кога лежев доѓа и најмнигу пазев на храна, од паника. Затоа викам сама си направив И во извештајот од ендокринолог баш пишува како треба да се хранам. Обично се појавува при држење одредена диета. На интернет има доста информации, јас тогаш земав да читам, ама знаев дека ќе испаничам, и си ја слушав само докторката.
Овие два дена се преморувам на работа и осеќам болка кај папокот или околу него и ми поминува дури откако ќе се излежам едно убаво ама сепак и паниката работи да не е нешто лошо...
Welcome to the club, огранизмот комплетно се менува, сите не здрави работи ќе ти се јадат, јас на пример обожавав мусли да јадам а сега цела бременост ми се гади од нив, вода не ми беше вкусна до второ тромесечие, метален вкус во устата, после тоа само тесто ми се јадеше и фаст фуд, среќа не се навлеков на газирани сокови, кога почнаа киселините во трето тромесечие, престанав благо да јадам скроз, само на манџи сум, месо, спанаќ, ориз и салата и малку тонус леб Се надевам нема да има премногу осцилации кај тебе, но уживај да си јадеш од се’ што ти душа сака.
Jas denes jadev sendvic konecno posle 2 nedeli gadenje...i toa po pat kupen i izeden. Nekev da ja propustam prilikata. Bev na pregled za komisija i mi prodolzija uste 15 dena doma. Sakav da prasam nesto sto mi dojde cudno. Sega sum 8+2 a na ehoto pokaza 7+5 treba da se zagrizam?
Не не се грижи воопшто.Можеби е покасна овулација,можеби и не е убаво измерено.Јас бев исто 4 дена поназад во 8ма во 10 бев 2 дена па на скринингот во 12 бев 3 дена понапред.Сеуште се развива малечко е немаш грижи
Со првото ме сакав, јајца ич, само тестенини јадев,а предходно јадев нон стоп месо и јајца, тестенини ич. Со второво пак сабајле без јајце не сум, месо си сакам, јогурт лелее човек цистерна јогурт за мене.
Со синко пазете што јадам ептен, до потресување, парче торта делев на 3 пати, сега знам и 2 парчиња да изедам, јадам тестенини, јадам бурек и сендвичи, се јадам и сум исто поправена како со него. Ми се гади од манџи едино, а сум човек што си сака манџа, лепче суво сум во стање да јадам со јогурт ама манџа да не видам. Е многу јадам овошје, парче ги правам јабуките, по 4 дневно ми се фаќаат ко ништо. Кафе не можам, едвај едно, ама топло чоколадо слатко, мммм...
lanolin ми помогна мене највеќе кога почнав да ја дојам, рании бев, крв ужасс ама од тоа ми помогма, прво и ја мислев заебанција колку е мало хаха види сега мачкај со невен, пробај.. за потоа мислам дека ќе ти поможи само линолин. Мрежасти гаќи јас не носев пошо се праев лом со нив, буквално памперс редев, некако и ме стегаше убаво и слободно се движев.
Исто и јас цела се пореметив во јадењето од кога почна второво тромесечие поготово. Во благо да можам да се удавам,и јадење месо обавезно секој ден. А пред да останам трудна благо еднаш на 2-3месеци дали ке каснев по некој ред од чоколадо,торта па ич. Сеа сум грабнала палачинки две порции од Флафи со киндер буено преливи со триста чуда,и не ми се стужува таман ми е Ама јас си јадам и манџи и се,нема нешто да ми се гади вака до сеа од некоја храна Слаба сум сеа за сеа 57кг сум а со 52почнав.
Ги земав од кај општиот матичен на мој термин ги ставаат може било кое медицинско лице што има пристап до него да ги отвори,среќа може така,да не се акам до државна пак.
Мене киселини ми праат манџите и претежно ориз јадам и компири со мевце. Шопска бооо сега кога едвај арен патлиџан ќе се најде хахах и потоа одма повраќам од патлиџанот ама душава ми бара тоа. Недела дена ќе одам кај мајка ми, цел список имам што сакам од нејзини јадења ама верубам дека ќе ме убијат киселини.. иначе не ми се гади од ништо, никакви миризби.
Мене сеа за сеа ништо не ми праи киселини. Навечер некад ретко ме фаќаат ама сами од себе си проагаат. Додека е така да си каснам што можам. Мене ми се гади од мирис на кромид коа се сече а вака од храна од јадење да имам одбивност не.