Денес бев неколку пати по голема нужда. Вечерва наеднаш ме фати пролив, се исцедив во веце, а капак на се и се истурив од повраќање. Дали од бебево, дали некој стомачен вирус донеле децава.
И јас така мислев, де бе викам мало бебе рани ќе ми прави ама да, ми прави, лом сум, урлам кога го дојам...
Dodeka sekerot vo krvta e normalen i nema vo urina seker,keton so eden plus moze da bilo od pomal vnes na hrana i tecnosti. Tetka mi e lekar i mi se javi da mi objasni da ne se grizam. Taka da eve i vam da vi kazam
Јас не сум имала шеќер во урина до сега на ниту една анализа на урина, така да ете затоа докторката ми рече дека е од помал внес на храна. Фала за инфо. Иначе и она ми објаснуваше, ама оди па запамти се.
Исто, плачев првите дена, плус јас пупки немам и додека ги извлече тоа беше пекол, со пумпата кога се измолзував вриштев, после си ја научи цаката и немаше проблем.
Моите вовлечени се, ги истрга некако и плус со пумпа јас ги извлекувам ама премногу ме боли кога цица, иако бебуш е веќе 2 недели.
Или па се спремаш... Ако имаш грчеви во стомакот е вирус, ако не се спрема телото... Кај некои така почнува сѐ. Се надевам не е вирус од една страна, а од друга па знам дека би сакала Тозо да се прибере прво... Јас мрежести гаки не планирам да носам, што ќе ми се кога треба да ми биде на изволте во секое време за на визита... Башка за мое добро е да зарасне побрзо раната, дали царски дали епизитомија. Се издржува пар дена, не е страшно. Башка ќе лежиш 5 дена сакал нејќе, е после гаки ќе си облечеш и нормални влошки, не мрежести. Стигна и последното парче облека за бебе, скафандерче, вечерва ќе го исперам утре ќе се исуши и после ќе спакувам се во торбица што ќе ја донесе маж кога ќе не зима. Уште не сум одлучила што да носам на искачање од болница, земав едно фустанче ама ми е мисла некако да не личам ко у шатор бе... Ко ќе ми текне за синко каква бев никаква на зимање... ужас, у свилена кошула и тренерки труднички Му реков на маж ми земи ми нешто за искачање и зел чоекот, што му дошло прво, тиха језа. За бебе имав земено шпикозни многу убави со капче, чорапчиња, сѐ, нив им изгледало некако едноставно и мало (за прематурче) и зеле купиле ново 62ка а моето беше 56ка, за бебе од 45цм, не знам оти сите мислат дека ако е бебе треба да плива во алиштата што ќе ги носи, да му виси, да се износело, е арно де ќе се износи секако, не мора сега да биде ко кловн во 6 броја поголемо. И уште не можам да ја преболам ружната ташна за пелени, брррр... Затоа сега од пред 3 недели сум испрана, еве ќе се спакувам комплет кај и да е, за прво време работите се спремни, после ќе видиме. Вчера многу се напнав, цела среќна покажувам што сум нарачала, лампиони и куќички со нивните имиња, ми искоментираа На нероден петко... Ко бебево за Велигден да ќе дојде, не за Нова година, не знам оти така... Башка немало да знае ништо, не му требало, оно може не знае, ама за мене ова е прв празничен период со нив двајца, дали дошол пред Нова година или после Божиќ не ми е важно, важно го очекувам во најубавиот период од годината да дојде и за мене тоа е доволно и повеќе од тоа. Се ежам од муабетот На нероден Петко! Си поплакав, сега ми почна божиќниот филм па со какао и колачиња пред тв да го гледам. Убава ноќ лепотици!
Задоволни сте од перниците за трудници од Сомниа така? @Iris-1234 мислам ти имаше,ако не се лажам,друга незнам која,пишете,зошто сакам да нарачувам.
Здраво девојки на секоја крвна слика и урина ми излегува дека имам протеини правам урина култура нема ништо, вода пијам премногу се осеќам прежедна а шеќерот ми 4.4 не знам што да правам. Денес ги зедов резултати од приска и се со низок ризик така кажа докторот и ми рече да направам другиот тест малку ми направи немир, демек имал пациентка од 26 години исто со таков резултат па после детето се родило со болеста па се тужеле,па затоа им викал да прават сите. За првото не правев дури сега малку се смирив одкако прочитав одговори и мислења и мислам дека се е перење пари
Со лесно јас поминав пред 3 недели дехидрирав и колабирав во болница дури се онесвестив пиј повеќе течности
Оној во Плодност докторот, тој ти кажа? Кој и да е, не се фер што така потресуваат недолжни жени за процент. При низок ризик на приска тера Нифти или друг пренатален да правиш од 600е, безобразни едни. Од Мапет кидс, преубав мекан и лесен, не е како овие дебелите тешки, мекичко е таков како шпихозна.
Јас да, премногу сум задоволна. Ми се сплеска само кај главата, надоле секаде е иста. Под главата секако ставав уште една перница од сам почеток бидејќи секако ми беше ниска таа перница Се преродив од кога ја купив, ден пред царски кога ме примија на болница не можев да се наместам да спијам никако без неа па така око не склопив, ете толку си ја сакав
Јас веке се мачам неколку денови неможам да се наместам некако,и еве си нарачав и јас од Сомниа Ако планира некоја да си нарача,имате попуст сега да знаете