Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.284
    Допаѓања:
    111.708
    Пол:
    Женски
    Епа затоа јас се плашам дека ќе се породам порано, се спушти, сега околу папок е сконцентриран и што е најстрашно го осеќам во вагина а досега не го осеќав. Којзнае што ќе ме покрсти во среда. Или ќе ме легне у кревет 2-3 недели или ќе ми даде упат за родилиште. Па затоа да си зачистам јас, да си накитам елка викендов, да не дојде барабава ко бато порано (додуша на бато го проби терминот дебело) па неспремни да не начека (ко бато :rofl:) Чистам ама паузи на 15-20мин, да не седам многу стуткана да не се буни чоекот. Циркузи у боја :rofl:
     
    На Ano, Rtulka и danichap им се допаѓа ова.
  2. juice_

    juice_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2021
    Пораки:
    501
    Допаѓања:
    990
    @AngelOfArh и јас дежурам секоја вечер. Ај што станувам заради киселиниве, се снаоѓам, ги смирувам со мастика, јаболко, млеко… Ама дека се разболев и од неделата сум катастрофа, ептен се нервирам. Си викам зашто мораше баш сега. Не можам ни скроз да се досредам и си се нервирам. Ама па си викам, ајде ваљда ќе почне да попушта настинкава и ќе може да се средам викендов :)
     
    На АнаМаријаД, Ano и AngelOfArh им се допаѓа ова.
  3. meri24

    meri24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски
    Ketoni sekogas ke ima pokacen kaj trudnici, normalno e toa.
     
  4. Belabelinakinder

    Belabelinakinder Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2016
    Пораки:
    2.052
    Допаѓања:
    26.313
    Пол:
    Женски
    Дали некој ги пие фемибион,читав во него има фолна киселина а нахнадно не пијам или па не треба сум заборавила многу време помина од првата бременост (facepalm) главата ми пука со синко спиевме до 10, синоќа спиев до 3 сат после дежурав до 7 се разработив празнично сега седнав кафе да се напијам и тоа од двај го пијам вопшто не ми е убаво ама мора ради низок притисок, а јас мераклија си бев за кафе турско сега не можам да го поднесам него само нес пијам топло со вода исто и со јадењето ќе се мислам цел ден со да јадам и на крај не ми се јаде и ништо не ми е вкусно :( само што вика мажот ми од кашите од овесните каши уживам :)
     
    На Ano му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Asja

    Asja Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2011
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    1.112
    Пол:
    Женски
    Поздрав дечки.Сакам да се консултирам со вас околу плаќањата кај матичните гинеколози.Матичен ми е Наде од Мама,задоволна сум меѓутоа она ми беше прв гинеколог и не сум ја сменила никогаш,па затоа немам ни друго искуство за да ја споредувам.Меѓутоа,тоа што ме нервира е дека секогаш се наплаќа.И не е единствена,слушам многу имало такви.За кого важи законот за бесплатни контроли и испитувања за трудниците? Не би ја менувала,ама не ми е баш сеедно да наплаќам за се,вчера матичниот лекар ми ги отвори очите кога му побарав упат за кс.Ми рече дека тоа требало она да ми даде,оти трудниците се ослободени од наплата. Се мислам да се префрлам кај Ана Матоска,ама немам баш некое конкретно искуство.Или доколку знаете некоја др,што е фер со пациентката при фаза на бременост,препорачајте ми ве молам.Не сакам да фрлам пари за нешто што ми следи. Однапред ви благодарам
     
  6. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.789
    Допаѓања:
    21.528
    Пол:
    Женски
    Да ти препорачам друга не знам, ама да ти наплаќа дефинитивно не треба, а наплаќаат многу од нив. Упат за крвна слика она треба да ти даде со шифра за бременост и нема да ти наплатат. Јас не ја водам бременоста кај матичниот ама упати зимам од него и тоа што законски ме следува го користам и никогаш не сум платила за кс, брисеви и слично.
     
    На Belabelinakinder му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    Билјана Талевска Трајановиќ, ништо не наплаќа. Плус сите испитувања ми ги даваше со шифра за бременост и цела бременост денар не платив за ниту едно испитување.
     
  8. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.284
    Допаѓања:
    111.708
    Пол:
    Женски
    Треба ништо да не плаќаме, ама дел од нас плаќаат. А што плаќаме ако не мирна совест. Му верувам на матичниот, добар ми е, па затоа си плаќам се кај него, а упати што ми дава досегаосвет огтт што сум платила ништо друго немам платено. Крвни слики, уринокултура, испитувања, се бесплатно. Нема логика, он ми дава упати за беспари а ми наплаќа, ама кога гледам колешките како се нервираат со матични, второ, трето, петто мислење подобро ќе плаќам кај него 500ден ехо и мирна глава отколку да се замарам дали ми кажал се, да читам шо форум и да препрашувам на приватно.
     
    На АнаМаријаД, PoisonGirl и Belabelinakinder им се допаѓа ова.
  9. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.794
    Допаѓања:
    7.894
    Пол:
    Женски
    За крвна слика/урина/уринокултура немам платено и јас освен нели ако ради мои "бубачки" не решам да испитам нешто плус од тоа што е напишано на самиот упат.

    Киселини на најјако. Таман се опоравувам од вирус, почнавме со киселини. Што би рекла мојата баба, на бебето му расти коса. :D
    Ако потраат киселините до крај не е лошо и чешел и шноли да носам со мене па да и правам фризура на ќерка во болница.

    Засега терам со помалку и полесна храна, па се надевам уште за тоа нема потреба од лекови.

    Туку, за пречек на бебињата некои посебни генералки и спрема низ куќа се прават? Настрана од она одржување на домот редовно, па да дезинфицирам и исперам/испеглам нејзини работи, планирав уште перење на завеси плус прозорци. Е сега некако ми е ладно повторно да праќам теписи за перење. Во октомври ги перевме, а и сумливо ми е дека добро ќе се исушат во јануари.
     
    На meelitsah и Ano им се допаѓа ова.
  10. Estella

    Estella Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2021
    Пораки:
    400
    Допаѓања:
    536
    Пол:
    Женски
    Јас едвај чекам да ја сменам мама. Колку утки ми направи оваа бременост со закажување. Таа сестрата е катастрофа. За скрининг ме закажале во погрешна соба ,димери два пати упат за во Струмица ми вади а јас од Скопје. Плус премногу се чека , како да имам цел ден да висам кај неа за преглед.
     
    На najjacha и AniSk им се допаѓа ова.
  11. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    5.594
    Нифтито никаде не е покриено од државата доколку нема индикации за него, а тоа е висок ризик на приската или загрижувачки резултати од ехо, некогаш и возраста на родилката.
    Тука го прават во лабораторија во истиот град и пак кошта 700-800 еур, значи не е до трошоците за транспорт, толку кошта. И скапо е реално и за стандардот тука.
    Е ако се добри резултатите тогаш шо напиња глупости....
     
    На Belabelinakinder му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Алек***

    Алек*** Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    1.123
    Допаѓања:
    2.527
    Пол:
    Женски
    Epa napinja zosto ima procent. Ke ti napravi trista filmovi, samo za da pojdes.
     
    На Lavender13, Belabelinakinder и AniSk им се допаѓа ова.
  13. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.284
    Допаѓања:
    111.708
    Пол:
    Женски
    Генералка спроведена! Нарачав ручек, сега ќе го чекам и ќе си јадам после натенане сама дома, во дневна пред тв... кој е ко мене. Се мислев многу да одам со мм, дете и свекрва и јас, па да си ручаме на раат во кафанче во Лешок, ама поарно вака. Исчистив убаво, сега секаде ми е чисто и ќе си легнам на раат вечер. Да се најадам па ќе се бањам и ќе уживам во вистинска смисла. Еееее порано квадратурава за 2-3 часа ја завршував, сега од 9 до 16ч, цело работно време. Ама вечер ќе си легнам на раат во спална, чиста постела, чисто и мирисно дома... Да се исуши се убаво па ќе се пегла уште една тура деновиве, количката е испрана и исчистена, само да ја намонтирам убаво и моето е готово. Во другата тема се пожалив од мм, месеципол го монтира креветчето, осеќам дека нема да го намести пред да се породам. Мажи!

    Да одморам мешиња пред да стигне јадење, оти нема да видам лезет ако го јадам капната.
     
    На Vanilla15, Ano, Nela_21 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.845
    Допаѓања:
    9.331
    Пол:
    Женски
    Хахахахаа ја златна дежурам уште, сега уште повеке ама помалце имам време да се уклучам ]:):D
     
    На Vanilla15, Ano, AngelOfArh и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    5.594
    Девојки ме интересира од тие на кои ова не им е прва бременост, кои од промените на телото се враќаат во нормала после бременоста, а кои остануваат?
    Пример гледам промени во текстурата на косата, волумен нула, дури и во минус. Затоа сјај иам ко шо не сум имала откако бев тинејџерка:D
    Исто за градите, читав дека не е доењето кое ги менува градите туку самата бременост. Јас веќе зголемив два броја и една корпа, веќе не ми се ни пропорционални со телото колкави се. Дали после се намалуваат или?
    Исто може да споделите мислење за други промени кои ве изненадиле а не сте ги очекувале.
     
    На AniSk му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Suze18992

    Suze18992 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2020
    Пораки:
    1.134
    Допаѓања:
    1.605
    Пол:
    Женски
    Секоја бременост е различна , во првата бременост уште од почеток купував градници секој месец од што растеа градите и ме стегаше се што имав, сега од почеток некако се зголемија и си останаа исто еден градник купив на почеток и еве уште го носам 23 недела сум.
    Косата со првата бременост ниту ми паѓаше ни ништо сега веројатно и дека е есен цела куќа ми е со влакна и доста е порасната .
    Претходно ми се појавија само некои флеки околу устата и толку, сега пегите ми се појачаа на лице , усните ко Анџелина Џоли ми станаа , фала богу па ми остана чисто без акни и слично.
    Претходната бременост стомакот ми беше како да кажам рамномерен од сите страни растеше сега прво одеше само напред па стана од сите страни.
    Од првата бременост не ми остана ниедна "последица" можеби затоа што не беше до крај , сега ќе видиме како ќе биде.
    Се занесов у пишување. :rofl:
     
    На АнаМаријаД, AniSk и Lavender13 им се допаѓа ова.
  17. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.243
    Допаѓања:
    26.339
    Пол:
    Женски
    Па, имав мали гради, после бременост ми останаа големи пошо во бременост ептен ми пораснаа, дури трет триместер не бевме со маж ми видени и кога се видовме за Н.година ми даде подарок долен веш, он да ти зел бројче според тие старите прслуци што сум ги оставила дома, кога фатив да рикааам оти не ме береа ау. Во бременост, а и после косата не ми паѓаше, со тоа проблем немав, стомакот иако буквално 4-5 дена пред пораѓај испука, ми се врати во нормала и не беше воопшто страшен, пример да ми е свиснста кожата иако бев тогаш како геогравска карта, стриите обелеа скроз.
    Лицето не ми беше расипано во бременост ама после бременост ми се расипа, исто ради хормони ама си се врати во нормала.
    Сега градиве уште ми растат, премногу ме нервира тоа, најубаво ми беше со малечки гради.
     
    На АнаМаријаД, AniSk, Ano и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Кларчи272

    Кларчи272 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2022
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    68
    Пол:
    Женски
    Девојки здраво јас стасав до 30 нед и овие 3 дена пазарење едно друго цело врееме сме во движење имам еден проблем сега кога бев во вц на бришење една точка крв видов се испаничив и претходно во 23 така имав бев на дежурен од хемороиди било е сега незнам што да правам бебе мрда цело време болка немам само 1 на бришење зедов и со огледало се бришев доле нема ве молам совет
     
  19. Angi266

    Angi266 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2022
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    330
    Пол:
    Женски
    Од која недела почнавте со цтг прегледи?
     
  20. Nela_21

    Nela_21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2021
    Пораки:
    965
    Допаѓања:
    917
    Пол:
    Женски
    Izgleda kaj site e razlicno. Nekoi maticni davaat upat od 36, nekoi od 38 nedela. Dokolku ima indikacija, ili nesto rizicno pravat ctg i porano.
    Jas od 36+ pocnav