Јас цела бременост имав преубава коса и лицето ми се исчисти скроз ( пред тоа имав акни) Породена пред недела и пол ,приметувам по некоја брункичка пак. Се надевам нема да се врати на старо....
Абе јас во книгата што ја читам моментално, пишува дека не е доењето уствари кое ги променува градите, туку самата бременост. Као дали си доел или не, не игра некоја голема улога бидејќи градите ако пораснале во бременоста, после ребалансот на хормоните со пораѓај, после некое време се враќаат во претходната големина, но затоа се така како поистушени. Не знам, затоа прашувам
Линијата некогаш ја имав, некогаш не. Терам 39та, уште ја нема. Косата и кожата некогаш ми беа ужас, со мозолки, сува, првут....сега, оваа бременост, никогаш поубави. После секоја од трите бремености телото се враќало на старо(со исклучок на подраширена карлица). Нова бременост се на ново.
Јас го користам на хипп путерот,супер си е,него од сабајле го мачкам а навечер Еуцерин маслото за стрии,супер ми се погоди комбинацијава. Задоволна сум. А во градите сум два три броја зголемена,до сега стрија немам,а и стомакот ми е пораснат и таму немам сега за сега.
За стриите. Мене последниот пат коа бев на гинеколог ми рече мачкаш нешто за стрии викам да. Вика што мачкаш? Кажувам дека Веледа мачкав па Еуцерин сега и путер од хипп. Ми вика е супер само пари си давате,ако имаш кожа склона на стрии секако ке искочат само работата е да ги ублажиме. Најубаво е вика павловичева да си купиш и во неа да ставиш д витамин ампула,е сеа дали рече д само или б и да се измеша и така да се мачка. Најефикасно било а не е скапо.
Во првата, покрај метилфолат и метилкобаламин, Елена ми имаше пишано Б6 2×1, а сега 1×1. Пијам Б6 на Алкалоид од 20 мг. Мислам некаде прочитав дека до 3 може.
До 3 апченца така? Тоа би му дошло 60мг. Дека имам едни на синерџи од 50 мг па дали смеам да ги пијам?
Се мачкав цела една недела во бременоста, после ме мрзеше. Немам ни една стрија. Така што, во право е докторот. Ако е таква кожата, склона кон стрии, мислам дека не менува дали ќе користиш нешто или не.
Може и големината си има врска, комплекс ми се големите гради одсекогаша за книгата се си е ок, читај си, но многу пати имало одстапки од книги, така да не се фаќај за се по книга
Да, до 3 апченца, вкупно 60. И' се пожалив на вознемиреност тогаш, срцето ми чукаше многу брзо на моменти, до 130-140 ми одеше пулсот и затоа ми препиша така по 2 дневно. Тие од Синерџи дали се перфорирани на средина? Можеби можеш да си ги делиш ако се со линија. Или имаш потреба од поголема доза наеднаш? Мене лично подобро ми беше на двапати да испијам отколку наеднаш бидејќи ми смируваше преку цел ден да не ми излезе срцето.
Мене линијата у 6ти ми се појави, ја имам од горе под гради до доле до вагина Ко шарата од лубеница. Друго, мора ли улошки со мрежа после пораѓај?
Јас немам приметено нешто различно кај себе освен што ми се активира периоралниот дерматит на лице, што знае да ми се појави чат пат низ годините. Инаку две пријателки/познанички досега ме приметија и ме прашаа отворено дали сум трудна. Немам стомак, не ни ме гледаа во стомак, по лицето ме познале, мислам дека сум по заоблена и така претпоставија. Глупаво ми беше да лажам пошто ептен директно ме прашаа и баш ќе требаше да излажам. Ама им напоменав дека е рано, се надевам нема да испораскажат, пошто уште немам кажано на никој… Не знам зошто прашуваат луѓево, нели е малку безвезе, не ни ми се блиски, случајно ги сретнав. Ако сака некој да каже ќе каже. Јас не би прашала и не сум прашала никој така, освен ако нема некој стомак до заби па да му честитам.
Капсули се на синерџи. Од притисок на плуќа дека многу високо е кренат, цело време се чувствувам вознемирено и како да снемувам воздух, а притисокот ми е стандард околу 100/60-70 (мене ова ми е нормален притисок цело време), а и бебево го осеќам дека е вознемирено. Буквално како во ринг е на моменти, клоца, се превртува и уште потешко ми станува. Се напив сега, па здравје наредна недела сум на контрола во четврток и ќе препрашам што можам да првеземам за ова. Читав на нет, ама тоа е за мачнини во прво тромесечие дека може до 3×25, па дури и 3×50. Вакви дози секако не би земала на своја рака.