Здраво мешки. Ај за промени труднички и јас да кажам. Досега немам забележано некои драстични промени, нешто да ми е скроз ачик. Косата ми е фина, обична ко и претходно. Стомакот ми е напрчен премногу напред, јас сум слаб чоек, се тоа што качив килажа досега 7 8 кила се од бебето. Мерам обем на гради нога колкови струк и стомак и минимално се зголемуваат меркиве освен... разбира се стомакот. Ниту во лице ниту во тело сум зголемена, и ми се смеат дека сум била само телце мало и стомакот голем. Нек се смеат ако им е смешно. Ми прават шубиња дека многу долу сум го носела, блсбла а докторот не ме предупредува на нешто опасно од тоа, така што и тие нека зборуваат. Од око сите доктори сме. Интересно е што не се потам многу, не ми мириса потта. Линеа негра немам забележано. Градитеее првата бременост незначително се зголемија, со доење троа појќе. Супер ми дојде, дека мали ми се. Доење при крај, 20 месеци полни, кога прекинав, кога рекоа се тушиме како балонон кога стои надуван знаете, месец два и сега го тушиш и испаѓа едно маљо свиснато парталче. Не ми беа убавки. Ама завршија работа за млекце. За личота, друг муабет Чешањето да ви го спомнувам пак? Да, уште ме чеша, ама повеќе кај стомак напред околу папок а бе леле боли пржи, штипка уф уф, и како влече напред, така и кај слабините чеша. Се мачкам со 100 посто арганово масло од Ревокс. Склона сум кон стрии, сигурно на ова чешање ќе се појави нешто плус. Е на цицињава немам, многу јасно. Да прашам. Докторка @Alishan30 пиша претходно дека би избрала без епидурал. Зошто, која причина те спречува ако може да ми кажеш? @АнаМаријаД витамин Д сигурно и плус Е. Во арганово шо ставам има само витамин Е. Инаку, на ова тегнење што го трпиме, алал на тие што не пукаат. Што кожа е таа?! Бременост без ниту една промена не е можна. Јас знам дека пак ќе имам стрии на стомак, ама ставам масла кремчиња за мене да ми е нежна и бар нахранета, инаку ме боли и папок и кожа. Многу ме пецка. Читав дека и бадемово било добро и масло од невен тоа е calendula нели? Демек за чешкање и затегната кожа овие две. Ама и арганово верувам е супер.
Јас од промени најмногу имам во градите. И онака сум имала секогаш поголеми гради, ама сега уште во оние 2 недели после овулација ми букнаа градите и мислам не се престанати. И тешки ги осеќам и големи и искрено се надевам ќе се вратат во нормала после породување. Ми се појави и линеа негра ама не се забележува многу. Стрии не ми излегле ама јас секако имам мека кожа па се надевам тоа ќе има удел. Се мачкам со масло и креми ама тоа и претходно сум се мачкала. Гледам секој ден после туш ама се случува и да не се намачкам, не се оптеретувам многу. За лицето на почетокот ми беше лом исфрлано, сега е добро. Освен што е суво па помрсна крема користам, ама тоа и на зима препишувам, генерално секогаш во зима ми е така. А косата ми е многу убава е за неа се надевам да остане таква @LunaGrey не разбирам такви луѓе. И да приметам дур не ми каже експлицитно некој нема никогаш да кажам нешто. Скроз без осет се некои луѓе.
Скроз е безвезе! Што ако не си бремена, туку така им се видело? Само ќе направат да се осеќаш без врска, со оглед на ситуацијата. Такви прашања не се поставуваат, бог да чува, без осет.
Ај другарки ок, ама од извидување онака луѓе, е па глупости. Само да се роварело. Можда нејќеш бе да кажеш. Една комшивка познаничка така ми има коментирано. Се знаеме од поранешната зграда кајшо живеев, ама не оту се поздравуваме да речеш нешто. И пред 5 години јас тазе оперирана од вонматерична, случајно се разминуваме и таа коментира аааа машала ајде има нешто. Само се насмевнав јас. А тоа мешето ми беше мааалце пуштено ради операцијата. Божем и да имаше, испиштев нејзе да ѝ кажам. А пред некоја недела, сега кајшо живеам во новава дома, кај маж ми, има една комшивка од другиот влез и со неа правам здраво покрај мажите познанството. И ја знам дека е радознала ама малку и поолош човек, не ме бендисува карактерно. Се среќаваме со неа и маживе беа и ајде кратко муабет да направиме. И таа прашува и друго ново што има? Јас викам ништо бе еве си тераме со малиов, да го шетнеме в центар. А мене стомакот 10 минути понапред. Хаха. Значи ме забележува ама не коментира, ама ме влече за јазик да ѝ кажам јас демек види ме чекаме нов член. И јас ко шо сум токмак за овие работи, не ѝ го направив меракот. И така типката ништо и не ни рече, не доби прилика да испитува понатака.
Не знаеш како се укочив, воопшто не очекував дека некој би ме приметил волку рано.И такви директно абе трудничка да не си? Се збркав цела. Се напнав после средбата, ама викам ај не вреди, тоа е.
И мене ми падна многу глупаво кога ме прашаа, си викам шо ако не бев бремена како ќе се осеќав... Јас еднаш се најдов во ситуација кога жената беше очигледно бремена, ама беше и пополничка. И ми вика демек аа па јас за брзо ќе станам мајка. И јас и велам стварно? Као демек не се познава хаха. А таа 8ми месец.И тоа беше глупо ама поглупо ми беше да ја прашам директно.
Немам искуство со доење. Во минатата бременост градите ми беа малку помали од сега, а после породување иако одма почнав да пијам Достинекс набабрија ептен и на вториот ден ми дојде млеко. Кога се прекина лактацијата се смалија и беа како издишани балони буквално. На сета мака многу ме нервираа, ама за неполна недела се вратија во старата состојба како пред бременоста, најнормални и затегнати. Така да што точно има врска не знам..
Ко стомнарки на чешма. Таквите како за тоа да живеат, да прочачкаат, која е трудна тазе. Како врачарки некои. Тоа е прелична и интимна работа. А да, ми текна и на почетокот кога отидов на депилација. Бев негде може 10те недела. А бе само што седнав, одма аа има нешто ново. Или како и да рече не се сеќавам. И пак не ѝ дадов јасен одговор. Сѐ е можно ѝ велам.
Мене др ми рече до 3 дневно. Не нагласи од колку мг. Да,попријатни се во тој момент и повеќе впиваат.
38+1, бебуш со главчето надоле ама скроз горе качен. Грло воопшто не е скратено, затворено, супер провод на храна и околу 3.9кг. Термин за пораѓај според менструација е 22.12, он ми закажа нареден термин на 23.12. Мислев на крај термините се на недела, ама на две недели е очигледно, исто како претходниот пат. И брисот за стрептокока се плаќа, шпараат од здравственава каса Ми понуди со провокација да иницираат пораѓај во болница. Но со првата така пуштија провокација, се отворив, бебе не се спушташе, главче огромно…не би минела низ исто повторно. Да се помирам дека нема спиење до крај. Маж важно е тука, му викам доле кај мене и така се е бетонирано, бебе не испаѓа, ај барем вози ме до дуќан за новогодишни украси. Сила за 15-20минути роварење ќе најдам
Многу зависи од твоето тело т.е. каква генетика имаш. Мене стомакот ми беше огромен, и јас вела бев, не претерувам, и испукав цела. Сега по 3 и пол години, само треба да го намалам, ама треба целосно да ослабнам. Таква градба имам, не ми е само стомакот проблем. Косата ми е густа, по пораѓај паѓаше ама сега ми е обновена и иста како пред да останам бремена. Ама не се фарбам и не ја пеглам. Само сушење по миење, не секогаш. Градите ми се сменети ама во позитивна смисла. Ми беа мали, во бременост и за време на доење балони, сега се поголеми од порано и виснати малку милферски. Доев 3 години. По 3 години се е вратено како порано освен килажата за која сум си виновна.
Јас со килажа си имам мака, да ми беше се таман, можеби ке им наоѓам маани. Вака ми се топ, друго сакам да поправам.
Јас кај мене искрено не забележувам некои промени. Не дека ги нема, сигурно има, ама вака не можам да забележам. Не сум поправена, дури ослабена сум, цела тежина ми е во стомак. Стрии нови не ми изгледа да имам, ова што имам ми е останато од претходни бремемости. Ќе видиме до крај како ќе биде. Градите вака ми изгледаат исти, што знам. Во однос на коментари на луѓе, ехеее какви има… Јас со втората бременост, кај поминав се што поминав, во продавница, продавачката ми вика аааа се породи. И јас сменив тема. Со детето бев. Како пред неа да објаснувам. Ја се обидував на дете да објаснам, па сега таму пред луѓе… да не зборам едвај се воздржував… она пак, како е бебето, што прави. Јас ќутам, па менувам тема. Си мислам ќе сфати. Јок. И вика на мојата, како бебето дома, те слуша? И јас на крај, значи се деси нешто, не сакам да зборам и толку. Исто и комшии, што како се случи. Ако сакам да зборам, ќе кажам. Јас пак никој не прашувам. Кој сака ќе се отвори сам. Тоа е што да кажам. Ама сите сме различни. Некако се помирив со тоа. Луѓе зборат, прашуваат. Одговарам што сакам, друго игнорирам
Ние дека во помало место живееме само една колешка на маж ми што не разбрала што се случи не сретна и вика ееј се породи ли, како е бебето. Јас се попарив, викам нема бебе. Успеав некако да се исконтролирам да не рикнам во сред ресторан. Па после пишуваше реферати на маж ми да се извини жената, знам дека не беше намерно. Од друга страна па луѓе што знаеа дека чекаме бебе и дека се случи тоа што се случи се понашаа како воопшто да не сум била бремена. Само си осеќав погледи врз себе каде и да отидам, ама не дозволив тоа да ме сруши. Тешко е и вака и така, луѓето некогаш за жал не мислат дека лошо се однесуваат зошто нема како да се стават во наша кожа.
Дали некој што пиел Достинекс или Бромергон (за намалување на пролактин) пред бременост, му влијаело на лактацијата после пораѓај?
не ми влијаело, пиев 2 години пред првата бременост и до 13та недела, потоа прекинавме. Доев година ипол
Ако за нешто обожавам што живеам на страна е заради тој балкански менталитет што не знаат за граници и култура нула. Највеќе ме нервира кога ќе речат ааајдее што чекате треба дете веќе да имате, алоо тоа е интимна тема, некој не сака деца, некој не е спремен, некој за жал се бори за да има дете, ете некој за жал имаат вакви приказни, паа коса ми се крева од народов.