Верувај такви луѓе и на страна се наоѓаат. Може помалце се ама и те како ги има Капите на криво и без нервози. Јас истото го поминав, од погледи жални, до прашања како е малото, до прашање кој месец си кога не бев ни трудна... ама не се замарам многу.
Можно е и Д и Е,да. Јас не сум била бремена до сега и незнам како ке ми реагира кожата на стомакот и градиве. Ама во пубертет кога растев на куковите ми се направија стрии и на газот од страна и си ги носам цел живот. И затоа се шлапам со се и свашта за да некако спречам да излезат,ама неможе. Ако решиле да излезат ке излезат. Ке видиме како ке биде баш.
Да, зошто се најхигиенски и дишат за после породување. Кога ќе си одиш дома ќе си ставиш обични тогаш. Дали тоа ехо ти направија? Не ми се верува! Мажов мал убаво му е кај мама еј, не се дава. Леле денес уморување до бесвест, капната! Ај што работев кај дете во школо работев, ама што после пешачев бааги и кога рече ми се оди во вц, а во трговскиот заклучено, па среќа канцеларијата ми е блиску и фатив таму да се измочам да продолжам после. Пукнав! Ајде издржав некако, наваму натаму, испазарив, ми фалеа марамици пошто снема од домашните па ги земав за бебе тие од ранец и морав да докупам. После фатив бус и застанав во Стружанка ама малце претерале со цените, малце поише, органски памук божем, тикви со расол, си отидов во другото дуќанче поефтино си купив преубави шпикозни, калчинки и си завршив работа. Сега само да ги исперам и да ги испеглам во недела. Е се рашетав ама на враќање така ме болеше кичма и стомак, еве од пред 4 лежам не попушта, едвај последните метри се движев, ми идеше за 15м да го викнам мм да не земе. Ама да потпомине па да станам ручек да ставам, дете е убаво јадено во школо не морам да брзам. Како се ближи времето така сум се повеќе ко исплашена, ко да ми е прво, не знам оти така. Поделени ми се чувствата, знам дека ќе можам и двајцата да ги сакам подеднакво, ама ми е страв синко да не се смени, да не му влијае лошо на развојот, во осетливи години ми е. Вака е многу свесен, паметен, па ќе видиме. Да се одморам денес оти утре ќе се кити елка дома, ќе се украсува новогодишно, има да пукнам од работа ама тоа е. Убав ден мешиња!
Како да дојдам до Д-р Данева на ГАК? Втор скрининг си направив кај неа, сега сум 31ва недела сакам да одам на трет кај неа исто ама на клиника. Дали има некој број да сподели од неа евентуално да и пишам?
Јас се изненадувам кога гледам дека си терате до термин, и ви се дивам незнам зошто интуиција ми кажува термин дека не достигам.знам дека ќе биде така. И првиот пат од старт знаев дека нема шанси 40гн да стигнам. За другава тема претходно се срамев кога рандом луѓе ќе прашаат има ли бебе, а долго немашеа сега не кажувам на разглас, ама ете ме прашаа 2 мои баби, сум им била променета и реков, да има нешто. Чувствувам како да го лажам бебето ако не признаам. Ако ме прашаат кажувам. Ако не, никому ништо. Пред нова година би биле рез од нифти, ништо не очекувам, но ќе излажам ако речам нејќум машко овој пат, па здравје и женско е ок ама потајно машко би сакала. Маж ми е единец, и ептен посакувам друшка да има ќерка ни. Го бакнува мешето и му лафе нешто А колку ми се врати. Да е од утрогестанот, не е, во 9 утрово е испиен, а ко пијана сум. Вечерва и на именден кај кумови сме. Не откажувам ништо овој пат.многу пропуштив мин пат, оправдано беше. И хипогликемииве, стварно замараат. Колку нафрлан ми е постов, а почнав и да заборавам, нели е рано за тоа?
@AngelOfArh едвај се намоливме за на приватно да направат ехо. За без пари секако не ни планираше. Третиот скрининг во 31ва е доволен за до крај за нив. Ама морав да знам барем обем на главче, поради искуството со Ели. Стомакот е 2.5недели поголем, минатиот пат за толку во болница на додатно испитување ме прати, сега рече нормално е. Ок, и за мене е тогаш нормално. И така, ќе си чекам.
Што да ти кажам, луѓето немаат граница… мене ми се деси што ми се деси… не ни сакав да зборам и ич не сакав да ме жалат… луѓе што не знаеја ништо ми викаа, ајде кога второ, што чекате, ајде, еее едно дете ко ниедно…човек да е безобразен па да им каже да се засрамат… јас им викав ќе биде, да сме здрави и живи, исто и викав мене и едно да ми е се во светов ми е, а дај боже да имам и повеќе… Јас имам блиски што жал се мсчеа за бебче, дел веќе и имаат, еднаш не ги прашав, зашто знаев дека пробуваат за деца и знаев дека е болна тема. Тогаш кога сами одлучија, кажаа, и секако добија максимална поддршка. Имаше и секакви други коментари, не ни можев да верувам што слушам. За жал менталитетот ни е таков. Јас се научив да игнорирам и некако мнигу поубаво ми е.
Здраво, на вториот скрининг исто и кај мене стомачето на бебето е поголемо, за една недела. Ме прати докторката да испитам скриен шеќер и тироидна. Немам скриен шекер, но зголемени антитела на тироидната и ми дадоа терапија. Не ми е јасно дали од тоа стомачето е можно да биде поголемо? А баш и мене ми падна во очи кога го гедав, па се подисплашив малку
1-2 недели е нормално да отстапува. И во другите бремености секогаш беше плус минус а се во ред. Еднаш беше само над две недели, ме препрати во болница, на крај пак се ок беше. И сега, иако не ме препрати, да верувам дека се е ок. Рече коските е важно, мешето е варијабилна мерка.
Mesinja, denes se iznarabotiv prv pat od kako sum na patoloska, prasini niz cela kuka drugo i ne mozam ( i ne smeam ) ama i od toa se umoriv. Mi se vide malku pred da pocnam ama toa klekni stani mi bese naporno. Se nadevam nema da mi bide nesto. Morav da i pomognam na majka, taa dusata zlatna edvaj odi cela e ukocena. Tato smuka, dzogira. Utre doaga verenikot so negovite na oficijalno zapoznavanje. So majka se smeeme taka dvete za nikade gosti ke cekame. Ama toa taka doslo, se nadevame ke bide podobro za brzo. Posle eden magnezium ke se napijam, osekam nazad karlicata deka ke me boli. A zdravje vo ponedelnik i ke si go vidam bebus kako e
Мојов за мешето рече дека е добро кога е понапред. Позагрижувачки било ако заостанува, дека не се храни доволно било знак. А кога е во мерки или малку понапред е знак дека добро се храни. @Тина 36 една недела не е ништо страшно. Не знам дали има поврзаност со тиреоидна. Таа така ти рече, дека од тироидната? На моево на преглед во 28ма му беше поголемко. И тогаш тоа го кажа погоре што пишав. Скриен имав испитано веќе, во ред беше. А за други испитувања не ми спомнал. А за тироидната првпат откриваш или си имаш состојба од претходно?
Здраво,дали некоја членка оди на цтг во Чаир,и дали и е даден упат за лабораториски анализи од докторот после првиот преглед?Ако може да ми појасни,кога се прави анализата ,за колку време се готови резултатите,дали на гладно се зема примерокот?
Ништо не ти е, одмори се сега и напиј се и повеќе магнезиум од вообичаено. Убаво да си поминете утре.
Во транспортер не се додаваат додатоци што не се одобрени од производителот на транспортерот. Безбедноста треба да е на прво место. Обично сите транспортери имаат додатоци за новороденче.
Да прашам за две болки дали сте ги имале. Долу срамната коска накај вагина како да ми се двои при седнување станување, како да се шири местото. И втора болка кога бебе опина нагоре како да сака да излези низ папок па цел стомак ми го тера на десно од папокот малку погоре, а нозете највероватно ги закачува во јајници, во бешика и таму долу ме боли како да притиска истовремено. 31+3 денес, да стигнам до 36 и не ви досаѓам.
3-4 предновогодишни дружби во најава. Ај што еден фустан имам за такви намени и не планирам други да купувам, туку и финансиски оптоварување ми се во моментов. Ама ќе се истера некако, доколку решам да одам на сите. Следна недела неколку прегледи и испитувања ме очекуваат така да малку како во грч, дали ќе испадни се во ред. Во поглед на чекањето,прво си викавме ајде да е се во ред до прв скрининг, после тоа месец за месец. Потоа во фамилија имаме неколку прематурчиња родени 28-29 недела. Сега веќе возрасни момци и девојки. Така да викавме да го стасаме и тој термин. Кога го надминавме, следно барем 36та недела да стасаме со бејби. Удари сеуште чувствувам околу папокот во тој дел и би рекла сеуште дека е ќерка со главата нагоре завртена, така да следните недели да очекуваме и вртење доколку сепак се заврти. Мислам околу 34та недела ќе ги правам брисевите. Немам прашано точно меѓутоа на изминатите прегледи, на други девојки за тој период им закажуваа.
Нормално дека се нормални и двете болки. Карлицата се шири и затоа боли срамната коска, а тоа кога се оптега е многу мачно, пошто е се поголемо и место нема, па знае да заболи баш. Не знам дали сум ви кажала кој е мојот најголем страв, дали е замотано со папочна, и со првото и со ова, многу ми е страв. И а почне да ика си викам Добро е, дише. Со душа го чекам да се разика. Друго апсолутно и за ништо не се замарам, нит знам колкаво му е мешето, а знам дека е цело време малку назад, нит знам колкаво му е раче, ноџе, нит главче... Е сега ќе побарам да ми измери цервикс на следен преглед, нешто ми кажува дека е скратено, осеќам како притисок и блага нелагодност, па ќе го замолам да ме ѕирне, па здравје следна недела на последно ехо кај него и после Чаир. И јас ко доктореса @Alishan30 некако не можам да си визуелизирам дека ќе избуткам до крај. Додуша претходните искуство ми е такво и затоа, ама па што знам, ете, се си мислам дека ќе се породам порано. И искрено, не би сакала празниците да ги поминам таму, така некако се осеќам, нека пројде св.Никола и може да искача, не за друго, крапче ми се јаде кај свеќи за св.Никола А тоа е за 10тина дена Инаку за кажување јас некако на сите кажав од старт, ако не јас синко кажа на цело Ѓорче, сите дознаа. На работа го направив тестот и искачам од вц и колешката ме гледа со очите светнати и ми вика Ти си трудна, ама на цел глас, и така сите дознаа. Свеќи беше во депресија и вечерта и се јавуваме да дојде и не можам вика, не ми се искача, кога и кажавме летна да дојде. На мајка прва кажав, и беше роденден за 10тина дена и се јавувам и и викам Сакаш ли подарок 10 дена порано, ама на одложено добивање... и така и кажав. Кажав и на работа на раководство рано рано, пошто сакаа да ме праќаат на терен, а тоа не е работа за жена трудна и така да морав да кажам. Тетка ни беше на одмор, нејзе и кажавме во аудио порака и таму се урлало, се викало, ги разбудиле желките на Сејшелите. После шубе ми беше кога ми рече докторот ама нема ништо, ама се среди и еве ситно броиме.
Многу е чудна состојба бременоста. Се радуваш за се ново што го чувствуваш од бебе и истовремено се плашиш дали е нормално. И стварно не е едно нешто на кое треба да се мисли. Секаде оди паметот. За мерки и јас не се замарам, штом ми кажува Др на контрола во ред е расте бебе, значи во ред е. Мене ми створи комплекс уште на почеток, 16та недела цервиксот 32 мм и само тој ми е во мисли. Затоа кога чувствувам притисок на бешика ми е страв, ама изглеа нема врска со него. После плацента 2степен во 27ма и уште е толку. И вака кога ми се јавуваат некои болки а не знам дали се нормални, од тоа се плашам. За папочната околу врат и мене ми оди паметот, ама си викам не, не е така и мислам нешто друго.