Се е можно, се е можно... Ама ако чекам на 29ти, пре би у очи Нова година. Ма кој ме пита мене Туку мешиња вас жешко ви е? Дома стриптиз ми се дешава, само соблакам по нешто. Последно земав соблеков долна маица, не се трпи, жешко тешко... Ме гледа народ надвор, по џемпер само и шалче, облечи се дете ладно е, абе какво ладно јас сум жива вода, се потам ко прасе. А што сум лош табиет не можам боса, или ако сум боса да сум по пластични влечки, па натнав од чорапите за балетанки, колку да има нешто и така дремам. Моментално во хеланки и една маица по кратки, без долна маица, без прслук, без ништо, не се трпи пошто. Климата на 22 колку да работи, да не ја гасам, и на економик. Ќе ги смрзнам дома. Со синко не беше вака знам.
@AngelOfArh , и јас имам наплив на жештина. Почнав да бегам по други поладни соби низ куќа. Клима на повеќе од 21-22 степени не оставам, некако ме гуши повисока температура. Маж нека се облекува повеќе.
Е не можам јас да го смрзнувам, и поголемо имам, не иде да се тунтаат они за јас да уживам. Затоа во спална се повлеков и раат ми е вака.
Ние сме засега сами со маж, плус 90% од времето различни смени на работа, така да не е страшно. Туку, пред некое време се жалев на миризбата на пот. Е тоа со почесто ставање на Лидера плус дезодоранс го решивме. Деновиве на остатокот од телото, посебно гради, стомак, сеќавам како некој сладок мирис, баш онака како млечно нешто. Можеби јас си замислувам. Можеби и самото тело некој таков мирис ми добива.
Да да, само што го земав пред некој саат. И ептен се изненадив дека е толку намалено Иначе го земав од Зегин кисела вода (Мечкаров), ама претпоставувам во сите Зегин е исто
Мене ме фаќаат жештини. Пред некоја вечер бевме на гости и беше прилично топло таму заради мало детенце и повеќе луѓе се собравме. Јас за два часа се направив чорба. Маицата ми беше жива вода, а најмногу се исплашив кога ги видов гаќите како помочани.
37+ сум два пати денес имам еден "желатински" исцедок како оној у овулација ко парче растегливо.. бел, накај месо боја , да не речам проѕирен .. Чеп ваљда не е .. ко што читав. Ваљда... Утешете
Dobro vecer mesinja16 nedela sum, mi interseira koga se pravese 3d i 4d,se sum zaboravila od prvata bremenost, 8 godini pominati.I dali imate bolki na grbot, od podolgo koga stoite
https://health.acibademsistina.mk/b...ja/ултразвучен-скрининг-во-тек-на-бремен/amp/ Еве тука е сѐ убаво објаснето. Со лесно.
Ваљда е, така изгледа. Ако почне крв да има низ него да не се паничиш. Ама може од сега за 2 недели да се породиш, не мора да значи дека одма ќе родиш. Можеш да одиш кај матичен понеделнички да те ѕирне, или пак на цтг кога ќе одиш да замолиш да те видат, иначе тоа е тоа.
За сега крв или друга боја нема .. исцедок таков влажен си имам бајаги. У понеделникот бев на контрола цтг-то беше мирно.. мада секој ден може нешто да се смени..Да барам барем нека ме види да не сум отворена. Прво ми е ама максимално давам од себе да не паничам, стаив у глава дека некако мора да излезе детево...
Епа арно си стаила во глава, не си грешка. Фајде од паника нема. Природно е да се плашиме, не за џабе се вика друго стање, ама стварноста е таа, мора да излезе на некој начин. И да е мукозен чеп и тоа мора да тргне за да почне породувањето, ти си во безбедна зона и тоа е тоа.
Структурата му е густ како шлајм. Може да ти паѓа повеќе денови. Без паника може и до крај да тереш така. Баш кога зборевме со докторот за чепот рече просек као било 48 часа од кога ќе паднел започнувало породувањето. Со првото од кога ми падна за неполни 48 часа родив, сега со ова има повеќе од 48 часа поминато уште нема ништо, ни б од болка немам
Две недели имам таков исцедок а вчера не бев ниту отворена ниту грло скратено. Може е чеп(јас отворена и скоро две недели една бременост шетав пред да добијам контракции и да реши да испадне) може е и од каналот, се спрема телото, таман за неделите. Набљудувај и без паника. Контракции и те како се осеќаат кога ќе дојдат.
е баш ко шлајм , пудинг.. Немам болки, бебе активно на најако мава ,се тегне што и да прај.. секакви случаеви има мада ај кско и да е во безбедна зона сум.. Фала ти
Па тоа, мирно беше цтг-то вода има, бабица вика добро е се.. болки никакви.. Сигурно е нормално за оваа недела при крај сум.. Ако реши да излегува нека се најави прво Фала ти , ќе загледувам како ќе иде