Девојки дали се фарбате во бременост? Може ли некој ако користи фарба без амонијак да ми каже каде има
Се исфарбав пред недела дена првпат после 3 месеци на 14+,земав некоја Субрина Буттер Колор од локална продавница само таа беше без амонијак.Јас сум плава и ич убаво не ми фати чекам да пројде уште една недела па ќе одам во ДМ да најдам фарба да се префарбам,неможам да се гледам ваква Ако имаш ДМ кај тебе слободно отиди има секакви фарби
Цела бременост се фарбам, не е докажано дека има влијание врз бебе..Мојот фризер не препорачува фарбање само во 8 ми месец.
Па коа е помало можда, ама еве го сега ика цел стомак се осеќа. Нормално најмногу кај главата, ама и горе кај нозете се осеќа. Уф како ме здрма човечето мало... Од попладне некаде осеќам болки, прво кичма, па стомак околу папокот и цел стомак. Потоа се качи горе под дијафрагма и не мрдна 3 саата може. Ме исплаши дека ќе морам по дождов да фаќам Гак, јер за во Чаир не сум баш баш во безбедна зона, ко што знам таму од 37+ примаат а јас сум 35+6. Ама се смири, се симна пак доле и еве го ика веќе 15мин. Вие што ви е второ, трето... кажувајте така почнуваат болките? Кичма па околу папок и цел стомак? Со првото немав болки и стварно не знам, пукна водењак и тоа беше тоа. Нека додржи да го испеглам, да го средам па после нека се раѓа, а ако биде фин да додржи докај 20ти супер.
Јаки менструални болки се, кичма, стомак, влечење, грчеви, болка… во секоја комбинација може. Ама ако легнеш и се смири од умор ти е, се префорсируваш и ти. Ќе се видиш малку арна и почнуваш пак турбо. Стави кочницата и со намален ритам, сеедно дали се чувствуваш преку ден топ, Оти навечер најчесто се плаќа цената. Пиши дали се потсмириле болките
Се смирија, кога се симна надоле. За чудо денес бев баш мирна, ама он си собира против мене аргументи, за воља на вистината права си дека претерувам. А штом се смирија нели не се правите. И кај ќе иде, татко му уште не е спремен
И јас се жалев на неколку пати изминативе недели на такви болки. Ама си ја знам брзата помош и драмите со саати чекање, па со опцијата магнезиум, бања, одмор тестирав и минеше. Ќе тераш ти комотно уште некоја недела, џабе толку си се уплашила
Кај мене беше со крв и пораѓаот почна истиод ден, да не речам после саат време со болки ама така густ сум имала и предходно, па поминувало, не било во прашање инфекција. Сум слушнала за постепено паѓање на чепот ама дали е баш тоа ќе видиш ако има крв.
Користам без амонијак општо, не само во бременост. Не се фарбав во прво тромесечие, сега веќе планирам да се средам кога ќе влезам во второ. Има и по маркети како Тинекс, Веро, Рамстор. Користам од овие со години и задоволна сум Ариел течен бебешки.
2 пати во 26 недели. Првиот пат со амонијак, вториот без. Тие Сиос што ти ги препорачаа и другите членки. Јас во ДМ ја купив.
Не боли баш горе, ни околу попок. Кичма и долу стомакот боли, тој дел како да се одцепува пополека од горниот дел.