На кои интервали треба да бидат контракциите за да знам дека можеби почнало породување? Имам стврднувања во долниот дел од стомакот и менструални болки, 31+2 сум со скратен цервикс 24мм, болки во гради ептен. Како ќе знам дали треба да одам во болница?
Што топлотни бранови? Елка китев по гаки и маица, уствари на среде ручек склет ме фати и се соблеков и реков не можам и крај, дојадов по гаки. Да ми е жив и здрав синко, он ако не ми помогнеше да накитам, тешко дека ќе завршев. Да биде смеата поголема, се пофалив дека се сум завршила, фрлив еден поглед на табуретката и ги видов неиспеглани 20 бели тетри, 2 шарени и една фланелска Ми се насмеаа. Па видов не видов си ги подбрав, си ги испеглав и ајт на здравје. Ми текна дека и гаки не ставив во торбицата ама тоа утре ќе завршам. Јас имам еден проблем, и минатата и оваа бременост, на препоните ми се прави ко перут, ко кожата да ми е изгорена, ми се лупи, и после туширање да се избришам до марамици или пешкир, ми останува ко кожа мртва, ко прљавштина, а само што сум се истуширала. И мене ми мириса, мм вика ти мириса носот тебе, ништо не мириса... и ме чеша, не ми е лагодно. И се десило на некоја? Знае и под гради исто да ми се деси Веројатно е од пот, се потам многу, и што мачкам од уљето, ваљда тоа е. Ќе го џитнам, не се трпи ова, нека испукам колку и да е, не бива. Едвај чекав да легнам, се истуширав само, за када изгубив воља и сила, тоа сака да се вложи напор а јас немам баш енергија. Ме боли буквално секое ковче, нозе, раце, опашката, колкови, кичма... Утре ќе довршам кај синко тоа што работам во училна и се стационирам на кревет и не мрдам дур не реши да излезе човекот. Добра ноќ! Морам да сменам страна на лежење, младиот господин не ја љуби оваа страна
Ќе ги препознаеш правите болки пошто “не се издржуваат” На почеток се на околу 15/20/25 минути треба да дојат до 1/2 минути
Биодермата што ти ја препорача членката земи ја, нема јак мирис, малава ја бањам и со маслено на Биодерма, некогаш и јас со тоа се бањам И ако ти мириса нешто, во право си, мене носов сега надалек ми фаќа мириси, мм само превртва очи Да не се таложи маслото што го мачкаш и затоа да ти праи така? И земи ракавици оние за бањање, јас без нив ко небањата се осеќам, и поткожни ми се намалени, ко ексфолијација си праам со нив, трлам цело тело насилнички со нив Пробај баш со ракавиците, може се таложело маслото што го мачкаш
Да не ме мислите, после убаво преспаната ноќе еве пак,си дежурам. Ова ноќва е врвот, бар се надевам дека полошо од ова не може да биде Си легнав пристојно околу 10 и убаво сум задремала, кога после еден саат се рзбудив во паника со гушење. Во прв момент не ми беше јасно што ми се случува дека од сон ме разбуди. Додека сфатив дека ми е од киселина што ми се наткренала ми требаа 5 минути. Едвај се смирив од паничниот напад. Имав уште два обиди да поспијам, ама како задремував така пак ми се активираа киселините на најјако исега ми е страв да склопам очи. За малер не ми останал ни еден гастрогард бар малку да ми го смири грлово од жежење, а друго било што ми е страв да ставам во уста. И така сега си седам на кревет и ми е страв бар малку да навалам глава за да одморам, да не ме снајде пак некое гушење. Не се секирајте јас ќе ви чувам стража, а вие мирно поспијте. Мене ова ќе ми биде лекција да не помислам да јадам после 5 повторни. Таман ги потсмирив киселиниве, прееска се опуштив и со синко каснав малку палента со сирење околу 7:30 и еве што ме снајде. Убава ноќ, а јас се надевам ќе ја преживеам ноќта.
Само да те поздравам ,и јас сум будна со прва несоница. Убаво си легнавме во 22, се разбудив пред 1 час око не можам да склопам Јас заспав со киселини,среќа сега подобра сум.
не дека е за убаво поздравов, ама да не се чувствуваш сама. Јас дури почнувам да станувам очајна да го будам мм да бара дежурна аптека да ми купи нешто за киселиниве. Ама ми е жал за човекот, премотен е трчање на сите страни. Ќе се обидам да ја преживеам ноќта така.
Хаха поздрав и од мене Јас цела недела веќе не спијам, ама не од киселини, туку од кашлање. Ќе си пукнам веќе…Утре одам на доктор пак и нека дава нешто зашто ова веќе не се трпи.
Леле. Ајде да се преживее ноќва па од утре мора да се бара чаре. Ај јас и ти при крај сме, ама @Sofi.ja е на почеток мора да си најде чаре за до крај.
Мешиња добро утро јас во среда полна 29 недела и веќе осеќам дека доле стапалата ми се отечени и по малце се плашам бидејќи со првото детенце ептен загазив со отоци ,кај вас што сте во таа недела или при крај дали ви се случува исто? И уште едно прашање значи многу се мислам дали да купам бебешко гнездо,знам дека мислењата се поделени во врска со гнездото и ете се мислам што да правам....
Се мислев и јас. Претерале со цени за нешто што реално нема потреба и би се користело 2-3 месеци. Јас решив да додадам уште малку пари и да си купам транспотно креветче, кое ќе ми седи во дневна а кога ќе одиме натака навака ќе си го зимаме со нас. Во спална имам друго.
Ама не ми е сува, не се таложи ваљда, што знам, се туширам бар 1 дневно, а понекогаш и 2 пати пошто не можам да се поднесам. Кожата таму кај што се "лупи" е мазна, мека, ко на бебенце, ама чеша. Иначе се бањам со луфа, и јас без луфата се осеќам ко небањата. Морнинг мешиња! Се наспав синоќа, жал ми е за вас што сте дежурале, знам како ви е. Ретко добро спиење, дури и за во вц станав само 3 пати. Сега ќе пијам кафе со маж, банана ќе јадам, малку плазма со млекце и ќе фаќам патот накај доктор, па на работа да носам боледување и да испијам кафе со колешки и колеги предновогодишно. Мераци! Кога ќе се вратам ме чекаат 30 дрвени лампиони да ги нацртам, ама тоа како хоби, од љубов, од што ми недостига да изработувам такви ситници како на времето. Ручек денес се мислам ловечки, кој што улови од фрижидер, ме мрзи да спремам. Инаку синоќа во сон ги осетив најјаките грчеви во нозе било кога во животот, двете наеднаш, десната појако, мислам дека со игли директ во срце ме забодеа. Си викам во себе, што ќе беше ако не пиев магнезиум, ако е вака со 2 од по 400мг. Веројатно уморот од елката си го направи своето. Е нема веќе, сега само ќе одмарам додека не излезе човечето, немам работа веќе ништо, спремно се, се стокмено. Убав ден жени убави!
Да не се баш ефтини и затоа не сакам да фрлам пари за нешто што навистина не знам дали ке ми биде корисно...
Добро утро и од мене Цела ноќ неспана и јас. Се радував деца ќе испратам во школо и градинка, па ќе дремнам, ама ништо. Болни седат дома. Цела ноќ болки, влечење доле и буквално салта во стомак. Стварно не знам како има место за волку да мрда. Утрово пак почнува карлица да боли. Сеуште е се во подносливи граници па освен да лежам друго не ми преостанува. Да видиме денов што ќе донесе.
Dobro utro mesinja, dali e normalno da mi se vlazni gakite, sabajlevo primetov, samo na loso mislam ke se skrenam
Нормално е да имаш исцедок, скоро сите имаме. Јас бев на лекар испаничив да не е инфекција или плодова вода и докторката ми кажа ништо од тоа не е, нормално е, јас по 2-3 пара гаки знам да сменам зошто избегнувам улошки. Се дур не е количински повеќе или густо мислам дека нема паника. На почеток кога дознав дека сум бремена многу ми беа убави и сакав да имам, ама реално како за потреба мислам дека не е потребно, повеќе се за изглед, за слика и користење во првите месеци за дремки.
јас па мислев ко ке ќе попорасне ќе нема да може толку да клоца, ама вака како те читам изгледа до крај ќе сум како ринг, ако издржам де. Сега прва цел ми е НГ да дочекаме. Со лесно нека им поминува на момите. Ај добро утро. Добро е ноќеска што преживеав. Се помачив и на крај ми текна дека имам сода, па станав и лапнав па малку сум поспала. Сега веќе во поход, станата, кај матичниот за брисеви бев, сега чекам мм да ги остави и да ме врати дома. Ме праша матичниот дали сите или само тој едниот се решив сите да ги направам и добро што се решив зошто се сомнева на кандида му личеше дека има повеќе бело прање, па вака бар раат ќе сум. Киселиниве пак ми се кренаа на најјако, се мислам што да доручку ам, а да не ја влошам состојбата. Ќе мора нешто сувко да е со јогурт евентуално. Имајте убав ден. Вака на повидок личи дека ќе е сончево.
Ајде да се пријавам во неспиечи ама од 3 натака станувам тогаш за во вц и нема спиење до сабајле само што сум задремала алармот на мм синко го активирал во 6 и 30 нз како ајде уште една дремка еден сат па станав ме разбуди мм за синко за да го спремам за во градинка и со него се расправав понеделнички дека не доспан се му смета сонцето,ладно му е не сака кондури сака чизми за снег ги испратив исчистив и сега ред дојде за кафето.Ова недела ќе ни биде турбо денес да купам алишта за повојница каде што сум кума, утре на преглед сум па со синко на забар ,па сарми прилепски мали колку ноктот да се спремат за славата па благо па чистење тешко мене ќе биде. Забавно многу ќе ми биде