И јас имав мерак за гнездо порано, а овој пат не го ни ставив на список. Прекратко се користи, а прескапо е. Подобро е да ги пренамениш парите за нешто што со сигурност знаеш дека ќе ти треба.
Јас последно што знам за гнездата е дека неодамна во САД ги означија како небезбедни и ризик за СИДС. Дури и повлекоа некои од најпознатите производи.
Добар ден и од мене, жал ми е за неспијачите, и јас сум ве придружувала, првпат ова. Цел ден малата и маж ми болни, вчера, буфтаат, кашлаат, јас супи, чаеви, цедени лимони. заспавме вечерта и ептен немирно спиев. Во сон имав вртоглавица, ич неубаво. Се вртам нонстоп заради болки во колкови, и вртоглавица страшна. Утрово станав и киселини се изнаповраќав, одвај издржувам сега на работа. Еден ѓеврек помалку го јадам и јогурт за да се стабилизирам. Многу сум зашеметена денес Гнездо ние добивме на поклон за малата, но ниту еднаш не го искористивме, ич несакаше, а и ми пропаѓаше кога ја ставав, па ми беше страв. Ете ја сега го игра, една од играчките и е
Еден од реквизитите за кои што нема правила, или ќе се користи или нема. Да е неопходно секако не е, исто како релаксатор и сл.
Никаков апетит немам значи цел ден можам да седам гладна а сум 19та недела ни па ми се јади нешто благо, солено ништо све со сила јадам, енергија од сам старт ми е на нула незнам како издржувам на работа Втор скрининг беше од 18та-22ра недела така? Наредна недела сме валда ќе се каже дали ќе биди батко или дада
И јас не купив гнездо и за двете. Првиот месец ролав едно ќебенце и го ставав околу нив ама под нозе да дојде, не близу главата, па со ќебе ги покривав и ќебето убаво подвиткано под сроланото. Која се пораѓала во Ремедика знае на што мислам, не знам како да објаснам. Така се стуткани и имаат некоја сигурност, моите поубаво спиеја така.
Баш го пишував ова пред некој ден. Првите 10тина дена го практикував денски и после си се навикна во креветче без проблем . Сега со зимсково мислам и полесно ќе е зошто планирам од почеток да си спие со вреќа, па ќе нема воопшто потреба од ова или исто првите 10тина дена додека се навикне.
Овие работи ич не ми се јасни. Моето бебе треба здравје крај на Март, почеток на Април да се роди. За следна Есен/Зима секако планирам вреќичка, ама кога ќе се роди не знам со што треба да го покривам? Тој период веќе мислам не е за вреќичка или грешам? Исто така од каде купувате убави вреќички и како се движат големините?
Да, без навлака и обратно го ставав околу главчето да нема ништо само телото да му допира до нешто, да биде утуткано. Тоа само првиот месец, а сега ќебето го главам од страните кај душекот за да не може многу да мрда плус се плашам да не си го стави преку глава (ова ми се случи со поголемиот). Сакав и јас во вреќа ама не е толку ладно, ќе треба некоја летна да земам.
Зависи каква ви е температурата дома ама има и тенки вреќички што може да ти вршат работа за тој период. Нема поголем раат од дете во вреќа. Ќе бараш 1 тог. Од овие потенкиве сигурно знам дека има во тила, а мислам пишуваа дека и во нанам правеле тенки. Ќе бараш нормално најмало бројче за почеток. А за home made гнездото ти пишала веќе и скајлер, обратно кај главата да нема ништо, само до кај раменца некаде за да се чувствува безбедно во почеток зошто гилем шок им е од стомак надвор во вистински свет. Јас само со тетра покривав за да не уплетка во намотаното.
Мешиња. Кога правевте брисеви и урина? Дали наплатуваат за брисеви? Од што сме ослободени од плаќање?
@Skyler @Ano веројатно ќе успеам да се снајдам и да фатиме ред, секако и со педијатар ќе се советувам, ама сакав и искуства од вас како мами да видам. Долго гледав и размислував за swaddle на почеток дур е ептен мало, ама како да се предомислувам. Американците пример многу го практикуваат, а кај нас ко што гледам не се поддржува баш, уште во болница во шпикозни се. И збунка сум малце за некои работи така, ама ќе се снајдам си викам..
Дали после односи некоја се соочила со обилно крварење? Бев на преглед,ме боцнаа Прогрстерон, од вечер со Утрогестан да продолжам и Магнезиум 800мг да земам, од сабајле немам крварење пак. Ама вчера, парчиња излегуваа од мене,многу искрварив. Среќа со бебе е се во ред.. Се плашам пак да не се повтори понатака
Моето е родено март . Сега второво февруари ќе биде. Вреќа не користев бидејќи не ми изгледаше практично да го вадам ставам за соблакање . Го покривав со подебелко бебешко ќебенце ,првите месеци секако не мрдаат како ќе го ставиш така ќе го најдеш А вреќа веќе од следната есен обавезно користев. Јас имам од виббо вреќички.