Утрото ми донесе дополнителни киселини и исповратив. За прв пат денес,а веќе 4 недели ги трпам мачниниве. Цел ден ми доаѓаа нагони,особено сабајле пред појадок. Се напив бедоксин и мислам дека ми се подсмири желудникот. Во претходната бременост повраќав до 18та недела, потоа немав мака со киселини. Вчера ја почнав 10та, се надевам наскоро ќе завршат
Жени утре за во Гак за мислење за клексани да не знаете кој доктор е одсабајле, да знам кој ке погодам ми се смачиа веќе.? фала ви❤️
И јас сум на иста мисла ко @Bella_Stella пошо по ново ни ќебенца не се препорачуваат. И јас се мислев за swaddle ама па овој концепт во ЕУ не го препорачуваат. Мозокот хаос.
Не знам што да ти кажам. Штом си покриена со терапија и бебето е ок, мирувај, и ќе помине веројатно. Докторите што викаат? Јас знам лани ми викаа односи може после 1 тромесечие и со кондом а сега ми е забрането скроз ради ризична бременост.
Сите три со вреќички ги израснав. До 4-5г големите користеа. Најпрактично нешто, летно време тенка, есен/зима подебела. Баш вчера нарачав нова за бебуш, се сум исфрлила после третото, па мораше на ново. Такви гнезда ниту сум купила ниту планирам. Зедов едно креветче за кај нас во спална и едно монтажно и релаксатор за преку ден во дневниот простор.
Мешиња ај ќе ве молам сликнете ми список кој има со се што е потребно за почеток за новороденче,второ детенце ми е ама ете по малку сум заборавила се што е потребно на почеток. Ви благодарам однапред. ❤️
Освен облеката што ја пишав пред некое време јас ова имам на список (нека ме корегира некоја мама ако нешто фали или е вишок): *корито за капење + мрежа(подлога) *купка/шампон + крема за пеленска регија *крпи *топломер *аспиратор за носе *физиолошки раствор *сет за лична хигиена (ножичка за ноктенца, чешле/четка) *гази и средство за нега на папоче *шише *цуцли *постелнина за креветче *душек (креветче имаме) *пакет пелени Друго не ми текнува, списокот не е пред мене, ама горе доле тоа..
Брисеви први околу 12-13 недела. Со упат од матичен гинеколог не се плаќа ниту за брисеви, ноту за кс ниту урина. Урина овучна правев 3-4 пати до сега, и сега земав упат уште еднаш да проветам до крај (34 недела сум). Уринокултура исто не се плаќа со упат од матичен гинеколог и ова правев два пати во цела бременост. На крај (после 34-35 недела) се прават уште едни брисеви. Некои гинеколози земаат само еден надворешен, јас се решив да ги повторам и другите за мирна глава. Значи по лаборатории со соодветен упат не се плаќа, а кај матичниот плаќам по 300 кога ми зема брисеви, тоа колку што ми кажал е за спекулум и други потрошни материјали. Ќе фатиш ред, како нема. За нешто мајчински инстинкт, за нешто малку повеќе читање и истражување, за нешто совет од блиски (додуша јас само од золва ми прифаќав мислење, едноставно така одлучив зошто беше прилично информирана). И не дозволувај да ти се мешаат мнпгу, носи сама информирани одлуки. Никој не е совршен, сите сме правеле и ќе правиме грешки Уф леле. Јас дека немав повраќање ниту во претходната ниту оваа и сега ова ми е шок. Првата дури на крај ми се појавија киселини, ама затоа во оваа веќе 2 месеци ме влечат, со тоа што сега е врвот. Само се надевам дека нема да ме повтори она од ноќеска, ако не ќе престанам да јадам и ќе живеам на зелено јаболко и вода до крај.
Јас не би го оставала да спие во гнезно на вечер, против сум и за мечиња одоколу, капче на глава, ЌЕБЕ и еден куп алишта натрупано на него, како да живее надвор на 10 степени, а дома 25 направиле ама за дење ќе го користам, од причина што не значи дека второво ќе сака исто што и првово ама првово денски не сакаше да спие во креветче на јак душек никако, значи само се мачевме и јас и оно, нејзе и требеше сон, а мене исто така. Само што ќе ја ставев плачеше вриштеше, а ако имаше нешто под неа по меко, спиеше мирно. Така да, за денска дремка, јас во присуство ќе пробам,мноогу е полошо ќебе, него гнезно. А од друга страна САД уште одобруваат повивање целосно на бебе кое е апсолутно најпогрешно.
Женски кажувајте дали во последниот месец помалку качуваат или повеќе? Како беше "правилото"? Мојов е поставен трансверзално, мислам дека сѐ уште е така, по двете бапки што се прават хоризонтално на стомак. Како што расте, се тегне кожава во ширина и кога ќе почне да ме јаде чешање, се вцрвенувам, ставам креми масла одма одма дека не се трпи, па кога го покривам пооолеека со маичката, прже, штипи до лудило. И вака, поарно помалку да расте како ќе издржам уште месец и пол. 30та недела сум. Се надевам помалку ставаат во грамажа. Или нека се врти надолу, што побрзо.
Здраво мешковци, еве и јас ве поздравувам и сум една од тое кои дежура секоја вечер од 4 до 7. Станам на мочање, толку е. Пак и како во првата бременост, и сега ми се појавија трпки во нозе т.е немирни нозе, па ќе пукнам. Туку, еве го моето рекордно неспиење точно до сега 30 саата без сон. Таман заспа малата во 7:30, мислевме ќе имаме за маж време за нас и малце да одспиеме пред пат, она се разбуди во 11 и до 3 саатот си фунционкраше како кој знае колку да спиела, а во 3ч уствари тргавме на пат. Кај јас во кола ќе дремнам.. паа остамав сама до неа, тегни куфери по аеродром, бркај неа, убедувај дека мора да се движи. Умрееев. Уморна суѓ од патишта, од паковање, од распаспаковање, од убедување дека нас нема да не чека авионот. Ептен го поднесов тешко денешниов ден, барам само пола саат дремка ама кој ќе ми ја чува.. Едвај чекам преглед во петок да видам бебе до каде е..ииии јухууу прв пат завчера го осетив како мрда, денес пак Едино добро е што мала само ми го бакнува стомаков и кажува колку многу го сака бебе се надевам дека така и ќе си остане кога ќе дојде на свет.
@Alexandrite , @princess5 , @*malenavolena*87 Ви благодарам девојки за советите, веќе денес сум подобра, освен доста секрет што имам од носот, се надевам за брзо ќе помине и тоа. Среда сум на редовна контрола кај матичната таман ќе видам како е плодот. До сега не сум имала вакво искуство, повеќе од 5 год не сум била воопшто болна и баш ми е криво што баш сега овој период ме фати настинка ама се надевам за брзо ќе помине.
Жени јас малце сум загрижена, цела недела веќе насабајле и после долга смена осеќам како јадеж на стапалата, на табаните, како испотени ми се и како од трпнење кога ти се јавува јадеж, е таков некој. Читам дека чешањето од црниот дроб се јавува таму ама мене вака ми се дешавало и пред бременоста кога работам на нога и сум физички активна. Не знам дали да паничам и да одам на преглед одма или да чекам следна недела кога имама редовен.
Ve citam pogore vo spisocite imate i mreza za na kadickata za kapenje, jas kupov kadicka od enci menci, od chicco komplet so podloga za presoblekuvanje. E sega neznam sto e podobra opcija, mreza ili drugive dodatoci sto se za kadicka,baska neznam dali bi bile taman za sekoja kadicka ili samo za nekoi. Taze majkite ako moze da dadat sovet sto od ova e najprakticno.