Истото мислење го имам и јас, така со ќебенце за преку ден, а за навечер вреќичка. Од прв ден во вреќичка, само во најжешкото спиеше без неа, иначе цело време во неа. Исто роден е април големиот. Си има за секоја сезона дебелина. Јас дури и за во лето во жешкото му сошив од многу тенко материјалче и само по пелена спиеше во неа, фактички како во маичка да беше само. Раат. Ние сега повторно ќе ги користиме тие што ни ги донесе ти за бато, многу практична работа ми беа за него. Добар ден! Дефинитивно не сум способна веќе за акање, иако имам енергија за многу, ама не и сила. Освен ако не ми вградат еден катетер зошто најчесто мака ми прави уствари бешиката, стиска човечето, ама и влече гравитација за воља на вистината. Ама си дојдов, се кутнав на гарнитура у саат време отспав најслатко. Е не се покрив, па замислете ми застуде, ама станав сега свежа. Маж ги нашол иначе шрафовите од креветчето па сега ќе го монтираме. И тоа да ми се мавне од глава конечно. Инаку осеќам дека ме кине вагиналниот отвор, ме боли доста, опавчето позади и десниот колк, секое станување ми е со болка. Ама ќе се издржи, веќе се во прашање денови, не месеци. Убав ден мешиња!
Мешиња,незнам дали тука треба да прашам ама оние кои се боцкате со клексани Идеос од која недела ви ги вклучија? (Др Јани ми пишал да се воведат ама не и од кога)
Јас примам Клексани ама никој не ми спомнал да користам Идеос, ниту пак Јани ми има пишано во извештајот.
Каква кадичка купи? Да не ја купи Cuddle Bubble на Chicco? Јас таа ја имам и баш купив ваква мрежичка ама не одговара на кадичката, мала е за таа кадичка, а во Енци Менци не ми го напоменаа тоа.
Јас ги почнав од 16 та недела. Тогаш докторката ми рече да ги прекинам клексаните, ама бидејќи и реков дека ќе продолжам да се боцкам на своја рака, поради три спонтани и мутации, ми рече тогаш обаврзно земај Идеос, и од тогаш ги земам. Ми рече дека клексанот може да предизвика остепороза и затоа треба да се земаат.
Јас пијам идеос. Се боцкам од почеток а ми ги вклучија од 20 недела. Тоа уствари е калциум +д витамин
Очигледно само јас не пијам Идеос и сега ми е шубе.. Пијам само д3 витамин од 1000ИУ од пред некое време. Сега ме ставивте во мисла дали да земам + калциум.. Ај ве молам сликнете ми состав на Идеос да видам во колкава количина има д3 и калциум.
Повели, ама сепак мислам кога ќе одиш на трансфузиолог да го прашаш пред да почнеш @Pipismel ги пиеш или џвакаш? Стои дека се за џвакање Има врска кое време од денот или не?
Се џвакаат после оброк, јас по ручек така ми рекоа во аптека. Интересен вкус имаат како бонбонче. А и во упатството пишува со размак од 2 саати со цинк мислам или нешто такво. Зато ги поместив премамата ги пијам навечер
Прашање до трудниците што биле на Метилдопа. За која вредност ви препишаа Метилдопа првпат? Дали кога ви рекле дома да го следите притисокот, го мерите повеќе пати на едно седење (2-3 пати) и вадите просек или мерите само еднаш и ја запишувате таа цифра? Јас секогаш мерам 2-3 пати и второто и третото мерење ми се значително пониски вредности од првото. Секогаш е така. Не сум сигурна како е правилно, ако може некоја да сподели како била советувана од доктор. Еве сега кога мерев, прво мерење 130/80, второ 113/70. Не знам кој резултат да го земам за релевантен.
Со дигитален мериш? И зошто пиеш Метилдопа на овој притисок, или имаше повисок? Јас мерам со дигитален иначе на зглоб ама пред да измерам седам во таа позиција 10мин па после мерам, и 2 и 3 пати да измерам исто ми се фаќа, исто дава, само да се смирам пред мерење добро. Е кај докторот секогаш ми мерат по 2 пати за да проверат.
Не пијам Метилдопа, ама пред бременост знаев да качам некогаш и поради тоа очекувам кај и да е да почне да качува над 130. Иако од почеток до сега е прилично нормален. Со дигитален мерам дома, да. Јас и 5 пати да измерам, 5 пати ќе е различен резултат. Пробав на повеќе апаратчиња и секогаш е така.. Затоа не знам кој резултат да го земам во предвид, првиот, последниот, просек, најнискиот, највисокиот... Ме буни.
Просек би рекла. Јас имам низок и притисок и пулс, но во бременоста се покачи на нормала и таков си остана со тоа што од 7ми навака, како почна бебе да се качува се погоре се качи на 130-135 и не се симна. Ама па и не се качи повеќе нагоре.
Веќе 35 недела влегов, нормални ли се болки чат пат на стомаков и доле хахах Не се многу јаки така ко да ме врти И половинс почнувс да мме боли и опавчето позади при движење
Цервиксот си се крати, а мене матичната ми вика од вагинално да почнам да ги пијам утрогестанот и да прскам некој спреј вагинално (од кој има процент зошто со флаер и нејзин печат е-Вулвоваги се вика) во случај да не правам инфекција јас со пикањето на утрогестанот и затоа да се крати уште цервиксот. Немам каде за второ мислење, не сум при финансии за на приватно само за прашање -дали да ставам или пијам, а на Гак не верувам дека за овој "проблем" ќе ме ферма некој. На мисла ме стави зошто вагинално подобро делува утрогестанот и ми го тргна, а ми тупна спреј од 1000 денари за вагиноза, сувост.. Брисеви не сакала да ми зема се до 36 недела (задутре почнувам 32), не било препорачливо да ме чепка, а на Гак нема врска со рака што ме прегледуваа, тоа може Протоци добри, тежина на бебе добра, а постелка 2/3 степен зрелост, уште еден знак за порано пораѓање?
Cupina posle z20dena kafeav iscedok mi kaza doktorot deka imam cervikalen cep 1,5sm x0,5 . Terapija ne mi dade rece strogo da miruvam . Ve molam nekoja iskustva
Не одам на трансфузиолог. Имам препишана терапија за цела бременост од Јани, а месечно гинеколог ми дава извештај за клексани врз база на извештајот од Јани. Д димери и Хемостаза мерев еднаш во 14+ недела, сега сум 22+.