Дали наведува дека сум бремена или како? До сега кога сум правела брисеви кога не бев бремена си плакав по 850 ден. И за кс мм плати минатиот месец кога ми ги зема резултатите му рекле да плати.
И мојата матична не ми даде упат за д димери, се испитувале само ако има некоја индикација како предходен спонтан или бебето не напредува како што треба. Јас на своја рака испитав па и кога прашував други гинеколози за резултатите се чудеа зошто сум испитувала.
Мене во првата бременост ми испита матичниот оти лакуни имав на постелката иако бебето добро напредуваше. И ок испаднаа.
Пиј слободно не се мачи. Што ако е крај. Магнезиум, витЦ и парацетамол наеднаш испиј и ќе те крене. Јас ќе ви се фалев синоќа дека не дежурав ама еве ме, у ситни саати. А станав од нигде никаде иначе. Нит у вц ми се одеше нит ништо. Ама касно јадев, во 8, и сега мака ми е. Ко сум смотана... А ми се спие, не дека не, ми се плаче од што ми се спие, ама ете, не ми дава нешто да заспијам. Креветче монтирано, кнап во спална што да ви кажувам, ама ќе се издржи. Среќа го поставивме помалото, ако го стававме големото не знам искрено каде ќе се ставеше. Ќе морав да го ставам на местото од комодата а комодата до мене. Ќе биде и тоа изгледа, ама здравје кога ќе порасне малку, таму кон следна зима, да не станува ноќе, да биде поголемко. Дека со синко не дочекав овие месеци, мене овој последен период многу ми е тежок, мачен за движење, за спиење, за се. Спремно ми е се, не можам да се жалам, ама си ја сакам подвижноста. Ме убива што имам енергија, ама немам сила. Добро ќе биде да дремнам, имам 3ч до станување, па да не бидам ко пијана кокошка цел ден, да ги дремнам на време. Со лесно на колешките на дежурство!
Мешиња, сигурно има некоја од вас која поминала низ истово во првата бременост или сега го доживува истото. Моментално сум 41+1, ги надминав сите граници во секоја смисла на зборот Докторите сите констатираа дека макс. до 38ма ќе се породам, но ете јас ги надминав и нивните констатации. Болки немам, лажни контракции чат-пат и тоа во блага форма, проверена вагинално пред некој ден, ни см. не сум отворена, ЦТГ уредно…до кога би чекале да добијам болки не знам Како поминуваат деновите станува се помачно, се надевам на денешната контрола нешто поразлично ќе ми кажат и набргу ќе се олеснам. Како за втора бременост чудно ми е дека стигнав до тука, впрочем сите носеа констатации дека оние жени кои раѓаат по втор пат кај нив е полесно Е сега прашањето ми е, доколку сум отворена прст/два, а болки немам или имам во блага некоја форма која не ја ни осеќам, дали би ме задржале на ГАК и би индуцирале пораѓај? Со провокации знам дека може да биде доста болно, но можеби нема да има друго решение, не знам… На триста ума сум од сабајле, само се надевам дека денеска ќе помине се во ред и наскоро ќе споделиме убави вести..
Од 28ма до 32ра. И јас малку сум збунка на таа тема. Кога бев на втор скрининг Димчев ми рече да се видиме пак во 28ма недела, ама претпоставувам нема да го рачуна како скрининг туку сака уште еднаш убаво да го прегледа срцето.
Првата бременост го надносев бебето до 40+6. Немав ни болки ниту бев отворена. Се породив со провокација. Не можам да споредам дали повеќе боли со или без провокации затоа што ми беше прво искуство. Со лесно
Ти благодарам Можеби и мене истото ќе ме чека. Каква беше процедурата, те задржаа веднаш после прегледот во болница?
Pojma nemam bella. Jas taa formacija ja dobiv. Bas tamu ima pocnato edna trudnica 7 mi mesec e i ona potvrdi deka i nejzinata maticna kazala deka bilo isfrleno. A zosto i kako uvidivaat deka ima indikacija toa stvarno ne znam. Lekarite verovatno gledaat po nekoj parametri vo krvta.
Ме следеа на 2-3 дена. Имав закажано за кој ден да ме задржат. Лежев една ноќ, утредента ми ставија провокација. Во Чаир се пораѓав. Нека не те плаши ако треба да ти стават провокација. На некој начин мора да искочи бебе. Најбитно е сѐ да се заврши брзо и лесно.
Добро утро. Иако нема сонце ќе ве поздравам вака дека сум поспала ноќеска @Bella_Stella јас една бременост истерав со клексани само до 8 недела и без никакви поместувања. Сега заради мутации сум од пред трансфер со клексан + аспирин до 30та недела и цело време со скратени времиња, а последно откако исклучив аспирин и ддмерите отидоа нагоре. Кога веќе примаш терапија, не е лошо да ги проверуш параметрите. Инаку за индикација сметаат лакуни на постелка, намалени протоци и сл. Јас за сега иако ми се качија ддмерите на 2000 откако прекинав аспирин не ми вклучија дополнителна терапија, ама контрола на две недели ми закажа гинекологот па за понатаму може ќе се менува терапијата. А калциум прашај го и гинекологот. Јас претходната бременост иако не примав клексани, по нејзина препорака примав калциум, не мора да чекаш да ти препише трансфузиолог. @Angi266 никогаш не сум испитувала ддмери без хемостаза, секогаш комплет испитувам. Незнам која недела сум, ама ако немаш индикација не мораш. Не секоја трудница испитува особено без индикација. Јас сум со ивф и идиопатски стерилитет и некако во целата борба испитав мутации кои укажаа дека треба да примам ваква терапија. @danichap се измачи . И јас како ангел мислам да не се мачиш. Особено сега на крај. И знаеш они домашни, многу цитруси, мед, чаеви. @Mila_Mia ова треба да го знае секој матичен гинекоког. Се разбира дека има посебно шифри за овие испитувања во бременост, со кои сме ослободени од плаќање. Брисеви, ТОРЧ, кс, урина, уринокултура па дури и ддмери и хемостаза сум испитувала со соодветен упат без пари. И скриен шеќер може да те прати да испиташ. @AngelOfArh ние на смени. Ноќеска па јас дум поспала, а ти дежураше. Ама јас вчера после 4 само бејкролс и некоја бисквита бев касната и така изгледа ќе морам до крај да си гладувам. Инаку не е само тоа што си навлезена подлабоко во бременоста мачно. Втора бременост и си го прави своето. Во првата бременост додека влегов во 9ти одев сред лето на работа без никаква мака сега од 5 месец си плачам колку ми е мачно. Еве на средина на 8, а јас веќе сум нефункционална. Плус и годините си го прават своето. Туку вие што сте правеле брисеви во поодмината бременост чувствувавте ли блага нелагодност после тоа. Матичниот беше многу нежен, може да кажам дури и прв пат да не осетам некоја нелагодност од спекулум и зимање, ама еве уште отпосле чувствувам блага нелагодност. Незнам дали да вклучам аларм или да почекам и онака сум во четврток на контрола?
Мене како индикација за претходната бременост ми ја сметаа операцијата што ја правев 6 месеци порано и имав многу покачени димери,па затоа испитував често. Сега оваа бременост веќе 29 та недела сум ,се на се три пати испитав се е ок.
Баш на смени. Уште ми е мака од желудник еј, не јадам више после 6 па до таму да е. Сега ќе изедам јаболко и ќе сварам чај од нане, некоја бисквита и толку до кај 12. Се опуштив и јас, будала. Инаку брисеви во поодмината бременост ми рече еден е без спекулум, од надвор. Утре сум баш на тој брис, па за 1 недела и на последно ехо. Не знам зошто во првата бременост ми го зема брисот во 34 полна а сега во 36 полни во 37ма. Ич не се сеќавам. Изгледа дека тогаш тргнав да се отварам, не знам, не се сеќавам.
Нема за жал мора да пазиме што ќе јадеме до крај. Пусто еден апетит се да пробам и да каснам, ама очигледно газот не ми држи повеќе. До крај ќе живеам на потпечен леб со путер, евентуално биена сол, кашкавалче, некое јајце овошје и зеленчук. Не се ни сеќавам кога последно нормално сум каснала и ручек. Во неделата мм спремаше риба и компир салата. Риба каснав помалку од мали и 5-6 парчиеа компир. Е вечерата во 7 (палента со сирење ме уништи). Вчера имавме кофте во сос и пире, не го пробав, а така вкусно изгледаше се. Еве денес стартував со две мали потпечени лепчиња со путер и биено сирење. Веќе почнав и со страв да јадам. И јас претходната го правев само тој надворешниот. Ама сега ме праша матичниот дали само тој или сите и некако ме фати шубе и реков сите и според него добри што така одлучивме зошти му личеше под спекулум дека имам кандида, па бар на чисто ќе сме по брисевите. Не е страшна нелагодност, може и повеќе јас си халуцинирам дека знам дека ме пипкаше доле. Ништо и онака во четврток сум на контнрола па ако има нешто не дај боже ќе се види.