Ама мислам дека без индикација никогаш не биле во протокол како задолжителни. А сега за на државно сеуште си постои шифра за испитување во лабораторија во бременост, значи ако смета докотор може да те прати. Матичен гинеколог не може да те прати само за мислење кај трансфузиолог, за тоа нема дијагноза во бременост.
Јас баш петокот закажував за на трансфузиологија имаше одма за помеделник термин.Баш сега и на мој термин гледам има доста термини.Само за скопје зборсм извини не знам од каде си.
моја пријателка пред 5 години имаше ваква да речам дијагноза ....бременоста успешна до крај и девојчето здраво живо најслатко на свет само примаше клексан е сега дали беше од тоа иницирна клексанот или од дополнителни проверки незз
не се секирај сосема нормално е да се јавуваат грчеви и д имаш болки после нив магнезиумот ке ти помогне а некогаш при јаки грчеви мене знае и цел ден да ме боли нога тоест да осеќам цело време дека нешто се случило
Јас на вечер кога ќе легнам, мрдам како луда не ме фаќа место од грчеви, трпки, а посебно ако тој ден сум се изморила повеќе.
Не Мо Жам повеќе! Дете е напикано во желудник, горе скроз, не се дише од што е горе високо, ќумрам! Демек се симна надоле, шипки варени. Ме уби. Не спиена ич, јадена банана и бисквити, некое бебе поише од мене изеде утрово гарант, чај место кафе, сега ќе испијам уште еден чај и ќе земам да сработам нешто, ручек немам, не ни знам што да правам. Се мислам некој ориз да фукнам да се пече, бар мене лесно ќе ми биде, ама иди да те видам пржи кромиди со желудникот во нос. До 34та недела некако одеше времето, од 34та навака не мрда од место, ден не проаѓа. Си поплакав, ај да ставам душек на место во креветче, да наместам постела па ќе видиме после има ли сила за друго.
И мене ми пишува на извештајот од Димчев контрола за 8 недели, и ми рече 30та недела на трет скрининг.
21ва го правев. Мислам дека за контрола на сите им пишува на извештајот он, а усно ми кажа дека имам уште еден скрининг во 30та. И на првиот скрининг ми имаше напишано контрола за 8 недели.
Фала ви на одговорите Јас знам дека грчеви се појавуваат ама не мислев дека волку рано и така чудно болни ќе бидат
Девојки,каков извештај ви даваат матичните? Дали вака само слика со оскудни податоци? Овде само има должина и недела,нема краен термин ниту нешто повеќе. Претходната матична ми даваше слика и посебен лист а4 формат со податоци и за срце и краен термин итн.
Јас бев на 3 скрининг кај Димчев, и пример првите два повеќе обрна вмимание на другите органи, а на 3 тиот повеќе на срцето, подетално го гледаше
И мм помага за се, и околу малата и за домашни обврски, но пак некако товарот повеќе е на мене. Он е на работа до 5, значи јас сама ќе бидам, баба сервис немаме за жал. Навечер кога плаче бара цице пак ја бара мама, значи пак ние ненаспани Врти сучи кај мама најлесно се смирува. А сега веќе имаме и друго дете кое што исто очекува внимание Е тука сега ќе ги додадам и нашите “годинки“ Ќе биде интересно секако
Извештаите им се мизерни..на сите..и државно и приватно.. Две реченици и толку..ни параметри ни бутур..
Па не. Може да е од многу причини, од притисок на нерв, недостаток на железо, високи естрогени во бременост и така натаму.... посебно чаре баш и нема во бременост. Јас само се надевам дека ќе го снема после бременост како минатиот пат, зошто баш е незгодно и непријатно. Ќе се снајдеме. Мене најмногу ми помагаше кога за се си викав дека е фаза и навистина поминуваше .