Од 7ма недела почнаа кај мене Баш како што опишуваш.како да вијат, како да е ревматска болка, ќе сменам страна и не боли таа, престанува, таа на која што лежам, таа ме боли. По цели вечери се завртувам. Можеби требаше да прашам за Д витамин денес?
Девојки што сте пиеле за ниско железо и обично од која вредност ви дале терапија? Докторката уште ми нема одговорено, ама само таму ми е паметот денес, читам, истражувам.. Во минатата бременост пиев Лактиферон, ама ни памтам од кога, ни ништо..
Јас мед со семе од коприва почнав превентивно да земам иако ми е релативно добро железото и хемоглобинот. А во однос на тоа од кога можеш суплементација да земаш, не е ограничено временсли. Имам другарки што од 4ти месец се со суплементација за железо. Ако крвната слика дава таков резултат уште одма можеш да земеш. Внимавај само кога го внесуваш во однос на другите витамини и 2 часа пред/потоа да не пиеш кафе
Мислев на апчиња. Инаку да читав како може по природен пат да се крене, ама во бременост не знам колку е возможно само на тој начин. Пиев и јас во претходната бременост мед со семе од коприва, ама една колешка прееска кога спомнав изнајде негде дека не било дозволено за трудници, предизвикувало контракции. Не ми текна да и ја побарам статијата да ми ја прати, ама ќе ја прашам пак утре. Инаку знам дека треба 2 часа растојание од кафе и млечни производи. Кафето би пробала со какао да го заменам, ќе видиме колку ќе ми успее.
Пиј какао, мед и семе од коприва (сега прочитав за дека си пишала за медот-сепак препрашај си)додека ти дадат нешто терапија
Јас со докторката се консултирав рече дозволено е за трудници. По една лажичка на ден не е некоја доза голема. Баш ќе прогуглам сега.
A kakao da si pies sekoj den. Neznam dali znaes deka e dokazano deka vo nego ima najmnogu zelezo. Jas planiram da pocnam da si pijam pa mozebi ke mi pomogne da mi ostane zelezoto visoko kako sega 26
Да ќе земам некое органско, читав дека помага. Да ти остане така високо е реткост, ете гледаш кај мене како нагло падна, а пазам на исхрана. Како минат неделите бебето се повеќе зима и нормално е да се спушта. Мене ми дојде малце шок дека ептен нагло падна, повеќе од пола за еден месец. Очекував двоцифрена бројка, барем 14-15, ама нема. Ќе пробам сега со какао, темно чоколадо, аронија, повеќе црвено месо, јатки, мешункасти плодови, па ќе видиме следен месец ќе има ли подобрување.
Majcina kniska mi dade maticnata stom vide srceva akcija i mi popolni, i sekoj mesec mi pisuva. Plus mi ima napisano termin. A kade ima da se kupi ne znam
Јас бев болна тогаш,докторите викаат дека корона било,иако на домашните тестови не покажуваше. Го прележав и супер си е бебето не се плаши. Баш и јас тогаш бев така 13недела.
Мешиња јас бидејќи почнав веќе да купувам по нешто од облека ме интересира за почеток вие колку боди на кратки ,а колку на долги,колку капчиња,ракавички,шпихозни,бенкици спремивте и се друго потребно? Ептен сум збунета нешто како за второ дете ... Друго ме интересира дали ке практикувате широк повој? И ако да колку шведски и колку тетра пелени се доволно за почеток? Инаку во Февруари влегувам во 9 ти веќе...
Дежурам Пак се качи тт на 39, цел ден ужасни мигрени и болки во цело тело. Пред 6часа се напив парацетамол, падна до 38 и еве сега пак 39. Се јавив во породилната сала, да прашам дали да одам, ми рекоа тт не е опасна за детето и дека и они би ми дале само парацетамол. Да пробам да ја шкртнам ноќта, да се јавам утре кај матичен или гинеколог. Се тестирав пак од корона, негативна, ама има толку многу вируси што фрчат наоколу, кузнее што закачив. Се додека немам контракции, бебе мрда, да седам дома. Се мислам бања со млака вода да направам, белким ќе потсимне, ама силите се до ич. Многу вода испив и 20пати бев гарант до веце, папсав. Веќе среда, последен ден од 39та недела.
Ти благодарам уште еднаш на одговорот, ете и јас да се пријавам џабе паничев, отидов на преглед и ЦТГ, а јас без болки веќе отворена 3 прста. Ми ставија вагинална провокација и за три часа родив едно женско бумбарче Конечно се олеснив, чувството е баш како да си се препородил
Зависи кај кој ортопед ќе одиш. Видоевски не препорачува широк повој. Пелената е доволна. Јас не практикувам, колкчињата сега за сега се супер. Патронажната беше таа што препорача и кога почна да ми објаснува, и тоа се на бебе да му ставам, теорија нема. За бодиња зависи дома колку ти е ладно. Јас само на кратки имам. Едно 10тина имав и за почеток. Кога потпорасна малку не сум ни ставила одоздола, многу се поти. Ракавички џабе купив, капи веќе имав околу 30, а носеше само две-три. Шпихозни имав исто десетина и само дотур правев, бидејќи додека трепнеш пораснало. Од останатото имај се дупло. Ќе помоча, ќе какне. Додека се пере едно да имаш веднаш замена. Тетри тоа ти е најбитно, никогаш нема да имаш премногу.