Мене ми се смени во бременоста од комбинирана во сува на лицето, а на телото и онака сува ми беше ама уште повеќе ми се исуши. 3 недели кај што сум породена и кожата уште ми е сува, не е вратена во нормала и не знам дали ќе се врати катастрофа ми е
И јас цела бременост мака мачам со низок хемоглобин, а еве веќе сум 37ма и гинекологов мој како абер да нема Ми препиша хеферол, не можев да ги пијам затоа што ме убиваше желудникот од нив, буквално се, и подуеност, и тегоби, и грчеви, и киселини, и болки... Пијам тотхема по две на ден со витамин Ц и цеден сок од портокал и пак ми е хемоглобинот 10, а веќе 3 месеци ги пијам. Ја прашував неколку пати за замена ми вика освен хеферолот немало ништо што било тераписко, па си викам аман зарем до толку, 21 век сме, анемијата е честа во бременоста... Дури и ја прашав дали да ги земам хеферолот со нешто друго против стомачни тегоби, ми вика пак џабе немало ништо. Вчера не знам зошто гуглав анемија во бременост и породување и уште толку почна паника да ме фаќа
Јас минатата бременост Лактиферон пиев и немав тегоби. Провери ги нив, може ќе ти одговараат. На крај си, ама ако се доите крвта мора да ја појачаш.
Не се лажете дека ке ви праќаат. И да пратат, дали ке е ок, дали ке ви се допаѓа, не се знае. Сами си купете се што ви треба. Од друг ли ке чекам да ми облече бебе? Никој нема да ви донесе тоа што ви треба во момент. Мене ми носеа се и сешто, ама или преголем број, или премногу алишта за иста сезона.
Ова веројатно мислеше на мојот пост..Нормално дека нема да чекам друг да ми купи. Сакав да кажам порационални треба да бидеме..а ти ако сметаш..купи и по 50 )))..Јас знам кај купуваат моите најблиски..така да не се сомневам во изборот.. Знаат кои ми се омилени продавници..
А да си жива и здрава. На повојница добив алишта за 2ипол години а бебе од 1м. Имав три пати повеќе алишта што му беа огромни од што имав такви што му беа таман. Супер ако ти донесат, но што ако не ти донесат? Да дојдеш во ситуација да немаш чисто боди, да немаш шпихозна, да треба да го изнесеш а немаш скафандерче или ќебе да го свиткаш. Мене за прематурче од болница вадење ми имаа земено 68ца, на 3м го носеше дури а на зимање од болница комотно можев да го облечам само во горното и да му биде ко фустанче, огромно беше. Бабите си се познати по претерување а никоја не прашува што да земе.
Баш мене за се ме прашуваат..а од повојница сигурно нема да чекам..)))..Тие алишта се за во градинка)))
Dali majcinata kniska ja davaat samo kaj maticnite ili i vo Sistina primer? Bidejki jas samo tamu odam,i pred bremenosta a i sega vo bremenost od pocetok sum samo tamu
Некој што нема сушара во среде зима и нема каде да исуши одма боди, шпихозни. Не мора да се докажуваме, мое мислење е дека подобро да имам од старт алишта бар за 3 дена без да пуштам машина отколку да се мислам. И зборам од искуство, не од што ме советувале.
Не си прва што кажала "почекај ке ти донесат". Многу се колнат во тоа носење и чекање да донесат па да докупиш. Прво ти ке си купиш што ти треба, сто пати сум пишала по 6-8 парчиња од една бројка, па кога ке се роди бебе ако се малку ке излезеш да купиш. Не мора да си надмена, твоите роднини и кашмир нека му донесат на бебе, со златна лажица храни го, мене ми е сеедно, искрено. Дали во моментот роднините ке се болни па ке почекаат да оздрават додека дојдат, па до тогаш ти ке го моташ бебе во кебе од немање алишта, твое си е. Јас добив за 6 години на повојница, на 1-2 месеци. Дека крупно бебе имав. Со бабите во договор купував, најчесто заедно, па немаше ситуации. Ама останати роднини ми донесоа доста поголемо. Секако ми се најде, добив тренерчиња кои си го носеше во зима.
Не ни мислев да се докажувам бидејки немам дете, нормално е дека сите ние треба се да имаме. И се сум купила..Ми беше муабетот дека некогаш премногу се трупаат работи а не се износуваат..Луѓе немаат толку примања за да купуваат по 20, 30, 50 парчиња.
Дали ќе купиш бодиња или ќе переш на скапа струја за да имаш алишта постојано, ти е исто. Ама почекај ќе се породиш и ќе сфатиш.
Не сум надмена, не зборам за луксуз..ама бидејќи праша ..кажав што мислам..не 6,7 ..купи си ти по 20,30..тоа е твое мислење...А башка на 10 минути се проданици..кога треба се докупува..
Јас кога пршав за мајчина книшка, ми рекоа нема тоа веќе. Двајца различни гинеколози за две различни бремености, едниот преклани, другиот сега. Немам книшка, а веќе не гледам ни потреба веќе кон крајот.
Знаеле твоите во кои продавници купуваш... Намали доживљај. Не знам ти како го замислуваш купувањето за бебе. И кои ти се под роднини сместени. Мене роднини не ми се бабите на син ми, тоа се мајка ми која ме родила и свекрва ми која го родила татко му. Од други роднини кога ке ги превземеш алиштата? Беби шауер ке правиш? Не ми е најјасно. Мене по 6-7 од бројка ми беа доволни. Прво затоа што во јули се роди, перев секој ден. И да е зимско бебе, во сушара би сушела. Ако пушташ еднаш во 3 дена повеќе треба. Ама син ми како што напредуваше брзо и за три недели пакував шпихозни, повеќе не ми требаше.
Ниту матичниот а ни во Систина не ми дадоа мајчина книшка, и ми кажаа за истата дека не постои веќе, а и немам потреба зошто имам извештаи одлични од Др.