Ги помеша работите скроз, зборувам за родители, најблиски другарки..ако не ти се понудиле..пеки..тоа е 6,7 и 10 се скроз ок..не мислам дека треба оо 20, 30...Најблиските секогаш прашуваат..Мислиш доживување..ти како искусна со прво дете бебе, поучи нешто.
Паметна жена така прави, другарка ми роди бебе од 5 кила и 50 грама..значи речиси ништо не се искористи..ама секој со своето.Некогаш немаат врска парите, рафрлањето без потреба и цели шифоњери полнење три месеци пред породување..тоа е
Најголем совет е да не очекуваш дека друг освен тебе ке ти донесе точно тоа што ти треба. Мајката сама треба да се опреми за барем први две недели. Потоа и ке излезеш да докупиш ако треба. Некои и два дена по пораѓај може да излезат, ама на некои жени им треба недела две да се вратат во форма. Алишта според тоа дали ке пере секој ден или преку 2-3 дена, тетра пелени 5-10, кебиња памучни 2, пешкири 2, коритце, креветче, количка со транспортер, козметика. Плус за чистење папоче, грицкалка за нокти. Скафандер ако е зимско бебе. Капа и ракавички за надвор. Без ова не бива. Мајка и свекрва ако прашаат да дадат пари за нешто од ова добро, трети лица нема да прашаат унапред. Дали и кој ке праша е плус. Мене сите ми донесоа прекрасни работи, ама ем бројки комбинирани, ем за во момент неупотребиви итн. Плус сите ке сакаат да изберат по свое. Хаос.
Се слагам, сите ние сме си купиле тоа што е основно и нормално дека дека нема од други да чекаме. Муабетот беше колку..и дали ќе бидеме практични. Не ни размислувам за подалечни роднини, ниту на повојници.
Да не ги оптеретиме другите членки со облекава,сега е најбитно здравјето наше и на бебињата. Само се надевам дека тие што ќе имаат вишок, ќе ги подарат веднаш таму кај што треба..
Бебе ќе де роди крај на февруари па какви бодиња да земам на кратки или долги ? Дома сме цело зимо по кратки ракави ептен е топло ама што знам за бебе да не е ладно со боди на кратки ? Сакав да нарачам сега па незнам дали повеќе на долги или на кратки
Здраво, ме интересира дали некој од вас го има заменето матичниот доктор при крај на бременоста, дали имал некои проблеми после тоа било со документација или нешто слично. Јас секако сакам да го сменам, ама не знам дали е подобро сега да го направам тоа (8 месец сум) или да почекам да се породам.
Здраво женички да ве прашам дали има некоја од вас што знае лично од доктор кажано за во врска од која недела може да се депилираме на препони со топол восок,мислам дека тука во темава прочитав нешто околу 12та недела дека можело, па да прашам за по сигурно случајно некоја да не знае да сподели, фала ви !
Женски, ве молам која се разбира да ми каже за времињава какви се. Првпат правам и не знам што означува и дали има некаква потенцијална штета/опасност. Кое време беше најбитно? Што означува ова, дека имам мутации за тромбофилија? Ајде некоја нека пише, срце не ме трпи.
Фака ти многу Бела.Ужасна ми е станата кожава а од секогаш сум имала убаво чисто лице. @AngelOfArh Не работам пред камери далеку од тоа ама сакам ете така да се нашминкам коа ќе излезам,така сум навикната и се занимавав едно време одамна со шминкање и уживам во тоа
За мутации се прави посебно испитување, ова е хемостаза и не може да покаже дали имаш мутации или не. Тромбинското време ти е скратено, а активирано парцијално ти е на граница. Вредностите не се страшни, обично не даваат терапија за ова ама секако со резултатите најдобро е да консултираш трансфузиолог. Инаку, бременоста е состојба во која и времиња се кратат и д димери се покачуваат, ништо страшно.
Ти благодарам Ирис премногу! Димерите ми се 1200. Мислам дека се ок. Пред месец дена последно направив во приватна лабораторија и ми беа 2100, со референтни вредности по триместри. За третиот краен параметар беше 1750. Денес дадов крв на државно и добив 1200 вредност, без параметри по триместри. Само оној обичниот дека до 500 се максимум. Е сега, си јадам лукче на три дена, ако има врска... Правев и црп, гинекологот што ме води ме упати и за тој протеин, божем ако има високо црп некоја инфекција, нели и димерите се покачуваат. Црп ми е 0,75. Е сега дали димериве се релевантни? Дали да ги повторам во приватново, бидејќи имам голем скок во вредноста или да верувам во државно? Димерот е димер, колку е вредноста сепак ќе покаже нели? Уф, утре на трансфузиолог да одам и кај гинеколог.
Јас колку што знам најрелевантно е да се испитуваат д димери и хемостаза на државно, најточни се резултатите. Инаку, храната нема врска со димери и хемостаза. Ич не се оптеретувај, ништо не е страшно, сè си е ок
Сакам да почнам да купувам облека за бебе. Може ли да ми кажете кои бројки ги купувате за почеток? Од 0-3 месеци или?
Може од што си преладена пиј чаеви Мене свекрвата ми купи алишта од чорапче па се до ќебе од 0 до 3 месеци имав алишта секој ден да менувам и јас си купив за таа возраст а на мајка ми и сестрите им кажав за од 6месеци натака исто и јатрва ми и стрина ми , моето беше ситно бебенце и до година имав купови алишта
И мене. Кажаа бабите да не купувам сама, па тие дава пари за алишта, ама заедно излезени си биравме. Секако и тие сами купуваа, не сум полицаец.