Дани да се јавиш да ти пуштат некоја инфузија некаде, моли коли, нема ли опција? Немаш ли бабица дома што идат тие, нели имавте нешто такво. Те мислам секој ден. И моево како ровари горе се си мислам ќе си поседи, синоќа пак се напика во дијафрагма. Конечно се наспав пристојно. Легнав кон 12, не знам до колку спиев ама знам дека кога станав првиот пат поседов некое време будна ама не земав телефон и презаспав. Е после станував уште 2 пати ама одма презаспивав. Во 7 станав да будам дете за во школо, презаспав одма, чак што више он пред да иде со татко му дојде да ме баци, јас кома веќе и до сега спиев топ! Лепота! Имам уште малку за доработување на цртежите за кај синко па да се откачам од таа обврска и да приберам конечно. Ме исполнува, ама мојот нестинг синдром моментално е во опасна криза, на сите страни е расфрлени цртежи, бои, лепаци, светки, четки... Да беше топло ќе си седнав ко човек во сопчето и ќе си работев таму, немаше да растурам дома, ама штета не сме во Австралија па на топло да славиме Нова година Убав ден жени убави трудни!
@Iris-1234 ми потврди и трансфузиолог дека е во ред со времињата. И таа токму истото го рече, дека се скратувале со текот на бременоста, бидејќи организмот се спрема за раѓање и за да не изгуби многу крв, да реагира соодветно. За димерите секако се ок, тоа си го знаев Фала ви на двете ептен
Докторот ти даде Реглан? @Belabelinakinder Додека е бебе може да си искористиш облека од баткото, не мора сè да купуваш ако е девојче.
Не планирам ама ич да го трупам ама како ќе се разбираме со бабите незнам… Ладно ќе му било со боди на кратки и шпикозни само, страшна работа се ама сепак како што јас мислам така ќе си го облекувам. А за мај што знам може боди без ракавчиња и ептен танко блузиче или шпикозни. Мислам дека се малку покачени до 1700 му е граница , ама сепак консултирај се со матичен и трансфузиолог
Јас имам искуство со априлско бебе, беше топло до 1ви мај, на 1ви кога рече студ, дожд, мраз... кратко траеше ама беше ладничко. Ќе го облакаш според времето, на тт под 15 степени ќе му облечеш долго боди, на тт над 15 ќе му облечеш кратко, на тт над 25 по прерамки, горното исто зависи дали е ладно или топло, ако е ладно подебели, ако е топло памучно тенко. И зависи и дома како ти е, мене куќата ми е ладна и тоа доста, до крај на јуни е ладничко, е кога ќе се стопли стоплено е до крај на октомври е топло и за без греење. Ќе се раководиш според моменталната ситуација, а бабите ако многу зборат кажи им дека ако сакаат да се грижат за бебе нека си родат и да те остават сама да одлучуваш. Толку!
По една, пишува во упатството. Мене за грлото многу ми помогна голтка по голтка чист лимон и мед со црн бибер.
Јас оваа бременост изгледа мир ке немам од бактеријата во урина. Клебсиела,пишував и порано за нејзе. Три пати приман антибиотик и тоа последниов преку вена. И неќе,не мрда си стои во концентрација од милион. Незнам веќе што треба да се направи за да се уништи,на ништо не реагира. Утре сум на втор скрининг па ке видиме што ке каже докторот. @AngelOfArh ни од Лендацинот не се намали воопшто,како да не реагира
Па така, нема врска бојата. За пресоблекување, за дома, облечено на пр. под скафандер и сл. може да си носи и да не се неутрални. Јас планирам максимум тоа што можам да искористам од малиов, сите барем бебешките ми се добро сочувани бидејќи имав многу облека и немав потреба да перам многу често, а плус имам и по еднаш или ни еднаш облечени. Може од мерак да земам нешто како за девојче, но мислам дека повеќето работи ќе ги искористам што веќе ги имам. Многу знаат тие за боја или колички, камиони дека се за машко
Така отприлика. Навечер и наутро ми се јавува, е тогаш дури полошо. Си мислев може оти и накачив на тежина... Ќе споменам следен преглед на докторката.
И кај мене не се исчисти во бременоста. Оставивме така и се породив со неа, па ти кажав, на пораѓај ме боцкаат Линдацин и после продолжија 5 дена.
И јас 5 дена примав Лендацин и не мрдна. А ако си ја носам вака има шанси за предврмено породување нели? И ако ја имам до пораѓај ке мора царски? Да не се пренесе природно на бебето некако незнам. Тебе што ти рекоа за природно и за царски тогаш? Или нема врска,дека е во урина?
Дали е страшно ако имаш стрептокока на пораѓај а да се пораѓаш природно понеделник сум за брис тогаш сум веќе 37 недела и ми е страв до тогаш дан се породам матичниот ми рече во 37 дојди за брис и преглед и ај реков валда знај чоекот кога да ми земи брис ама пак шубе ми е.
Само што зборев со една пријателка на телефон исто имала стрептокока на тие последни брисеви и нејзе и дале одма антибиотик да пие. И рече дека ке можела да се породи природно после антибиотикот,така и рекле докторите. Е арно ама она не го допи антибиотикот и се случи незгода падна на плочки и мораше да ја породат хитно со царски,близначиња роди.
@AngelOfArh ги замолив кај гинекологот, кога веќе нема преглед да ми пуштат инфузија, нема таква опција. Матичниот ме препраќа кај гинекологот Оти сум трудна. Бабиците се со листи, се чека по пола година. Немам бабица. Синоќа не знам колку пара гаќи и маици сменив Оти бев утоп испотена. Денес сум со 37.5тт. Буфтам кашлам, глава ме боли и непцата/забите се ми е вивнато, ама боље од вчера. Денес маж и Викториа се во постела.