Страшно е тоа е лошо кај вас што не ви дават терапија .те жалам полошо од јас што сум болна еве сега ми студи а имам 37 со 2 нозе ме болат,половина глава тешко нас
Ќе можеш, но мора да известиш доктори пред пораѓај дека си имала стрептокока, за кога ќе се роди бебето да приме одма инекција
Ќе стискам палци до среда да не се породам за да видам дали имам или немам стрептокока мојот сопруг ми вика одмарај не прај ништо до среда да не се породиш јас од кога викам дека ќе се породам уште од 28 недела ама издржав уште една недела ми треба да издржам.
Нема врска, уринарна не е индикација за бебе да прими антибиотик, ама ти ќе примиш сигурно на породување и одма после породување. Ај до тука да биде. Ќе ти пишам у пораче што да направиш за да те освежи малку колку да можеш да функционираш. Чоекот се качи пак под дијафрагма, како ми е стомакот чуден би си рекла гарант дека е трансверзално, скроз горе и ко налегнато. Ова не се раѓа до 31ви па до таму да е, 100%, џабе ми беа стравовите. И каква сум полна енергија, ако јадам по малку и посвежо дури и немам ни гадење. Ако не се смени нешто ова како оди повеќе накај крајот јас пофит сум од што бев во 7ми месец Јас се породив без да добијам резултат од брисеви, и дека имав и уринарна, одма ми пуштија инфузија со антибиотик, у истиот момент кога ме примија. Протокол е тој.
Здраво на сите. Дали е можно чепот да падне многу рано? 14та недела сум и денес имав на долниот веш голема количина на млечно бел лигав исцедок. А правев минатата недела брисеви ми беа негативни.
Не верувам, и јас цело време имам исцедок. Гинекологот беше сигурна дека имам кандида, но сепак брисевите беа чисти. Сега сум 23 недела и уште секој ден имам исцедок, да не речам како помочана сум
Мхм, а некој ден знае и како покафенко, па го нема потоа цел ден, само на бришење. Си мислев да не има микроповреда кога го ставам вагинално
Денес правевме шопинг за бебушко. Со алишта мислам дека завршивме. Останаа уште шише, цуцла, прибор за хигиена и креветче, количка одбрани, тие кога ќе влезам девети. Инаку 32 во 33 недела сум, бракстон си имам, па секогаш кога ќе ми текне дека матичниот рече многу е по 5, 6 пати да ги имаш дневно ме загрижуваат, ама вајда не се опасни .. Друго жени, стомаков го чувствувам последниве денови поцврст, претходно како по мек да ми беше на допир. Си викам дека расте, па повеќе се истегнува? Имајте си убава вечер.
Тие матичните гинеколози кога ќе одлепат со некоја претпоставка. Значи sorry but not sorry. На која основа беше сигурна? Нормално е да има исцедок и бел и воден и малку пожолт, а да нема бактерија пример. Ами телото не е по некоја дефиниција. Ако имало исцедок, готово, кандида. Се чисти вагината, спречува бактерии на тој начин. Еве и јас имам исцедок, некогаш повеќе, некогаш помалку. Мојот доктор маж е, ама вакво нешто ко твојата женска докторка не би треснал.
редовно од утрогестанот имам како бели парченца во мокрачата, на бришење само некогаш чисто бело , секојдневна влошка обавезно носам, исто бело некогаш ако после ставање(лежам обавезно 40на мин) па после активно да сум на нозе знае и како парченца од утрогестанот извинете за опширниот одговор
Јас ако се потресував досега на секој секрет ќе се поболев. 3 пара гаќи дневно мењам, нон стоп сум мокра, а бактерија немам. Кандида се осеќа, чеша, мириса, секретот е поинаков, не е како нормален секрет. Јас скоро па никогаш немам секрет. Е кога се породив со синко во Санте си дојдов дома со нешто ама не направивме брисеви, зошто немаше логика да се чека, надворешно се гледаше мислиш бев отечена, ко со нож да ме сечеше нешто, одвратно беше, 1 кутија неопенотран и толку беше. Вагинална инфекција не се промашува, тоа и боли и пече и чеша и мириса и се праи. Така мене ми рекол доктор и така се водам. Туку чоеков мој се смири, мирен е денес, ика на 2 пати, ама нема веќе место и сила толку да прета. Или па само денес не му е ден, утре ќе ми наплати што денес е мирен. За да се спушти надоле малку, дека беше напикан во дијафрагма, денес пешачев така поише и може и затоа да е мирен, го уморив. Нека поседи, празник иде, нема да им се работи на докторите и сестрите за св.Никола, башка од слави ќе си дојдат пијани, не смее да искача сеа. И кој ќе објаснува како детето со именце си се родил а ние сме го крстиле Марио. И реков некој пост погоре, се поише сум сигурна дека ќе си поседи до термин или бар до кај 4ти-5ти. Добра ноќ жени убави со мешиња!
Коа ти е арно не се фали Ангелке, ќути си, не разгласуј насекаде... Станав ко у бунило, мислев е сабота, не знам зошто искрено и слушам некои гласови од некаде, некои муабети, викам што станал мм во сабота толку рано, а тоа се спремале со синко за у школо. Ајде станав да им дадам нешто пошто нели заборавиле и знаев дека ќе заборават, синко се влечка, се тртка, маж чури... е му викам да видиш мене како ми е. Ама осеќам некои болнички во јајници, ко да ме жегнува нешто, па во карлични коски ко да ме фаќа нешто и се шири на две спротивни страни, па ми стежнува, ми се повраќа... нема да мислам, готово, ама вака се осеќав исто 2 дена пред да го родам батково, ко дежа ву ми е. А решено беше дека ќе раѓам после Нова година, што е сеа ова не знам. Нема ни 24 саата од претходно што напишав, искачам неозбилна сега, мислам дај синко уозбили се Ме приметувате ли, како се ближи крајот мене не ми се фаќа крај, скини заврзи ми се постовите, смешки у боја. Туку да земам да завршам бар тоа што планирав, сакав дете да носам на кино, да го прошетам, предновогодишно. Се мислам да се нафатам ли на таков чекор или да не си играм играчки? Ќе резервирам карти па ќе видиме, може ќе треба со тетка му да оди, кој да знае Кафето мраз ми стана, да станувам со време да го испијам, да испланирам денес што ќе се прави и да го фатам денот, ако сум никаква, имам енергија во себе. Ама прво еден туш оти станав сред ноќ ко со вода полиена, жива вода мокра, испотена. Туку да се јават @Ano и @danichap како се, да не забушаваат, матичниот треба да заведе 2 дена ги нема веќе
Има ли некоја што пие пренатални без јод да ми каже од каде набавувала? Ги обрнав аптеките ниедна нема во мојот крај.
@AngelOfArh тука сум. Бебе шета низ цел стомак, буквално насекаде е, не знам веќе што е рака што е нога. Матката е толку еластична кај мене што има доволно простор во секоја насока да оди, па никако надоле да се спушти. Со надеж секој момент да фатат болки и да трчам болница
Главчето беше надоле ама не беше доле во канал наместено. Актуелно не знам, на крај тука се на две недели се термините.
Го урочив и јас мојов бараба, 2 ден мирен денес ми наплаќа, ама ако, поарно така отколку да се мислам кај е. Ама... имам малку како притисок во стомакот, мокри гаќи кои не се баш баш мокрача, не мириса, може си умислувам сега не знам, се напив магнезиум, ќе се избањам сега и ако продолжи ќе морам да одам на доктор. Ако треба и во Чаир, не мора да е матичен.