Добар ден на сите Конечно преглед помина. Докторка ме води тука 20та недела, а според менс. сум 19та. Бебе одговара за 20та недела и затоа си помести краен датум. Тоа што имам болки ми зголеми магнезиум, иначе супер си е внатре сместено. Мене ми беше притисокот 156 со 90 иако дома мерам нон стоп оти имам главоболки и немав покачен никогаш, освен одкуцаите, а тоа било нормално. Може возбуда.. 3кг сум покачила до сега, ухууу со првото бев 8 оваа недела Бебе за разлика од голема дада е мирно на прегледи, даај Боже да е и кога ќе се роди оти ова ја поминува секоја граница на неумноќа. Желбата на тата и дада се исполна, дефинитивно ќе е женско Јас и кажував пред некок ден дека можно е и да е машко, дека ќе си го сакаме највеќе ама не, дада да е и тоа и име има бебето и така го вика, малее кој циркуз ќе беше ако испаднеше машко
Еден апдејт од мене ,вчера бев кај Корнелија на преглед бебе супер,цервикс одлично,плодова вода доволно и ја прашав за димерите рече, а зошто си испитувала нормално е дека ке ти се малку покачени ,ме праша дали до сеа сум примала клексан реков со првото во Америка не ми ни испитуваа димери рече па да само тука тоа се прави ама штом нема индикации јас не би ти дала клексан имаш добар проток на крв и ми олесна да ви кажам.
Болкички прекинаа, пулс се качи на 118. На колкав пулс пиете бедоксин? Притисокот е да речеме ок, јас малку ко возбудена од нигде никаде. Ако може да се рече. Матичниот само што заврши со работа, ако продолжи вака Чаир не ми бега.
Мери го уште еднаш јас вчера вечерта го мерев и пулсот ми беше 129 после 5 до 10 минути пак мерев 103 ми беше така да можи моментално да тие висок.
Мерев, само отиде погоре, од 115 на 118, ама и осеќам дека лупа поише, се осеќа надворешно дури на блуза се гледа.
Моментално тие и плус од возбуда скока ништо страшно јас цела бременост имам над 100 115 пулс прво ми сметаше сеа веќе него ни осеќам.
Помина и вториот скрининг,бебе си е супер си напредува,се си е во ред освен постелката што ми е ниско и имам лакун
Закажав кај Др Павле Димчев месецов преглед, претходно не сум била кај него, а на датумот на прегледот би била 34та недела. Сакам да се исконсултирам и за породување кај него, до сега бременоста си ја водев на клиника. Дали прегледот би ми го сметал како трет скрининг или како обичен ехо преглед? За да знам како да се спремам финансиски, ко што знам не се исти цените за обично ехо и скрининг
Третиот скрининг го рачунаат од 28ма до 30та недела, а можеш и да се јавиш да кажеш дека сакаш само преглед и прашај ги која им е цената за преглед
@AngelOfArh легни и смири се најпрво. Тие одења по болници, контрола, проверка, потсвесно само те вознемирува. Оти човек си вика дека оди за на раат да биде ама психа контраефект некогаш има. Нормално е и притисок, нормално е и болка, нормално е и грч нормално е се додека со магнезиум и одмор мине. Секоја вечер сум со се од тоа но штом не се зголемува интензитетот со одмор, напротив попоминува…едноставно не е денот. Јас менувам по икс пара гаќи, и преку ден и преку ноќ. Буквално се цедат, некогаш и од пот, некогаш урина, иако никогаш ниту мириса ли ниту личело на таква. Баш безбојно е бидејќи нон стоп пијам течности и исфрлам. Диши длабоко, смири се, после види што ќе правиш
Тука сум да не ме мислиш. Овие два дена дека сум на работа па некако немам време. Вечер ќе се пријавам од дома со нова рубрика жалби и поплаки
Па од тебе ми е ова, што проаѓа со магнезиум и одмор не е страшно. И пројде болката, ама се качи пулсот. Е со уште одмор и тоа пројде. Битно јас се избањав, се исфрнирав, се стокмив, да сум спремна де. Џаст ин кејс! Одам сега по дете па после ќе правам нешто да се занимавам, да не ми е досадно де.
Добар ден убави мешиња, дали можеби некој од вас има перница за трудници од тие големите и ако може да ми кажете од каде ја купивте, многу ви благодарам
Јас од Сомниа и не е дека не е добра, за парите вреди, ама не е нешто посебно. Под глава ми се сплеска скроз.
Луѓе која недела се оди на фетална ехокардиографија? Да знам кога да закажувам,сега 20+2 сум. Во извештајот од скринингот денес ми напишал докторот да си направам ако сакам. И така ко ке пишат иди не направи да видам. Поарно ке направам за да си бидам мирна. Иначе ради бактеријата Клебсиела во урина што ја имам раат немам од почеток на бременост. Ниеден антибиотик не ја уништува. И гинеколози веке кренаа раце. @AngelOfArh денес и до нефролог стигнав,со катетар ми земаа урина за уринокултура.
Јас бев 20+ кога гинекологот ми предложи преглед, без индикации за ехокардиографија. Веднаш истата недела бев. А втора контрола на 29+. На двете се си беше во ред.