До 24недела се прави првиот преглед, втор мислам 30та. Јас не сум била на дополнителни прегледи ама имам прочитано, тогаш кога бев бремена не ми предложија, сега ќе видиме.
Само парацетамол е дозволен во бременост. Мене заради мигрена ми дозволи и аналгин ама инцидентно. Еднаш и блокмакс форте ми дозволија тоа е за болки. Мораш да прашаш прво ама кетонал сигурно не дозволуваат.
Nekoja da ima prelezano korona vo bremenosta. Me faka strav da ne se imam zarazeno. Svekrva mi e pozitivna. Ne be covek raet da ne e.... Inaku 17+ sum
Јас изгледа прележав тогаш кога бев болна во 13та недела. Ништо страшно по плодот не е. Второ тромесечие сигурна зона си е.
Мене ми кажа дека нема индикации на срцето и дека според него нема потреба да се направи, НО е должен да напише во извештајот дека треба да се направи. Дали ќе направиме остави на нас, ние не направивме бидејќи јас му верував во тоа што го кажа
Daj boze da e taka. Me faka panika. Mi se cini kako mi kaza deka e pozitivna kako knedla da imam na grloto. Sea si sedam v soba i so maska se setam po kuka, a taa isto se zatvori vo soba. A kako kaci temp jas se povlekov ama pak imavme kontakt predhodno. Daj boze da ne me ima fateno
Јас бев во контакт со мојте они двајцата беа позитивни после и мене ме фати исти симптоми ко нив а тестовите домашни ми беа негативни ама сигурно беше корона. Арно си направила изолирај се,може нема да фатиш. Кај мене 4тиот ден после контактот дигнав температура.
Никако. Парацетамол само смееш. Ти си во прво тромесечје и не смееш друго ништо. Мада ко што ти пишав и во другата тема, размисли те молам, за бебето.
Јас ехокардиографија правев во 25+ недела. Мислам дека од 24 до 28 е најдобро да се направи. Туку после стоење, станување-седнување знае да ме заболи одназад опавчето и срамната коска, ама не одма под стомакот, туку долу накај вагината како да се шири/двои. Сте имале тоа околу 32, 33 недела? И по колку често ги имате во овие недели овие бракстоновиве контракции? Како ми се језиви, ми се зема здивот скроз. Едвај ја чекам 36тааааа.
Ако немало забележлив голем проблем, а си решена да го правиш почекај до 28 недела. Кога бев бремена со малиот сомнеж за аномалија се виде уште на вториот скринин (што кај тебе колку што разбрав го нема). Во ваков случај јас не би брзала пред 28, зошто и самиот Драшко ми кажа дека некои структури пред 28 недела се толку тенки дури што не може со сигурност да се каже (како што беше со дијагнозата кај малиот). Ако не дај биже било поголема аномалија сигурно ќе забележел уште сега. Јас прележав во 14 недела. Не се секирај само следи си го телото и консултирај матичен. Јас поминав само со 2 дена блага температура и многу јаки болки во тело, ама поминав само со многу течности, витамини и неколку парацетамоли. Ај да се пријавам да не се налутите Два дена на работа и како расштрафена сум. Сега два дена не сакам да мрднам, за да догуркам уште некој ден наредната недела. Колку се израдував кога ми кажаа дека имам уште 9 дена одмор (а не 7 или 8 како штоси мислев), како на лото да сум добила. И така уште само 4 дена и се простувам. Таман им кажав на работа во понеделник ќе одам да си ги соберам кондурите што ми стојат под биро, во вторник да ја средам фиоката и да оставам благо во наследство, во среда да средам кадички од заостанати предмети и во четвртокда ми направат испраќање ако сакаат. Овие два дена поарна сум со киселините и поспивам, ама како што вика @AngelOfArh страв ми е да кажам да не ми се снеможе пак. Ама си ја научив и лекцијата и не јадам после 17 часот. Евентуално некое крекерче или нешто суво. Вчера на контрола добро пројдовме. Плодова вода во нормални граници (дисциплината во исхраната си го направи своето). Бебе си е супер со мерки. Главично поставено за сега ако има други услови за природно. Буце е во образи бар за сега. Цервикс не е идеален, ама уште некој ден па секако ќе одмарам дома. Само ме појача утрогестан нареднава недела да се вратам на 2×200 па една недела 1×200. Резултати од брисеви чисти, едно гајле помалку. Во понеделник на се надевам последна контрола на трансфузиологија и некаде наредна недела упте еднаш кс и урина да направам. Закажана контрола кај докторката што планирам да ме пораѓа пред нг, сепак де видиме до кај сме и како ќе ги тераме празниците. И таман нека прехде птагот на новата 2023 па после кога сака нека излага бебе. Јас потајно си замислувам да издржи до кај 16-17, ама како треба така нека биде. Имам уште една нарачка да стигне за бебе и уште еден мал шопинг за уште некоја тетра, чорапчиња, козметика, аптека. Се мислам дали да купувам зимска вреќа за во количка, само ова ми е дилема, ама изгледа ќе почекам да видам кога ќе реши бебе да излезе или ептен некој попуст ако пуштат. Подароци за мали за НГ од списокот на мали исто така скоро комплетирани или предадени на баби тетки. Уште некој подарок за дечињата на блиски и може да доаѓа новата година. Ете да не ме мислите тука сум .собирам сили за уште некоја обврска да подзавршам и после да уживам во празниците.
Опавчето не, ама срамна коска и те како. Баш таква болка како двоење. Деновиве иста болка на ширење имам и во колкови, задник и бут. Почна да ми се јаде повеќе, ама кога ќе се најдам убаво ме фаќаат мачнини, гадење и киселини. И бракстон ретки за сега, еднаш во 2-3 дена, кратки не страшни. Бебе почна да се тегне многу почесто, ретко клоца. Од симптоми за 32 недела тие се
Ајде и ти си со списоците ко мене. Јас како се присетувам што треба си доставам. Еве денес книгите за во болница ги набавив, сите 3 ќе ги грабнам, па што стигнам ќе прочитам другото дома. Ако издржам до тогаш да не ги почнам де. @danichap ни ја нема ни овде ни по другите теми, да не се решил да ја спаси Константин од маките
И кај мене бракстон се кратки, ама ги имам по неколку пати во денот. И јас имам многу апетит, па кога ќе се најадам убаво не можам да дишам ко што треба, киселини имам само од премногу зачинето.
добро што ме потсети за книга некоја. Што викаш може и ќе успеам да прочитам нешто во болница. Последна книга ја прочитав кога го теравме првиот одмор со мали и од тогаш само се собираат и чекаат ред. Стискаме палци да се олеснила @danichap и да се гушкаат побрзо со Константин Список цел имам во компјутер и само нешто додавам и означувам за звршено. Мм реши да го порадува мали па еве ја извадија елката и почнаа да ја китат, а јас со нозе во вис седам и ги гледам. Таман да поченеме да ги редиме пакетчињата зошто веќе стигна првото од кај мене од работа.
За тоа сме тука да се потсетуваме, нели Мене на пример ми текна дека немам спремно нит патики, нит кондури за искачање и сега барам што би можела да носам а да ми одговара нели и за искачање. Немам купено уште пластични папучи, ама тоа можам и со домашниве секако, имам крокси гумени што ги носам сто години.