Мајка, за до 3 месеци, најпрактични се целосни шпихозни на копчиња што се. Лесни и за менување пелена, а и за држење на бебето во смисла блузето да се поткрева нагоре, па цело време крени-спушти. Види ги Tiny baby shop na fb, продаваат во комплет такви по 3, по 5, не излегува скапо и убав памук, плус цело бебе ти е облечено. Јас за старт само такви имав земено и ептен практични се покажаа. Одоздола боди на кратки или прерамки. Толку беше облечена мојата, родена почеток на јануари.
значи човек на раат да не е... од стресови глава да не кренам, ќе се чудев ако беше нешто нормално кај мене. Наеднаш осеќам водени гаќите ко ќе видам свежа крв и тоа бааѓи. испаничена цела заминавме болница , ме прегледаа фала му на златен господ , златна богородица се е во ред со бебето. си одговара со неделата. најверојатно хематом е рекоа. ме буцнаа прогестерон и сега еве лежам мирувам со надеж дека се ќе е во ред . Господе голем си.
Јас имав прво кафеав исцедок, испаничена одма на доктор, ме боцнаа и терапија добив иако на ехо не ми најдоја ништо. После тоа, бев на шетање 5 дена на нозе пешачев, само што дојдивме дома без болки видов на гаѓи свежа крв, со трчање на доктор, пак не ми најдоја на ехо ништо дури и ми прекинаа терапија, јас во чудо. Нека те пратат, ете кај мене беше еднаш така свежа баајги крв ама немав ни хематон ни ништо. Објаснување зошто не добив. Одмарај и ќе видиш. Битно бебе да напредува.
Белко боди на кратки. Толку. Јас имав вакви земено https://triteks.mk/product/479/бебешки-боди-0722/5923 За новороденче, најдобро се да е на копчиња.
Од мое искуство со ќерка ми, најискористено нешто ми беше боди со закопчување на преклоп (странично) и панталончиња. Имате комплети од 3 или 5 во H&M, одличен квалитет, мек памук и нема да мрднат и по 100 перења. За величини си зависи од бебето, еве викате 50/56 кратко се користи а кај мене се користеа и те како. Сите ми викаа земи од 0-3 џабе малите, па кога се роди ќерка маж ми докупуваше 50ки. Јас лично не сакам да му е голема облеката или да ја завратувам по неколку пати. Јас бенкици нит сум имала нит им гледам некоја примена и потреба. Други квалитетни бодиња имав купено од Картерс, исто одеа комплет од 5. Разликата е што се поскапи од h&m дека се поџиџани. Шпихозни советувам да си купувате со патент, многу попрактично особено кога бебе е нервозно и плаче. Кадичка со постоље е подобра од аспект да не боли кичма и да не се наведнувате. Јас мрежи не користев туку подлогите како сунѓер што се. Инаку здраво од мене Јас не знам што е со времево што изиграва пролет ама мене ужасно ме болат нозе, колкови и колена Згора на се и воспалени ми се непцата ми крварат и ме болат, освен Лакалут паста што може друго да се користи? Одам да легнам да исправам грб, некако се озморив денес. Убава вечер мешиња убави
Site imame grizi nekoj, jas dva dena oko nemam zatvoreno, kiselini me ubija, za na kraj da kacam temp, i otidov na lekar. Za da doktorkata ispanici od moite otkucai na srceto i me prati na urgentno. Mi pravea ekg 150 puls. Mi dadoa nekoj lek za da mi go smirat srceto. Inaku grlo vospaleno, ke se testiram za korona vo ponedelnik. Me faka panika od celata situacija. Glava me iskina, kiselinite nikako da stivnat. Pijam jadam na sila radi bebus. Gospod da ne cuva i nas i malisanite vo nas
Само смирено. Имав и јас на два пати оваа бременост така излив на свежа крв. Еднаш пред, еднаш после срцева акција. Терпиај си примав и бидејќи немаше видлива причина препорака за одмор, но не и строго лежење. Еве полна 34, терам 35та недела. Како што веќе ти пишаа бар за првиот месец најпрактично е шпикозни, зошто од дводелните секогаш едно ќе оди нагоре, едно надоле па ќе се тегнете. Инаку има мали комплетчиња или блузички како што ти кажаа ваикики, синсеј. Во нашето хм за жал ништо нема од најмалите броеви и мултипак. Нешто 56 се наоѓа и Зара. Веќе 62 има од сите. Јас имав нарачано и од овие страниве на инста што носат од џорџ. Мислев дека се тренерки, они уствари се водат како пижамки, ама сепак за бебе исто е, битно џиџани се. Остани на шпикозни, па таман кога ќе пркне, ќе видиш и бебе како ќе напредува и колкаво ќе е, па за пролетни прошетки ќе си купиш отпосле
Нема ХМ онлајн во Мк? Од како се отвори темата за алишта, фатив да разгледувам опции иако мај термин ама претежно е се дебелко.. ама има интересни работи.
За девојчиња мали бројчиња има во синсај за ефтини пари. Криво ми е за машко имаше само едно пакетче останато ги земав сите за 260 денари.
Нема онлајн за жал, а во дуќанот во ист нема ни избор 56/62, а тек за мултипак да не правиме муабет. Баш минатата недела го пратив мм викам било што мултипак купи да има да смениме да не е цело време во шпикизни. Ми се јави и вика овде нема ништо мало. Едвај едно комплетче како тренерчиња нашол, ништо посебно, ама бар на попуст го начекал 600 денари. И така си нарачав сега нешто од зара, нешто од џорџ и доста е, па после ќе му ја мислам, додуша веќе за од 3м нагоре имам гардероба на претек од мали, само ова најмало не најдов ништо, како да исчезнало се.
Двете плави заедно со долги ракави на тритекс за 300 ден. Жолтото комплетче исто 300. Мајками ги купила од пале памук
Бодиња имам едно чудо 56/62, од синсеј, зара, џорџ, окаиди. Баш постирав во темата што последно купивме за најмалите... Јас за дводелни ама како тренерчиња зборувам.
Убави дводелни сетчиња има и во Зара, најдобро е онлајн да се нарача бидејќи од малите (newborn се на страната) нема по продавниците. Има и тренерчиња. Инаку и Зара има чисто бели бодиња на долги и на преклоп, пакување од 3 баш сега ги гледав. Заборавив да напишам во претходниот пост, плик ќебенце е скроз непотребна работа за изнесување од болница. Ем не може да се пикне во транспортер ем и потоа е непотребно. Подобро само ќебенце колку да се покрие.
Директно од страната си ја отвараш и ќе си наместиш на земјата во која живееш. Пример си одбираш веднаш Македонија, цените ќе бидат во денари и си нарачуваш. Треба само профил да си направиш со податоци. Јас ја користам апликацијата на телефон па преку неа нарачувам. @Lavender13 оние порано што се користеле, како памучно блузиче на преклоп што се врзува со врвче од страна.