Мешиња ме интересира за инекциите за зреење. Читам некои ги примаат во 28ма некои 32ра недела. Се примаат заради некои индикации или ? Јас сум веќе 29та и досега никој ми нема спомнато за таква инекција, треба јас да си побарам ? Да разговарам со матичната ?
Не оди во градинка, ама некако околу устата како ситни брунчиња му излегоа. Инаку без температура е. Го однесоа татко му и баба му на матична, рекла дека нема вирус. Ама егземче на кожата има, на ноџињата. Ајде среќа нема коксаки, иако јас ќе го следам. Ама има раздразливо расположение деновиве. Сега јас на цтг да одам. Се мислам што да правам. Доктор ми рече дојди пак Мене секое одење ми е стрес, и ко за беља ќе покаже болки. А вака да не си се замараш поарно е. Ќе стегне негде, ќе легнеш да одмориш, ќе помине. А кога ти е таму умот, како намерно да осеќаш. Сестрата таму вчера ми вели, ехее кога бев јас млада и бремена трчај правев цела бременост. Растоварав камиони, за свекорите перев ручек правев и мислев дека ќе се породам порано, а терав до 41ва! Кој ти гледал пред 25 30 години ехо, цервикс, притосок, чуди... Затоа велам, повеќе од стрес ќе е нештото, од мисла, отколку реално. Со првата бременост, сигурна сум дека имав и порано болки на цтг, ама првото цтг ми беше во 36та. Легнување таму, вклучување апарат и до 100ка беа некои. Вели со овие на породување одиш. Е како велам, не осеќам ништо. И така терав до 38+5 со такви цтг. А сега уште од 32 недела да се замарам, многу ми е на психа. Ајде од жалби нема доста. Камо нешто позитивно да споделуваме. Ти како си? 38ма ближиш?
Од 5та недела сум со клексани од 0.4 заради претходни два спонтани, а и имам страв од предвремено породување До сега се е во ред со бременоста па мислев да не треба јас да ги потсетам
Јас примив само една доза т.е 2 ампули. Петрова ми рече дека не е докажано дека втора доза делува и нема потреба да се прими. Бебето не ми се смири воопшто. Дури ко да беше по активна А и јас мислам дека не спиев ноќта тогаш, што од грижи што од вознемиреност... Не се грижи како и да е ,подобро да е активно бебето да осеќаш дека све е во ред. Повише би се паничела да е смирено....
Интересна си ми дека си свесна дека овој стрес не ти прави добро и викаш поарно да не се стресува човек а упорно се стресуваш. Абе деца во градинка со куп коксаки па не се заразуваат така лесно, вие од дома седење ќе се заразите, не оди тоа така. Брунчиња може од се да има. Јадел нешто, се допрел со прљави раце, пиел од прљава чаша... опушти се. И не знам зошто воопшто и кој ти направил цтг во 32ра без индикации, лажни болки сите сме имале па никоја не рече дека за лажни отишла на цтг. Олабави се, не оди ако ти прави стрес, не се потресувај дополнително. Арно ти рекла сестрата, порано нит ехо имале нит цтг па пак се пораѓале. Свекрва ми вика прв пат на гинеколог отидов во 8ми месец, крв да ми земат, да не биде директ отишла на породување. Со инка ги слушале. Не е и тоа добро, затоа еден куп имало и со деформитети и мртвородени и се, ама па и нашево не чини. Опушти се, не мисли толку. Инаку кај мене еве трет ден исто, неколку болкички, малку нелагодност и толку. Сега додуша е застанат на некој нерв ли е, вена ли е, нешто е, имам потешкотии во земање на воздух, ама ќе помине. Ко да ми е покачен пулсот се осеќам а не ми е, мерев и ок ми е, ама ко да не можам да земам воздух убаво. И како да земам со дете пак напикано нагоре. Како ќе се симне ова дете не знам, цело е во дијафрагма, малце ќе се спушти и пак ќе отиде нагоре. Да земам да расчистам дома, па да одам да испазарам до маркет и да направам некој лесен ручек зошто ќе имаме рана обилна вечера. Се трудам максимум да се движам ама џабе, си седи горе.
Како се решавате со влакна на стомак? Ги депилирав со електрично депилаторче што ги корне. Ама како што ми се оптегна кожава на стомак не би, језиво е. Се мислам бикче да опнам, не можам да ги гледам.
Зошто језиво? Оптегната кожа не значи ништо, освен ако не те боли повеќе. Јас имам ама не ги пипкам, ако раѓам царски нека ги бричат они, или ако се договорам претходно ќе ги издепилирам со лента. Мене ме избричија претходниот пат па ми требаа 2г да ги оправам после, коа се згуснаа, коа се направија поткожни... поарно не ги бричи па кога ќе дојде ред ќе ги средиш. На бебе ништо не му е од депилација верувај.
Не е штетно дека било вирус така ми рече гинекологот синко имаше коксаки пред не цел месец до сега ова му е втор пат ни еднаш не ме префати мене или некој друг
@Lina-Detelina Јас месечно одам на депилација а во меѓувреме ако треба да одам на преглед а имам подиспаднато влакна дома исто со електричен депилатор ги вадам, чувството ми е исто дури и помалце ме боли од пред тоа
Јас исто со електричен депилатор вадев. Таму многу споро ми растат, па не се замарав често. Ама само таму се депилирав, ми беше многу болно на други места. Со бик да не ти станат онака остри? Ако не те боли, нема што да ти е језиво.
Short love story: Сабајлево во државна лабораторија влегов преку ред од 15-20 души и никој не рече ништо. Е сега кога излегов малце ме гледаа на криво, ама ај да не ја расипувам приказната. Следен пат планирам да се држам за стомак и да одам како Пајо Патор, чисто да им е поверодостојно дека стварно сум бремена.
Ај да се јавам и јас по слободна овие денови ми беше пекол од минатата среда сум настината од овој ужасен вирус ме префати од синко дете изгоре од тт два пати го боцка за тт за на крај да фати бронхит јас завршив со антибиотик и петокот вечерта мм ме однесе на болница главата 3дена ме болеше без престан,за грлото да не зборувам треска а тт ниска ми дадоа инфузи малку се освежив и фала богу некој да ти пружи помош да биде љубезен а и тест за корона ми правеа негативен беше. Ова бременост само по болници сум имунитет нула тешко мене, на 28ми сум на контрола се надевам дека се ќе биде во ред дека се ова нема да му има наштетено на бебето
Минатиот пат кога ги извадив со депилаторот, пред 2 месеци ми се јави црвенило по цел стомак ама одма се повлече, затоа реков језиво ми е. Ама и на раце така ми се прави кога ги врвам.
И мене споро ми растат, ама сега веќе се стигнати пак за депилирање. Нека постојат уште малку, пред контрола ќе правам некако да ги искорнам пак.
me nasmea i taka nesto sum neraspolozena denes. Ama ti me nasmea. Ova so pajo patorot ti e dobra idea treba da se isproba.
Не е болно со ленти. Јас ја сечам лентата на 3 дела и не боли ич. Не ни имам до душа нешто многу, повеќе се како мов, ама ме нервираат и ги вадам еднаш месечно.