Хелоу мамаситас Од утре полна 24 недела, а се уште се осеќам не многу трудно, ама да не дирам лава док спава, како што ве читам вас од трето тромесечие мислам дека наскоро сето тоа ќе се смени Деновиве малку повеќе ја осеќам беба како клоца и ми фали кога ја нема. Еднаш ја снема сигурно повеќе од 8 саати па ја барав низ стомак ја буцкав да мрдне маж ми мислам очи насолзи, сум ја малтретирала. Уште од сега ми е јасно колку ќе сака да ја лигави, татина мезимица да биде Ова работењево од дома ем фино, ем кобно за картицата. Конечно се охрабрив малку по малку да купувам дека нема да се бркам по пошти, па како почнав сега не можам да се сопрам. Ми стигнаа првите шпикозни и ќе умрев од среќа колку беа мали и слатки господ напомош со другите пратки
Ме потсети на мојот маж хаха. Абе не ја малтретирај вика, кога сака сама ќе си мрда. Што викаш уште сега татина маза. Татко и ќерка се знае.
Ова некаде на форумот го имам прочитано. Магацинот на Зегин е во Маџари и кога прикажува на страната дали има залиха се мисли само на продуктите од тој објект. Често додека има промоции знае брзо да снема нешто, ама во текот на денот или наредните дополнуваат залиха од други места па може пак да биде достапен производот. Така што проверувајте, има шанси. Јас сабајле порачав Уријаж маслена купка и крема за пеленска регија. Рано ми е ама пусти мерак, плус попуст @Lina-Detelina кај мојот одам од почеток дека ми ја следи цела бременост. Инаку независно приватна или државна обично се почнува откако ќе тргнеш на цтг, значи некаде после 36 недела, освен ако немаш индикации за поинаку... Каде планираш да одиш?
Немам уште ништо планирано. Во 35та имам кај матичен контрола па и со него планирам да се консултирам.
Женски, варосуваме една соба во станот. Малку се рашири од мирисот на бојата по другиве соби. Проветрувам повеќе. Дали мислите дека е ептен штетно за бебето? Ми е страв да не остави некакви последици по мозочето, по развојот. Боиве се на водена база, ама шо има врска тоа...
Јас имам закажано брисеви и контрола во 34+ кај матичната. Некако сум во мисла или таа иста недела или една пред/после да разгледам и услови и да побарам доктор во градската болница во градов. Немам идеја ни за доктор, ни ништо битно не ми се чека за после 36та недела.
Еленке ние со мм сами варосувавме пред еден месец, цел ден тука бришев и дишев. Една недела ко сум била бремена, а не знаев, варосувавме кај од мм неговите. Цела бременост сама чистам со средства купатило и куња. Па сеа како Господ никој не е.
Нема ништо да биде не се секирај. Преку ден кога не е загадено отвори луфтирирај,за ден два нема да мириса веќе,а на водена база чим се нема гајле.
Не знам бе, веќе оваа моја хипохондрија не се трпи. Читам на Инстаграм, следам еден профил нов за токсини и ми влезе црвот. Ексик веќе. Само шубиња цело време цел живот. Демек воздухот надвор на лимони мириса, што го дишеме нон стоп. Кај излегуваат бе вакви профили, не се за ваква публика ко мене. До сѐ да се допазело, средствата, храната, хигиена, облека. Е мало јуче.