Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.243
    Допаѓања:
    26.347
    Пол:
    Женски
    Па и не е заради тоа што е Скопје пренаселено и се гради.. туку нема соодветни депонии, нема закон за делење на ѓубре, народот не се замара, се оди на едно место, нема филтри по фабриките, се греат луѓето со што нашле.. еве јас во Виена живеам, град колку цела Мк собрана во него ама се си е средено, си има закони, народот е посвесен и не фрла за инает памперс или пластикаво канта кај што пошува Био, надвор се дише, не смрди, не смета воздухот.
    Не сум експерт за Еко ама дефинитивно проблемот е прво во нас и во тоа што има една канта за сите глупости.
    Проблем е што само си зборуваме, не превземаме ништо, а ниедна влада не се замара.
     
    На Freckles., fashion-addict, Ceneva и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Starchild

    Starchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2016
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    1.783
    Пол:
    Женски
    Точно,кај нас нема свест меѓу луѓето, општа култура.Првин од себе треба да појдеме не е градењето убаво викаш, нема закони никакви нема правила се е кој кај нашол кај се снашол урбана џунгла и депонија
     
  3. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.808
    Допаѓања:
    21.572
    Пол:
    Женски
    Вчера слушав предавање од Педијатар - Неонатолог. Сигурно ќе има поделени мислења, ама да споделам според мене корисни информации за нега на новороденче што ги открив.

    За нега на папоче и јас планирав тој Банеоцин и стерилни гази. Докторката кажа дека папочето може слободно да се мокри при капење се додека убаво се брише. Вика никакво мачкање со прашок или креми. Додека да падне три пати дневно да се поминува со 70% алкохол, а откако ќе падне само со 3% хидроген, неколку пати дневно и да не се затвара со ништо зошто така се стварале идеални услови за бактерии.

    Бебињата немале потни жлезди и затоа она не препорачува целосно капење секој ден туку на 3-4 дена или еднаш неделно. Во меѓувреме миење на интима само. За пеленска регија бариерна крема со најмногу 3% цинк, никако пудри.

    Ова е во кратки црти. Она брендови не спомна. Јас лично планирам од Веледа купка/шампон, кремата за пеленска регија и масленце за масажи.
     
    На AngelOfArh, Giovanna, Hatula и 14 други им се допаѓа ова.
  4. Starchild

    Starchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2016
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    1.783
    Пол:
    Женски
    И јас се согласувам за капењето.За папочето нега незнам зошто на моето му падна во болница па немам искуство,ама здравје за второво и јас го знам истово и така и планирам да правам.За капењето јас така правев,газе миевме а капење беше на 3-4ти ден и пудра никогаш немам користено.Можеби на некој му е тоа неприфатливо ама и јас сметам дека нема потреба од секој ден бањање и сушење на кожата,тие не се потат.Е сеа ако се исповрати цело нормално ќе го средиш ама во спротивно не би.
     
    На Giovanna, Freckles., elenaklasik и 8 други им се допаѓа ова.
  5. juice_

    juice_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2021
    Пораки:
    501
    Допаѓања:
    990
    Мене во Систина пред да искочиме буквално истото ми го кажаа. И за бањање, и за папоче.
    За козметика рекоа нели што сакаме, само шампонот и млекото за после бањање да бидат од иста фирма.
    Јас земав мустела, зашто и со првото ја користев.
     
    На Freckles. и Bella_Stella им се допаѓа ова.
  6. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.243
    Допаѓања:
    26.347
    Пол:
    Женски
    Е мене Австрија ми рекоа додека не падне попоче да не ја ни банкам, не ни мора, само со влажни туферчиња да ја бришам малу и толку, а на попок ми рекоа или ништо да не ставаш или малу да зачистиш со физиолошки раствор,тогаш тој од Нивеа ми го покажаа, јас се одлучив да не ставам ништо и на 7миот ден си падна.
     
    На Freckles. и Bella_Stella им се допаѓа ова.
  7. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    5.594
    Од козметиките најбитно е мислам да не се со парфеми, а за бањање и тука не се препорачува секој ден, и во тие денови кога ќе се бања тоа да не е подолго од 10 минути.
    Jas добив интересна препорака, за спречување на осип од пелените местата да се мачкаат со вазелин. Ова само за спречување осип, не и за лечење.
     
  8. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.243
    Допаѓања:
    26.347
    Пол:
    Женски
    Ние од кога и падна попочето ја плакневме секоја вечер и тоа ни стана рутина пред спиење, сепак нели кака,моча, не е ни добро да не се заплакни ама не ја држевме многу во вода, а сега видов едно видео како го повиваат во водена пелена за да не му студии леле како тогаш не ми текна за дур ја миевме косичката.
     
  9. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    5.594
    Не знам ваљда тие регии само со вода треба да се поминат или со водена пелена од тие памучните, така викаат.
     
  10. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.808
    Допаѓања:
    21.572
    Пол:
    Женски
    Е тоа заборавив да напишам дека докторката потенцираше дека ако се мокри папочето додека не е паднато водата да биде истечна, т.е. да не е стоена (таа од кадичката). Дури вика и за возрасен човек не се препорачува лежење во кадa, камоли за бебиња. Препораките вика во развиените западно-европски држави, Америка, Канада, Австралија се воопшто да не се ни мачка со било што папочето, да си го оставите така само да си падне. Исто како што пиша Бубиш дека и кажеле во Австрија.
     
    На AniSk, Proletno и АнаМаријаД им се допаѓа ова.
  11. Proletno

    Proletno Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    487
    Допаѓања:
    571
    Пол:
    Женски
    Истото и јас го прочитав некаде, дури препорачуваат да не се мачкаат со креми и млека после бањање, особено не лицето.
     
    На Sienna_MK му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Hatula

    Hatula Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2017
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    497
    Пол:
    Женски
    Кога излегувавме од билница со ќерка ми, за папочето ми рекоа да користам Bioderma cicabio lotion (за побргу да се исуши и падне) како што памтам ѝ падна за околу 5 дена. Ја бањавме уште утредента само е важно убаво да се исуши папочето со стерилна газа. Не сме го лепеле или затварале дополнително со ништо.

    Козметика јас користев Биодерма и Мустела за пеленска зона, сега за второто мислам да земам поприродна козметика. Инаку и мене Weleda ми се покажала како убава козметика, особено кремата за пеленска. Лосиони, масла за тело скоро и да не користев, доколку нема потреба не се ни препорачува многу мачкање.

    Ај сега да си се пожалам малку :doh:
    Решив да зачистам туш кабина да ми е средено пред празнициве и сега грб ме боли и стомакот страчно од десно ме затега некој лигамент. Се напив магнезиум и еве дремам не ми се станува.
    Утре сум 21 недела и конечно втор скрининг, само да помине сѐ како што треба дај Боже.
    Да ве прашам за исцедокот, освен што е водест и некогаш доста обилен дали имате и побел, како млечно бело? Нема чешање, мирис и сл. и чисти брисеви :?:
     
    На Ano и AniSk им се допаѓа ова.
  13. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    Мене на ГАК исто ми рекоа со ништо да не го мачкам папочето, кога го бањам да е со проточна вода и после да го исушам убаво. Во Ремедика, на прва контрола педијатарот ми рече да го чистам со 70% алкохол и во случај кога ќе крвари да ставам Банеоцин прашоче.
     
    На АнаМаријаД, Sienna_MK и Bella_Stella им се допаѓа ова.
  14. Angi266

    Angi266 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2022
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    330
    Пол:
    Женски
    Добро при крај стомакот наеднаш ли ви се спушта доле или постепено?
     
  15. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.808
    Допаѓања:
    21.572
    Пол:
    Женски
    И за мачкањето зборуваше докторката, ама предолг ќе ми беше постот. Она рече дека кожата на лицето и телото кај новороденчињата е иста и може да се користи истата крема и за двете. Со тоа што вика ќе ставате ептен малку продукт, буквално како да штедите. А за беби уље кажа да не се користи пречесто, зошто може да створи контра ефект и да ја исуши кожата, еднаш неделно било сосема доволно ако го масираме бебето.
     
    На juice_, Hatula, АнаМаријаД и 4 други им се допаѓа ова.
  16. DaftyCrafty

    DaftyCrafty Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2020
    Пораки:
    453
    Допаѓања:
    393
    Пол:
    Женски
    Да ве прашам ако знаете, дали морам да имам розев рецепт за Утрогестан или може и без него да купам?
     
  17. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    Во некои аптеки го даваат без рецепт. Од Еурофарм во Рамстор Мол сум го земала без рецепт.
     
    На DaftyCrafty му/ѝ се допаѓа ова.
  18. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    1.840
    Мене не ми давале без рецепта освен еднаш ги замолив објаснив дека морам да го примам, а немам па ми рекоа утредента да им донесам рецепт. Мислам се зависи како ќе начекаш, може ќе направат пропуст:angel:
     
    На DaftyCrafty му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Sienna_MK

    Sienna_MK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2018
    Пораки:
    1.558
    Допаѓања:
    6.350
    Пол:
    Женски
    Препораката од Ремедика беше да се мие со протечна вода, да се премачка со 70% алкохол и доколку има крварење од папочето тогаш да се стави банеацин прашок. Јас така направив и немаше проблем. Се подвратува памперсот кај папочето за да дише, откако ќе падне пак се мие уште некое време со полевање.:)
     
    На АнаМаријаД и Bella_Stella им се допаѓа ова.
  20. DaftyCrafty

    DaftyCrafty Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2020
    Пораки:
    453
    Допаѓања:
    393
    Пол:
    Женски
    Ќе пробам, па ќе видиме, фала :)
     
    На Iris-1234 му/ѝ се допаѓа ова.