Ме фаќа страв И од пораѓај и од тоа како ќе се снајдам во улогата Како што ве читам единствена сум хаха
@Lina-Detelina а бе чоек, имаш ти менструални болки мали повремено? И знаеш она во половина чувство ко пристегнување? И дали ти турка со главчето надолу бебето? Колку силно? Сѐ си мислам утре ќе ми рече отворена си еден прст. Извинете за негатива.
Денес имав таков, и јас од понеделник 21 недела. Прашав докторка пошо не ми е прв пат и ми рече дека нормално е се додека ме мириса и не чеша или пече, као си лачи повеќе исцедок и тоа штити од бактерии.
Имам се што кажуваш. Не е често и силно. Само стврднувањата одредени денови се повеќе на број, некогаш само 2, 3 пати дневно. Ама и јас имам забележано дека се е на база на психа. Кога сум опуштена не мислам ништо, ништо не ми е. А почнав да замислувам, што ако вака што ако така, која недела сум, кој ден сум и грчеви ми се јавуваат. Опуштисе малку.
Јас сум ти чист пример дека не се породува така лесно оти така си мислиш. Мислев дека уште во 35та ќе родам, ама еве ме 38ма ја терам абер немам. А се имав што пиша и ти, и лажни и туркање и се, и се тоа е сосема нормално. Ете и вистински болки имав и тоа болки кои реално да продолжеа да растат и да беше бебе спуштено ќе ме задржеа и ќе раѓав, ама не, ете го уште е внатре. Нема 2 и 2 во медицината а во гинекологија па ич, ништо не е сигурно.
Било каде во кој град и да си во Зегин го имаат. Ако нешто неможеш да го најдеш на Зегин онлајн страницата имаш опција да си нарачаш што ти треба и ти стига на домашна адреса. Јас вчера нарачав денес ми стигна
Ај добро вечер! Мојава маза роглеста си дреме при мама под желудник... шубавко! И покрај сите мислења дека ќе се породам во 34та, 35та, најкасно 36та на почеток, еве ја терам 38ма и абер немам. Ми иде да земам да распакувам торби и да чекам да му текне да излезе па така да се пакувам пак. Ќе ми мувлосаат крпите спакувани веќе цел месец. Со синко дека ништо не ми беше спремно излезе порано, овој дека го спремив по протокол, не му се искача. И ја на ладново не би да искачам од топличко, не знам што ме чуди... Иначе се налапав киви кисели и сега желудник ме кине, инстант ме фати и стомак и сега вечер ќе дежурам. Болкичкички имам мали, ептен мали, ништо страшно, се трпи. Ако не искача неделава нека не мисли и следната, сакам да одам на приредба кај синко, па следен викенд ако сака и со трубачи нека дојде. А што убаво би било да се реши да дојде на 1ви, да лапам 30000ки, оф оф оф... Што викате? Доста ми беше, да си легнам оти утре пак ме чека долг ден, само акам некаде деновиве, демек да се отворам ама не иде тоа по желба. Добра ноќ!
Да да, за скафандер е големо. За вреќичка е супер. Инаку, членката кажа дека не се работи за скафандер од брендот Next.
@elenaklasik Баш на предавање бев кај што збореа како да се разликуваат лажни контракции од вистински. Од лажните боли стомакот а од вистинските кичмата па се шират болките. И до 15 на ден се нормални. Јас пијам вода доста, често мокрам, внесувам магнезиум еден од 400мг директ и една таблета од 250мг, па пак имам стврднувања а тек сум 26та. Денес баш бев на лекар ми рече докторката добро е се. И надоле е со главче и ниско го носам, па осеќам притисок долу често, ама се дур е грло затворено (го измери) рече во ред си е. Мирување кај мене треба само зошто поспецифичен случај сум, ама тоа што кажа од симптоми што имаш, генерално се е нормално за неделата која си.
Тебе те читав вчера мислам во која тема беше не се сеќавам, пардон, трудничка меморија, кајшто се плашиш дека ќе се породиш брзо. Тоа беше во 31ва неделс кога ти беше со кашлањето и кога помисли дека воденикот ти е пукнат. Еве те сега 38ма А како ти се смирија силните контракции, што ти дадоја? @Lina-Detelina стварно до психата е. А бе првата бременост сигурно ги имав вака исто, во 8ми месец, имав и нервозни моменти со мајстори по дома и еднаш до толку ми дојде мачно во стомак, знам на маж ми му реков, беља некоја ќе напрам. И во 36та контракции ко за раѓање, ама 38 + си ја фатив. Ај и сега нека е така.
Фала ти многу за информациите! Јас сум една мешавина на хипохондрик 50 посто, анксиозност 30 посто и логика 20 посто. Ме обземаат панични мисли, ама ги дозирам со логика и така си размислувам колку и дали е нешто за плашење. Ама кога е здравје во прашање, никогаш не сум начисто. Кажи ми, како ти го провери грлото, само со ехо, може така да види или те чепна со рака?
Не не кај мене со рака никако, плус и рано ми е уште. Со вагинално ехо ми измери. Јас сум и со серклаж кај мене може у секој момент да попушти не дај боже, ама за среќа држи конецот. Стварно немаш причина да се секираш, се спрема полека телото веќе си 8ми месец. Периодов околу празници ќе летне и дур се свестиш 36та дошла. Гушкај поголемо дете дур дојде помало и уживај
Здраво мајки,за тие што ме следеа и ја знаеа мојата ситуација,само сакам да ви кажам дека после 57 дена мојата лепотица си дојде дома! Ви благодарам за се уште еднаш и ви посакувам се најубаво на сите
Едвај чекав да пишеш, не сакав да бидам досадна и да те означувам нон стоп и да прашувам како е. Душичка мила гушкајте се сега
Фала многу на утешните зборови И вие држете се, со лесно да ти помине последното тромесечие. Уште малку и во 7ми месец си. Лека ноќ
Денес те мислев и сакав да те означам за да кажеш како сте Многу ми е мило за вас, мама Гушкајте се и уживајте во најубавите моменти заедно
Баш ми е мило. Едвај чекав да пишеш, не сакав да прашувам, да те вознемирувам. Гушкајте се сега дома. Таман убави празници и полни раце љубов
Мила, фала ти што мислиш на нас Добри сме, Леон убаво напредува, утре сме на контрола за мерење па ќе видиме колку качил од 2800 грама последно мерење.Чувствата измешани, сеуште не ми се верува дека мало човече спие до мене во колевка, а јас се грижам за него во секој поглед, освен тоа што не сум се погледнала во огледало 2 недели, има некој посебен адреналин што ме држи будна во ноќта и ми дава сила, мајчинството е појако од се’. Сеуште се мачиме малку со доење, но сепак го хранам со мајчино млеко и тоа ме радува секој ден, мој син, моја радост, мој свет, на сите ви посакувам лесно породување и неизмерна љубов во прегратки со малечките