Ништо не ми дадоа, зошто да ми дадат, во безбедна зона сум. Само што е превисоко да се роди. Леле колку само пренајубава вест! Да ти се плукнам во кивите грди, да се раздени убаво сите ќе ги џитнам! Абе мајка ми е за ќотек, ги има обрано прерано и тврди се ко камен, гадни и кисели, а јас едвај чекав да узреат да си каснам, ама џабе, не оди тоа така. Желудник ме искина. Лаком га* трагедија. Да не се прашувате, желудник парти, улица дијафрагма си трае, нема изгледи да заврши брзо. Го знаете муабетот магаре на мост? Епа ова е Козле бозле на мост ( јарец мајкин). 3 дена се утепав од пешачење, ме искина долу ниско пелвисот, џабе, не мрда чоекот. Се тешам дека мојов 2 недели после на Дани се појавува со репетитио ест матер студиорум, па си викам еве една скоро помина, сеа ќе помине уште една и ќе се роди можда да здивнам и јас. Утро е веќе ама тмурно и темно ова не личи на утро па да ви речам ај добро утро. Станувајте вие што сте на работа, останатите спијте, ако можете, јас еве не можам, што од синко мал во стомак, што од синко голем до мене, нешто не е нај нај, само да не ми се разболе сега на некој ден пред приредби, сликања и случки во школо. Да идам да награбам мандарини за да го превенирам, а ако се реши татица и до Кучково ќе го однесеме на воздух, белки и ова козлево ќе го испровоцираме со малку прошетка на чист воздух. Убав ден мешиња!
Ќе си фатите ред, па ќе се гледаш во огледало. Сега не ти ни треба Љубете се, уживајте, гушкајте се, поврзувајте се. Напорно и тешко, но и многу убаво
Добро утро. Вчера го поминавме вториот скрининг, се си е во ред со бебуш, освен што постелката е мааааалку пониско, па ми кажа ако продолжам да ја кревам малата веројатноста од плацента превиа би се зголемила,што и баш не е за машала.. Ова пошо и спомнав дека имав крварење па абдоминално ме гледаше и кажа грлото е скроз затворено. Рече добро што постелката е на заден ѕид, но мора самата себе да си помогнам и да се пазам за да не направам беља,и дека полека полека ќе се крене нагоре. Ај дома ќе лежам ама на работа или седам или стојам.. боледување нема. Магнезиум појачан,утрогестан ќе почнам вагинално наместо орално и се надевам бар до 36та ќе истераме како што треба..
Девојки дали проверувате тироидна во бременост? Јас сум со редовна терапија од 25 мл еутирокс.Моментално сум 19+3. Пред некој ден проверирив и тсх ми беше 4,25. Знам дека е во граници на нормала, ама колку што знам би требало да се движи најмногу до 2,5 во бременост. Што мислите дали е загрижувачки? Дали да закажам на ендокринолог за зголемување на дозата?
Колку има малечката? Мојава сакаше само во раце ( јануар прави три), иако е она слабаа ама пак тежина е, 3-4 пати плачеше и не попуштив и сега сама ми вика немој ти, ти имаш бебе мешето и на татко и се беси. Ама ако ти е помало, тогаш леле тешко е верувам..
Обавезно! Од позитивен тест наваму секој месец проверувам и дозата ми се регулира по потреба. Кај мене Тсх до сега цело време беше околу 1 ипол, месецов е 2 ипол и одма ми зголеми доза докторката.
ја те мислам се породи дека пред некој пост пиша дека имаш некои знаци за пораѓај болки мали . ајдеее ептен си ситнооо секој момент ќе биде. те чекаме да пишеш убави вести и со лесно само
2 ќе полни нареден месец, тешка е 13кг .. овие денови избегнувам да ја кревам пошо она цеееело време ми беше во раце, жално ми е да ми плаче и да ги крева рацете а јас да ја игнорирам Ако не целосно,барем што е можно поретко кревање. Поголемата одма ја залажува со нешто и ова ќе тргне по неа и заборава на мене,барем она ми е разбрана
Ја проверувам секој месец со крвна слика заедно, а имам и контроли на Ендокринологија. Да си закажеш обавезно, мислам дека ќе треба да ти се зголеми дозата.
Дали на некоја нА третиот скрининг и кажале дека бебуш има еднаш завртена папочна врвца околу врат и дали има простор за паника?
Здраво мешиња Кај мене помина втор скрининг и сѐ е во ред фала Богу! Постелка на преден ѕид (што и да значи тоа), бебе одговара за 21+2 и се утепа од мрдање цел преглед па на крај ни сврте грб Инаку многу личи на ќерка ми, исти се скроз на сликичкиве од 3Д. Сега веќе можам да се опуштам и да чекам празници на раат. Имајте убав викенд
Дали има некој пиено ваков магнезиум за грчеви во стомакот? Како изгледаат, дали се големи или мали таблети?
И ја мислев се породив ама еве го уште ми тренира живци. Епа ја претерав... Однесов дете у школо, дојдов, турив ручек и одма се фатив за работа, гледам дружењето во школо од 11, ајде цурих назад, таму наведната лепи, мести, сечи, ајде собери, ај уште нешто, чекај и ова да го допраам, ај и фиоката на дете да ја средам саатипол пројде... Ајде дома, до дома едвај, мислам дека карлицата ми ја расцепи на пола. До дома доаѓав 20мин растојание што сум го одела за 5мин. Ме забележа наставничката на синко, вика паднат ти е стомакот ептен, ај дајбоже, ама и јас се осеќам некако потешко... и мирен е ептен. Синко стана сред ноќ и прашуваше дали клоца Марио, а тој сонува ли нешто, сонето е, сега ми е па шубе што ли сакаше да праша... и како стана пред 6, јас не заспав. Нормално затоа сега глава ме боли. И така, сега си дремам, да одморам малку па алишта да диплам и да довршам ручек, да средам малку па да отспијам. Не знам дали ви имам кажувано за на мм една стринка, жени маста ми ја вади... Секое утро ме прашува Се породи мешко? Абе ми се темни веќе... Еве ја сега ме бара кафе да сме пиеле, како да и објаснам дека не сакам, не можам, не ми е до кафе моментално... Нејќам да сум некултурна, стварно, ама не можам празни муабети на тони да правам. Имам работа еден куп, обврски колку сакам. Доста се пожалив, да земам да средам ова стиска многу надоле, да не тргне случајно се ќе ми остане невработено. Капак заборавив и памук да купам, маж ќе го терам кога ќе оди по дете да ми купи едно пакување.
Јас тукушто се враќам од преглед. Вчера имав ужасни болки во карлица и си реков денес ќе одам по секоја цена. За докторката болката е нормална, спомна нешто почеток на дискус...нешто.. Ме прегледа на ехо се беше уредно, бебе си расте, цервикс затворен. Препорака да се движам повеќе (и онака не застанувам по цел ден) да не кревам тешко и да пијам магнезиум со б комплекс, може по 2 на ден од 400мг. Лошата вест е што ова ќе потрае. Добрата вест е дека бебчето веќе личи на бебче со сите делови на телото, си одговара на неделите 11+5, малку слабо се гледаше од постелката на абдоменално ехо, а потоа преку вагинално го видов како игра. Инаку немаше нешто да виси меѓу нозе (јас еден стручњак што сум) па се понадевав за девојче. Нека е здраво и живо само,тоа е најбитно. Во вторник имам брисеви и прв скрининг,па сега ќе го чекам тој преглед. Поздрав мешиња. Кај мене никој не спомна дали видел, бебето се роди со два пати замотана папочна врвца околу врат. Малку подоцна заплаче,инаку никаков проблем немаше. Мислам дека не можеш ништо да смениш и да е така како што ти кажале.
И кај мене висеше тој период меѓу нозе ми рекоја машко е,дури бев сигурна оти стварно убаво се гледаше,за во 19 недела да ми кажат дека е женско.
Ама кај мене ништо не висеше. Мислам,не искоментира ништо докторката јас си правам филмови дека штом нема висалче женско е За првото ми кажаа на 1 скрининг,па ќе си прашам сега во вторник дали се гледа нешто.