Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.224
    Допаѓања:
    40.609
    Пол:
    Женски
    Држи се. Можеби пролетта попријатно дејство ќе има:rofl:.

    Малиов уште на неродено бебе, заради цртанот што го гледа со трите мачиња ми вика ама јас сакам уште едно бебе, девојче да сме како Три кота. Му реков, ако тоа го донесе штркот, може, од кај мене од меше доволно се он и брат му. Па имаш тука приказна од друг цртан каде штрковите престанале да носат бебиња и на крај се договоривме, ако повторно почнат да носат и ни донесат ќе си го чуваме. Ако не да се живи и здрави он и брат му:D.
     
    На H.VAGA, CareTee, Sofi.ja и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.224
    Допаѓања:
    40.609
    Пол:
    Женски
    :hug::hug::hug: да ни се живи и здрави овие и нека дава господ каде нема ниедно.

    Во почетокот така, до 12 функционирав, после 12 почнуваа проблемите. Сега цело време ми е мачно. Дури и се чудам од каде смогнував сила да доседам на работа до четвртокот. Ама па со обврските психички ми беше полесно. Сега време ма претек и не е арно:drunk:. Јадење строго до 17:00, после тоа освен јогурт ништо друго инаку ноќни киселини на најјако, а вака па глад ме фаќа:swear:. И така. Еве сега пијам јогурт, а сонувам лепче пржено во јајце со ајвар и сирење. Да не кажувам каков стрв ме фати последнава недела за трилече домашно или од мм домашната бугаца, е ама нема :devil:
     
    На AngelOfArh и Alishan30 им се допаѓа ова.
  3. elenaklasik

    elenaklasik Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    12.407
    Пол:
    Женски
    И мене ми е така. Натежнува некогаш многу, некогаш полесно ми е. Изгледа зависи колку психички ќе се оптератам со мислење. Еве денес поопуштена бев и многу помалку ми се згрчуваше а и лесно се осеќав.
    Да дополнам. А завчера пред да направам преглед во Плодност, пешачев еден час и така ми се смачи, реков еве се потеков од одење, нешто ќе ми се случи, едвај се движев и едвај чекав кревет да фатам. А денеска сум подобро, пример, и на сликање бевме со малиот, па спремање, дотерување... :whew: :angel:

    @Ano држи се, ќе помине како што треба, смирувај се со што можеш, б6, лукче земи си малку, и тоа што ти помага. :hug:
     
    Последна измена: 24 декември 2022
    На Alishan30, Lina-Detelina и Ano им се допаѓа ова.
  4. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.224
    Допаѓања:
    40.609
    Пол:
    Женски
    Ова како би каснала или рибља чорба со тврдо макало, ама после ќе исфрлам оган од киселини зошто незнам за стоп:D
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.449
    Допаѓања:
    26.900
    Пол:
    Женски
    Јас таман реков поминаа мачнините, оп ете ме трет ден од сабајле повраќам дури до гушење од шо не можам воздух да земам. Од понеделник сум 21 недела, па бива ли да не сум раат со тоа повраќање цела бременост? Овај втор триместар го опишуваат како наајлесен, најубав, мене крш. Иако кај нас нема застој ама денес некако мислам многу ми се фати, прво малава е во некоја најлуда фаза, тера инает до максимум, а се се организира заради неа и тоа ме уморува додатно, убедување со саати, смирување..

    Бевме со пошироката фамилија на ручек и мене ми се пријаде кари, одма не ми деловаше, а и не знам дали е од карито или од многу шетање ама ми се стврдна скроз стомаков и почнаа волки околу попок. Јас со првото немав лажни контракции и немам појма како болат ама нели е рано? И дали воопшто беа тие? Згора над тоа долго време не ја префрлам за спиење и ако заспие маж пред мене го будам да ја префрли ама вчера реков ај од еднаш ништо не ми е, аа се имам фатено неколку пати со тоа префрлање. Кога рече останувам свиткана да не можам да се испрам, цела вечер будна останав од болка. Сега се намачкав крем, прв пат слушнав дека не смеело во ова бременост, со првата се мачкав нон стоп оти исто имав мала повреда, паа реков мачкам и сега ова не се издржува.
    Едино позитивно е шо почнав конечно пак да уживам со маж ми и да имам желба :inlove:
     
    На *malenavolena*87, Sofi.ja и Ano им се допаѓа ова.
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.829
    Допаѓања:
    114.813
    Пол:
    Женски
    Спијте си, спијте си, ќе ве чувам јас... Болки пак ама не сум сигурна колку се јаки, пошто во исто време имам и некои тегоби во стомакот, ко за дијареа, односно имам дијареа. Бебе значително смирено и спуштено ама уште е на лево, чат пат ќе се исправи, ко синоќа, дури болно беше, па пак на лево ќе се сврти и ќе напрчи газе. До преглед уште нешто повеќе од еден ден, ако пак имам истиот преглед во Чаир. Градите почнуваат страшно да ме чешаат и ако излезам надвор необлечена или влезам во вц а е отворен прозорот ширум, брадавиците ми се ко жилет, преболно е.

    Синко синоќа реши дека ќе спие кај баба му, дојде божем да му донесе пакетче и го собра, ај си викам бар да не биде тука присутен ако треба да се оди набрзинка, па да го извадиме од памет. Да се раздени да го спремам за понеделник за сликање, оти ако остане до тате... Среќа вчера зачистив троа, утре ако не одиме на дежурен ќе легачам цел ден и ќе се тинтарам со када, со сите салтанати.

    Не е на одмет да поспијам дури болките се вака некако на 20мин се фаќа и се слаби.
     
    На *malenavolena*87, АнаМаријаД, danichap и 7 други им се допаѓа ова.
  7. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.224
    Допаѓања:
    40.609
    Пол:
    Женски
    Изгледа пак некоја месечина имаше ноќеска:worried:. Јас пак со моите панични напади само ноќеска беа ×10. Немаше никаков ред и редослед ниту повторливи болки, ама секое заболување нешто друго ми се активираше. Нешто дефинитивно се случуваше зошто и бебе беше вознемирено и едно 2-3 саати не застана со салта и истегнувања на стомак. Многу веројатно најголем дел од болките да беа и од наговите удар и истегнување, ама секако доживував хорор. Едно време болка ме држеше во десен јајник, па таа пошушти па се префрли на кичма, ама локално само таму. Па попуши и таа. После се напика бебе горе во граден кош па се активираа киселини, а јас мртва гладна зошто си легнав само со една чаша јогурт. Па одвреме на време по некое чудно стврднување ќе почувствува, па ќе пуштеше. И така ме држеше пола ноќ и на крај станав испив магнезиум и б6 и си реков ако не се смирам ќе го терам мм да ме носи во болница, веќе не се издржуваше.
    Згора на се на пола саат морав да станувам за тоалет на цела мака.
    За среќа после магнезиумот чудните болки се смирија и конечно сум заспала и сврзав прва тура 2 саат. После станав за тоалет, ама тоа ми е веќе нормално.
    Денес дефинитивно не мрдам. Едно бањање само кога ќе се потсмирам уште малку од шокот и цел ден ќе се излежувам. Мм сакаше да ми прави фото сесија денес, незнам само како да му кажам дека не сум способна и расположена, а да не го фати паника. Ама стварно ниту се чувствувам убаво ниту расположено.
    Со синко голем така ми правеше фото сесија и утредента се породив:drunk:.
    Денес осеќам цел ден ќе биде на штрек и строго пратење симптоми, ама се надевам нема да се повтори она од ноќеска. Бар не додека не дојде вистинско време за раѓање.
     
    На danichap, Sienna_MK, sweet.woman и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Proletno

    Proletno Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    487
    Допаѓања:
    573
    Пол:
    Женски
    Здрсво феминки, да сподели искуство некоја од вас која што има скрстен цервикс под 2,. Јас сум 31 ва недела..
     
  9. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.829
    Допаѓања:
    114.813
    Пол:
    Женски
    Те ставија на лежење? Одмарај во кревет, утрогестан и пробај да бидеш што повеќе смирена. Јас со големото бев исто во 31ва и издржав до 34+1, еве го 6г и 8м, прваче.
     
  10. Proletno

    Proletno Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    487
    Допаѓања:
    573
    Пол:
    Женски
    Да да, лежење и терапија..И јас тоа викам, барем уште три недели да издржам..а чудно за три дена се скрати на пола. Се надевам дека краткотрајни движења до тоалет туширање..нема до толку да влијаат?!.. кога за сламка се фаќаме и глупости прашуваме ,:)))
     
  11. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.600
    Допаѓања:
    1.840
    Еј па мораш барем тие основни потреби да ги извршиш, да беше до толку ќе те задржеа во болница па таму нема станување ни за до вц. Гледај што пократко да стоиш, одиш, а седнување не. Ако имаш услови некој да ти спреми храна супер, можеш да станеш да си земеш, да наполниш вода и слично. И јас на лежење сум од 28 недела заради скратен, еве за два дена здравје ќе бидам 34, се надевам на +2 недели најмалце:sweat:. Психички мене ми е најтешко, физички се трпи:D
     
    На najjacha и Proletno им се допаѓа ова.
  12. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.829
    Допаѓања:
    114.813
    Пол:
    Женски
    И кај мене за 3 дена се скрати. Петокот 41, понеделник 21мм. Можеш да стануваш за вц и туш краток, да си земеш вода/јадење, но не и за готвење. Ќе издржи, сигурна сум.
     
    На najjacha и Proletno им се допаѓа ова.
  13. Proletno

    Proletno Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    487
    Допаѓања:
    573
    Пол:
    Женски
    Така е, скроз си во право..психички е најтешко и само глупости од прашања...Ќе издржиш и ти..Фала на совет.
     
    На najjacha и gothchick им се допаѓа ова.
  14. Proletno

    Proletno Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    487
    Допаѓања:
    573
    Пол:
    Женски
    Дај боже.фала ти многу на совет.
     
    На AngelOfArh му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Shekjerna

    Shekjerna Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2019
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    280
    Пол:
    Женски
    Дали е нормално да се чувствува болка доле на стомакот како некој со нож да ве сече, такво некое чувство и да трае на неколку секунди со повторување? 33 + 6 сум и не се движам нешто премногу не се оптоварувам па да е од тоа, се припазувам
     
  16. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.829
    Допаѓања:
    114.813
    Пол:
    Женски
    Епа затоа те боли, зошто не се движиш. Мачно е ептен движењето, ама ако ти е бременоста нормална нема зошто да не се движиш. Со кратки одмори, полека, мораш да се движиш.

    Се избањав, се средив, средив и дете за утре, ќе се слика со Дедо Мраз во школо, средивме ранец и книги, оставив скоро се средено и сега одмарам.

    Ви кажував дека имам на овие превоите, под гради и на препони, како воспаление, ми се прави црвенило и ме чеша, како гнасно дури. Е кога се видов денес, за 2 дена ми се направило такво црвенило под гради, мислиш крв ќе капне. И ме чеша, ме боли. Ич не ми се допаѓа. Мавнав прслук иако беше таков мек како бебидол, го тргнав и вечерва ќе се намачкам крема за бебево што земав за газе, со цинк и масло од семка од авокадо. Со синко само на препони ми се направи, со ова и под гради.

    Туку страв ми е да кажам оти а кажам одма се пишмани ѕверче, ама ко да е бааги подспуштено. Дајбоже утре да речат остануваш.
     
  17. Lina-Detelina

    Lina-Detelina Популарен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2020
    Пораки:
    1.294
    Допаѓања:
    1.151
    Пол:
    Женски
    Извини што ќе прашам. Имаше некои симптоми?
     
  18. Shekjerna

    Shekjerna Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2019
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    280
    Пол:
    Женски
    Не не дека не се движам туку не како порано бидејќи вежбам со години и сега од 7 ми мецец навака не. А сега од оваа недела од дома ќе работам и друго е се движам по дома и мали прошетки, али пред спиење таму најмногу ме боли.
     
    На AngelOfArh му/ѝ се допаѓа ова.
  19. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    18.118
    Допаѓања:
    124.477
    Пол:
    Женски
    @AngelOfArh реков до 25 ти не раѓаш.
    Безбедна зона си срц :hug:
     
    На danichap и AngelOfArh им се допаѓа ова.
  20. Proletno

    Proletno Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    487
    Допаѓања:
    573
    Пол:
    Женски
    Не, само близу ми беа двете контроли кај два различни доктори.
     
    На Lina-Detelina му/ѝ се допаѓа ова.